Контакт

Забава

Францускиот претседател месечно дава по 10.000 евра за фризура

Објавено пред

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, за совршен изглед на својата не баш бујна коса месечно плаќа  речиси 10.000 евра, објави во среда неделникот Canard Enchaine.

dobivaj vesti na viber

Косата на непопуларниот политичар никогаш не била предмет на јавен разговор, за разлика од другите политичари, како американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп или поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон.

 

Меѓутоа, со објавата на договорот што го потпишал со својот фризер Олевер Б., магазинот го насочи вниманието кон Оландовиот екстравагантен начин на трошење пари.

 

Претседателот од редовите на социјалистичката партија набрзо стана предмет на потсмев на друштвените мрежи, каде корисниците почнаа да му ставаат различни фризури на главата со коментар  дека на тој начин му помага на неговиот фризер да си ја заработи платата ветена во договорот.

 

На Twitter стана популарен hashtag #Coiffeurgate кој означува „афера фризер“./крај/со/бб

Забава

(Видео) Ја покажа „најлудата“ хотелска соба во Амстердам, луѓето не можат да се начудат што има внатре

Објавено пред

Тиктокер со корисничко име @guyzer сподели снимка од необичното откритие што го дочекало во неговата хотелска соба додека бил во Амстердам. Собата на прв поглед изгледаше сосема обична, но внатре се криеше огромно изненадување.

dobivaj vesti na viber

Имено, во собата има авион. „Ох, има авион во средината на хотелската соба. Само еден целосно функционален авион со седишта и светла кои се вклучуваат“, вели тој во видеото, кое е прегледано повеќе од 24 милиони пати и собра 3 милиони лајкови.

@guyzerr There’s a plane in the room #hotel #plane #fyp #foryou #foryoupage ♬ original sound – Guyzer

Истражувајќи понатаму, открил дека пилотската кабина е отворена за гостите за да можат „да влезат и да истражуваат“, сугерирајќи дека тоа е сосема нормална хотелска погодност. На крајот од видеото, тој го прогласи авионот за „многу интересен додаток“.

Тиктокерите се обидоа да откријат каде се наоѓа овој необичен хотел, а некој во коментарите напиша дека станува збор за хотелот „Корендон“ во Амстердам.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Падобранец слета на ливада на еден Балканец, беше дочекан со стап: „Имаш минута да одлеташ“

Објавено пред

Виралното видео беше објавено на „Тик-ток“ со порака „Кога ќе слеташ на балканска ливада“, а за само 18 часа собра повеќе од половина милион прегледи.

dobivaj vesti na viber

На видеото прикажан е падобранец кој се нашол на ливада, но не бил добро примен од сопственикот, пренесува Вечерњи.хр.

Еден постар човек се приближува со стап во рацете, а падобранецот веднаш почнува да се извинува.

„Моја парцела, сакаш ли да те удрам, какво „сори“? „Имаш една минута да одлеташ“, извика сопственикот.

@balkanhumortv #fy #foryou #foryourpage #fyp #yugoslavia #jugo #jugoslavija ♬ Originalton – balkanhumortv

Судејќи по пејсажот и акцентот на лицето, се претпоставува дека снимката е направена некаде во Словенија. Не се знае точно кога, но предизвика реакции кај корисниците во регионот.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Премногу гласното зборување на вашиот мобилен телефон во Франција може да ве чини 200 евра

Објавено пред

Францускиот сообраќаен кодекс дозволува казнување на оние кои користат уреди и инструменти за да го нарушат мирот на другите со бучава во областите што се користат за јавен превоз.

dobivaj vesti na viber

Светот пред неколку дена беше шокиран од веста дека маж во Франција е казнет со 200 евра затоа што зборувал прегласно на својот мобилен телефон.

Лицето познато само како Дејвид зборувало со својата сестра на железничката станица во Нант, Франција, на звучникот на својот мобилен телефон пред да го запре вработен во железничката компанија „СНЏФ“ и да го замоли да молчи.

Иако бил предупреден дека ќе добие казна од 150 евра, Дејвид мислел дека вработениот се шегува. Одбил да ја плати казната во станица, а таа се „покачила“ на 200 евра. Тој ангажирал адвокати кои сега се обидуваат да го оспорат плаќањето на казната.

Во Франција не постои закон кој забранува зборување на телефон на јавни места. Сепак, постојат многу јасни прописи за контрола на бучавата.

Францускиот сообраќаен кодекс дозволува казнување на оние кои користат уреди и инструменти за да го нарушат мирот на другите со бучава во областите што се користат за јавен превоз. На пример, можете да добиете казна од 60 евра на француските железници дури и ако зборувате гласно на вашиот мобилен телефон без да користите звучник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Македонија и Украина потпишаа спогодба за либерализација на билатералниот транспорт и транзит на стока

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри...

Европа2 часа

Данско разузнавање: Русија би можела да започне голема војна во Европа во рок од 5 години

Ако Русија процени дека НАТО е слаб, би можела да биде подготвена да води „војна од големи размери“ во Европа...

Свет3 часа

(Видео) Снежна лавина блокираше хотели, луѓе евакуирани со хеликоптери: драма кај Фукушима

Четириесет лица, вклучително и гости на хотел, беа евакуирани со хеликоптер за спречување катастрофи откако лавина блокираше три хотели во...

Свет4 часа

Данците започнаа петиција за купување на Калифорнија од САД: собраа околу 200.000 потписи

Како одговор на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, во Данска е покрената петиција оваа европска...

Европа4 часа

(Видео) Масовен ракетен напад врз Киев, горат станбени згради: „Вака Путин сака да ја заврши војната!“

Во утринските часови руската војска извршила ракетен напад врз Киев, соопштија украинските власти. „Вака Путин сака да ја заврши војната....

Регион4 часа

(Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“

Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно...

Економија17 часа

Владата ќе ги ограничи маржите на повеќе производи, меѓу кои и детергентите и бебешката храна

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и...

Македонија18 часа

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Разочараноста на Владата од постапувањето надвор...

Македонија22 часа

Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“ на блиски роднини на нашите семејства, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата

Логичен е извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година, кој покажа дека земјата паднала за два индексни поена во борбата...

Македонија22 часа

Јаневска за забраната на мобилните телефони: Училиштата се под ингеренции на општините, тие ја носат одлуката

Учениците ќе бидат повеќе фокусирани на знаењето кога кај нив не се присутни мобилните телефони, согласна е министерката за образование...

Македонија23 часа

Утврдени слабости во работењето на Централниот регистар, алармира Државниот завод за ревизија

По извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Централниот регистар на Република Северна Македонија за 2023...

Македонија24 часа

Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Во Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година, дури две третини од земјите добиле лоша оценка, според „Транспаренси интернешнл“...

Топ1 ден

Во пукањето во Чаир учествувале повеќе лица: подигнати се патрони, се прегледуваат видеоснимки

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен...

Топ1 ден

Убиство во Чаир: полицијата уапси неколку лица

Денеска во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со...

Свет1 ден

Руски амбасадор: Стотици руски војници закрепнуваат во Северна Кореја

Стотици руски војници се опоравија од повредите здобиени за време на борбите во Украина во објекти во Северна Кореја, изјави...

Свет1 ден

Луѓето на Трамп доаѓаат во посета на Зеленски, пристигна важна порака од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „сериозни членови на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп“ ќе ја посетат Украина за...

Европа1 ден

(Видео) Русија: Украински напад оштети индустриска фабрика во Саратов

Украински напад со беспилотно летало оштетил „индустриски објект“ во руската област Саратов, изјави рано денеска регионалниот гувернер. „Според прелиминарните информации,...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Се враќаме на пластичните сламки, пластиката нема да има големо влијание врз ајкулите

Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која сака да ги охрабри американската влада и потрошувачите да купуваат пластични сламки....

Свет1 ден

Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе предложи прекин на примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе дозволи да се...

Свет1 ден

Трамп воведе нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или...