Забава
Француски пекар му го продаде бизнисот на бездомник за 1 евро
Француски пекар реши да му го продаде својот бизнис на бездомник за само едно евро, а има огромна причина да му биде благодарен на новиот сопственик.
Имено, францускиот пекар Мишел Фламан, кој има 62 години, во декември минатата година за малку ќе умрел, кога печката во неговата пекарница почнала да испушта отровен гас, но во тој момент бездомникот кој се врткал пред пекарницата видел што се случува и повикал брза помош.По 12 дена поминати во болница, Фламан решил секој ден да го храни 37-годишниот бездомник Жером Осан, кој го спасил, со еден кроасан и кафе. Но, решил и да му понуди работа, само неколку часа дневно во пекарницата.Корпулентниот Фламан, за себе вели дека секогаш имал големо срце и покрај „свинскиот карактер“.Сепак, вели дека судбоносниот ден во декември, кога за малку ќе се отруел од јаглерод моноксид, ако не го спасел Осан, му покажал дека животот бара од него да се одмори.Затоа, кога по неколку месеци работа на Осан во пекарницата, видел дека тетовираниот Осан добро се снаоѓа, вреден е и послушен, решил да му ја продаде пекарницата.„Јас премногу барам. Но работата треба да се сработи и тоа онака како што велам јас, а Жером е доволно паметен за да ги слуша моите совети“, вели белокосиот Фламан.Тој вели дека како дете мислел дека ќе биде возач на камион, но дека кога наполнил 14 години, татко му го вовел во работата во пекарницата, а кога тој починал Мишел го презел бизнисот. Сега, неговите три ќерки не се заинтересирани за продолжување на работата на пекарницата.„Што е поважно, животот или парите? Не се грижам за пари. Не сум богат, но имам доволно. Сакам да бидам слободен. Сакам да забавам. А исто така, тоа него го прави среќен…“, вели Фламан, кој две години се обидувал да ја продаде пекарницата.Фламан ќе го обичува Осан до септември кога ќе се повлече од работата во пекарницата која трае од полноќ до пладнде шест дена во неделата.Потоа, сѐ ќе зависи од него, вели Фламан.„Жером е вреден работник и сака да успее. Тој заслужува шанса“.„Сакам да работам, а работните саати не ми се тешки“, вели Жером.Осан, кој има мало работно искуство од претходно, освен што работел на саеми, панаѓури сезонски вели дека ќе работи сто отсто и одговорно.„Мишел ми даде дар и сега сакам да го заслужам“, додава Осан.Фламан, кој е седнат на пластични гајби да ги одмори артритичните нозе вели: „Цел живот правам леб, сега сум уморен “./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

