Естрада
Уапсен дилерот на Мек Милер

Еден маж беше уапсен под сомнение дека му продал дрога на Мек Милер пред неговата смрт. Раперот почина минатата година во септември кога се предозира.
Според обвинителството во Лос Анџелес, Мек Милер мислел дека купува лек против болки – „оксикодон“, но подоцна се открило дека лекот бил измешан со фентанил, супстанција која има 50 пати посилно дејство од хероинот.
Камерон Џејмс Петит, кој има 28 години, беше уапсен во Лос Анџелес под сомение за продажба на недозволени супстанции.
Раперот Мек Милер, чие вистинско име беше Малком Мекормик, имаше 26 години кога почина. Вештакот што беше назначен за аутопсијата во неговото тело пронашол фентанил, кокаин и алкохол поради што извел заклучок дека раперот случајно се предозирал.
Според истражителите, дел од доказите против Камерон Џејмс Петит се СМС-пораките што тој ги испратил по пронаоѓањето на телото.
„Ќе скапам во затвор,“ напишал тој во една порака до пријател.
„Ројтерс“ пренесува дека Петит не присуствувал на сослушувањето во судот, а во моментот е во притвор до судењето. Доколку биде осуден, Петит ќе добие затворска казна во времетраење од 20 години.
Мек Милер отсекогаш бил отворен за борбата со зависностите – а беше и уапсен за возење под дејство на алкохол.
Болестите на зависност се главна тема на неговиот последен албум Swimming, кој освои номинација за „Греми“ по неговата смрт.
Покрај зависноста од дрога и алкохол, Мек Милер во тој период ја прекина својата долга врска со поп-пејачката Аријана Гранде. Двојката се запозна во 2012 година, а во 2017 тие заедно настапуваа на хуманитарниот концерт One Love Manchester.
На почетокот од оваа година, во интервју со „Вог“, Аријана Гранде изјави дека Мек Милер бил најдобрата личност што таа ја познава.
„Не знаете колку пати го предупредував што може да се случи и се борев против тоа, со години,“ додава Гранде.
Во својата кариера Мек Милер соработуваше со некои од најеминентните имиња, како Кендрик Ламар и Фарел Вилијамс.
Својот прв „микстејп“ го издаде на 15 години под името Изи Мек, но договорот со дискографска куќа го доби во 2010 по изданието на вториот „микстејп“ наречен KIDS.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите на социјалните мрежи. „Блиц.рс“ пишува дека пејачот имал срцев удар и во моментот е на Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Сремска Каменица, каде што бил хоспитализиран.
„Почитувани жители на Крагуевац и преостанатата екипа која вечерва би дошла на концертот… Жал ми е што ве известувам дека вечерашниот концерт е одложен… Животот понекогаш прави планови без нас и очекува да го разбереме тоа… Здравјето е во секој случај е она што е најважно“, напиша ќерка му.
„Ѓоле вели дека ќе донесе лекарско оправдување ако е потребно, но јас се сомневам дека тоа ќе го побарате. Сè ќе биде во ред за неколку дена, па продолжуваме понатаму… Ве молиме за разбирање и трпение, ќе го објавиме точниот датум на новиот концерт за неколку дена сè додека сè не си дојде на свое место. Наши сме си “, додаде таа.
Естрада
Неизвесно е дали ќе се одржи концертот на Енрике Иглесијас во Загреб

На само 20 дена пред да се одржи, најавениот концерт на Енрике Иглесијас во Загреб е под знак прашалник.
Најпрвин на интернет се појавиле информации дека концертот е откажан, но како што дознава Индекс.хр, сè уште не се знае дали концертот ќе се одржи или не.
„Настанаа организациски промени“, рекле од агенцијата која го промовира концертот во име на организаторите.
„Билетите не можат да се купат во моментов, како резултат на организациските промени поврзани со концертот на Енрике Иглесијас. Ние ќе се обидеме да обезбедиме нови информации што е можно поскоро“, е објавено на веб-страницата за продажба на билети Eventim.
Од друга страна, најавата за концертот во Загреб исчезна од официјалната веб-страница на Иглесијас. Индекс.хр наведува дека официјално е само дека конечната одлука за концертот треба да се знае утре.
Иглесијас одржа концерт во Загреб во мај 2016 година.
Естрада
Бронкс доби нова туристичка атракција поради филмот „Џокер“

Најновата филмска верзија на „Џокер“, во којa главната улога ја толкува Жоакин Финикс, многумина ја сметаат за најдобра досега, па сакалилата од филмот на кои се случува една од најпрепознатливите сцени станаа вистинска атракција.
Иако филмот на Тод Филипс премиерно беше прикажан пред помалку од два месеца, тој веќе ја освои наградата „Златен лав“ на 76. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, а скалите на кои џокерот танцува прераснаа во туристичка атракција.
Една сцена во филмот го прикажува ликот на Артур Флек – Џокер како во кулминацијата на своето лудило танцува на скали додека во позадината се слуша песната од Гери Глистер, „Рок ен рол парт 2“.
View this post on Instagram
Фановите на Џокер брзо ги лоцираа скалите кои ги поврзуваат Шекспировата улица и авенијата Андерсон во Бронкс (Њујорк) и од нив направија атракција, а Инстаграм е преплавен со фотографии и видеа од обожавателитe кои се обидуваат да го имитираат танцот на Џокер.
Бронкс е дел од Њујорк што го бие лош глас поради високата стапка на криминал. Но, сега, во овој дел од градот покрај Зоолошката и ботаничката градина и стадионот на „Јенките“, туристите добија уште еден мотив повеќе зошто би ја посетиле „проблематичната област“.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци