Забава
Елтон Џон, сепак, се слушна со Путин
Рускиот претседател Владимир Путин имал телефонски разговор со славниот британски музичар Елтон Џон, замолувајќи го да не се обѕирнува на пренкерите (шегаџии), и понуди да се сретнат лично, соопшти во четвртокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Пред две седмици Солјаров се претставил како портпаролот на претседателот и го преведувал наводниот разговор со рускиот претседател кој го глумел Краснов. Елтон Џон оваа „информација“ ја објави на Instragram, откако претходно за BBC изјави дека би сакал разговара за темата со Путин Тој ја изложи ремата за толеранцијата и правата на луѓето, вклучително и во Украина, на форумот Јалтска европска стратегија (YES) во Киев.
Елтон Џон веднаш на својот профил на Instragram јавно му се заблагодари на Путин за повикот. „Се радувам на скориот состанок во четири очи и разговорот за ЛГБТ права а“, напиша музичарот. Меѓутоа тогаш Кремљ набрзо демантираше дека бил воден телефонски разговор.
Сепак во четвртокот Песков објави дека „денеска Путин разговараше со Елтон Џон“. „Путин му телефонираше и рече: Знам дека ве изиграле телефонски момците, но не го обвинувајте, тие немале намера да ве навредата, но тоа сигурно не ги оправдува“, го цитира Песков рускиот претседател.
„И Путин рече дека знае колку е популарен изведувач е Елтон Џон, и дека доколку во иднина нивите распореди се совпаднат, тогаш тој ќе биде подготвен да се сретен со него и да дискутираат за сите прашања за кои се заинтересирани“, рече Песков.
Веднаш потоа се огласија и двајцата комедијанти кои изјавија делка се радосни што ја забрзале средбата на рускиот претседател со британскиот уметник, како и дека со задоволство би учествувале на неа.
„Многу сме горди што ја забрзавме средбата на претседателот со Елтон Џон, за којашто Елтон Џон изрази подготвеност, но сé беше решено многу брзо“, изјави Краснов, односно „Вован“. Додал дека тој и „Лексус“ „со задоволство би земале учество на тристрана средба, доколку бидат поканети“.
Претходно комедијантите Владимир Краснов и Алексеј Столјаров, познати на интернет Вован и Лексус, кои претходно слична измама им приредија, меѓу другите, и на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, сега ангажиран во украинскиот русојазичен пристанишен град Одеса, на градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и на белорускиот претседател Александр Лукашенко, го наседнаа и Елтон Џон./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Прекрасна е, но образите ќе ѝ експлодираат“: Позната манекенка повторно отиде „под нож“
Секогаш кога се појавува Криси Тајген, таа е придружена од нереален гламур, но и од бројни негативни коментари поради пластичните операции. На овој настан, друштво ѝ беше нејзиниот сопруг Џон Леџенд, а двојката блескаше заедно.
Криси воодушеви со своето модно издание на доделувањето на Греми наградите, па се очекуваше дека ќе го повтори својот успех и тука. За снимањето на најновата епизода од програмата „Star Search“, познатата манекенка избра еден вид гола облека.
Нејзиниот модел беше украсен со мали светки, додека под проѕирниот материјал имаше црно боди. Сепак, дури ни голата облека не можеше да го засени нејзиното затегнато лице.
Криси претходно зборуваше за козметичките процедури на кои се подложила, па не го криеше фактот дека отстранила маснотии од образите и дека имала липосукција на пазувите, но се чини дека сега повторно се одлучила за дополнително разубавување.
„Прекрасно, но сега претерува“, „Образдите ѝ изгледаат како да ќе експлодираат“, „Премногу е стегната“, „Ја изгубила рамнотежата“, велеа луѓето во коментарите на социјалните мрежи.
Забава
(Фото) Парис Хилтон се сврши – повторно
Само пет години откако првпат го постави големото прашање, бизнисменот Картер Реум реши да го повтори сценариото на Денот на вљубените. Ја запроси својата сопруга Парис Хилтон повторно да се омажи за него, дознава ексклузивно „Пипл“.
Романтичниот настан се случил за време на зајдисонце на плажа во Туркс и Кајкос, но овој пат бил малку поинаков. На свршувачката присуствувале и нивните деца – синот Феникс и ќерката Лондон, кои ги добија преку сурогат мајка.
„Овој пат беше помагично од првиот пат“, рече Хилтон, додавајќи: „Сцената беше толку емотивна и посебна за нас, бидејќи Феникс и Лондон беа таму“, изјавила таа за „Пипл“.
Парис носеше лежерен бел фустан за пригодата што ја истакнуваше нејзината завидна фигура, но и нејзината убавина. Судејќи според фотографиите, самиот настан бил посветен на белата боја, бидејќи децата и сопругот носеле бели комбинации.
Богатата наследничка ги објави фотографиите на социјалните мрежи, а честитките постојано пристигнуваа.
„На Денот на вљубените, само неколку дена пред мојот роденден, мојот вечен партнер за Денот на вљубените повторно ми предложи брак и јас реков „ДА“ – повторно. Но, овој пат не бевме само сопруг и сопруга, туку бевме мама и тато. Феникс и Лондон ја гледаа љубовта што ги направи… Засекогаш не е доволно долго со тебе, Картер“, заклучи Парис, а објавата беше проследена со честитки и желби за добро здравје.
„Честитки, толку ми е мило што те гледам“, „Среќен роденден, те сакаме“, „Ова е љубов“, се само некои од коментарите…
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини продолжува да објавува жешки фотографии – и нема намера да престане
Сидни Свини веќе некое време е главна тема на светските медиуми, особено сега кога ја лансираше својата колекција долна облека.
Се чини дека самата линија не е толку популарна како жешките кадри од модните кампањи за овој бренд, каде што главниот лик е самата себе. За кратко време успеа да профитира од својот сексапил, а сега се врати со нова колекција „Midnight Snack“.
Инспирацијата за оваа модна кампања ја пронајде во естетиката на 80-тите, а провокативните кадри беа составен дел од неа и овој пат. Како што можете да видите, таа позираше без панталони во заводливо издание кое прикажува унисекс модни парчиња.
За разлика од претходните две колекции, кои го нагласуваа женскиот сексапил, оваа става акцент на парчиња облека кои се родово флуидни и родово неутрални, а се изработени од памук.
Во овој поглед, тука имавме можност да ја видиме зачудувачката актерка во атрактивен аутфит – бела маица, гаќички и кошула во боја на лаванда која, со својот крој, многу потсетува на машка облека.
Таа ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за опуштени бранови, а кога станува збор за шминка, користеше пастелни и земјени тонови.
Фотографиите ги излудија многубројните обожаватели на Сидни.

