Забава
Видео: Ѓоковиќ рекетот го замени со клавир

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не обрнува внимание на негативните критики и ужива во музика додека се подготвува за нови успеси на терен, објавија локалните медиуми.
Популарниот Ноле утринава на Инстаграм се пофали со снимка на која свири клавир.
„Дозволете нешто да ви отсвирам и да ве насмеам. Лондон, доаѓам !“, напиша Ѓоковиќ, и судејќи по коментарите на неговите фанови на социјалните мрежи тој навистина успеа да ги насмее.
Тој монентално се наоѓа во Монте Карло каде што се подготвува за завршниот Мастерс во Лондон, а шампионскиот пехар на овој турнир би можел да значи и негово враѓање на прво место на АТП листата./крај/мф/вс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Кралицата на деколтеата го носи хит костимот за капење за крајот на летото

Сè попопуларната млада актерка Сидни Свини неодамна го прослави својот 28. роденден, а сега на социјалните мрежи покажа како изгледало сето тоа.
Сидни, која често е цел на коментари за нејзините прекрасни облини, направи кратко патување со своите пријатели за да го прослави еден од најважните денови во годината.
Секако, кога станува збор за неа и нејзините фотографии од костими за капење, јасно е дека следуваат низа позитивни коментари на социјалните мрежи. Таа позира во виралниот TA3 Hi Cut Sleeveless Surfy едноделен костим за капење, кој совршено ги истакнува нејзините облини.
View this post on Instagram
Овој модел чини помалку од 200 долари и стана омилен најмногу поради кројот како корсет и затоа што има патент што ви овозможува да го приспособите деколтето на градите.
Сидни позира во неколку други модели, имаше бел едноделен, но и златен бикини, а не се знае кое ѝ стоеше подобро.
„Мало патување на Марс“, напиша таа на шега во описот на објавата.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија поттикна озборувања дека е во врска со Стивен Сигал

Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија, Сузана Манчиќ, објави фотографија на „Инстаграм“, на која позира со холивудскиот актер Стивен Сигал поттикнувајќи озборувања за можна врска.
„Добра вечер, може ли да се фотографирам со вас? Ви благодарам многу“, напиша таа покрај фотографијата, обожавателите прашаа во коментарите дали е на повидок нова љубов, а некои ја искористија можноста да се пошегуваат.
View this post on Instagram
„Нова љубов“, „Добар пар“, „Прекрасна“, „Честитки, Сузи, толку сум љубоморна“, „Поприродно е тој да побара да се фотографира“ и „Стивен е толку згоден“, се некои од коментарите под објавата.
Стивен Сигал присуствуваше на воената парада „Моќта на единството 2025“ во Белград во саботата. Актерот, најпознат по своите улоги во акциони филмови во 80-тите и 90-тите, стана редовен гостин во Србија.
Сигал доби српско државјанство во 2016 година. Тој е близок со претседателот Вучиќ и со српската влада, а за време на посетите на Белград често го изразува своето восхитување од српската култура и традиција.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Обожавателите ѝ пееја на Брена под прозорецот по нејзиниот настап во Ровињ, таа им се придружи

Лепа Брена во саботата настапи во Ровињ како изненадувачки гостин на забавата на еден бенд. По настапот, обожавателите се собраа пред хотелот каде што таа престојуваше и ѝ пееја под прозорецот.
Брена излезе на балконот, ги поздрави и сите заедно ги испеаја нејзините хитови.
@minja_mirkovic @LepaBrena 👑❤️! Veliki zagrljaj za sve ove ljude u Rovinju! 🇭🇷❤️ #lepabrena #rovinj #croatia #fyp #foryoupage ♬ original sound – minja_mirkovć
Бендот почна да ги пее нејзините песни, а набрзо се собраа повеќе обожаватели, и се случи вистинска забава. Дел од изведбата беше објавен на „Тик-ток“. „Брена е легенда и најголема ѕвезда“, напишаа луѓето во коментарите.
фото: принтскрин