Забава
Готвачите на Гастро Мак се вратија со куп медали од Хрватска
Извонреден пласман на македонските готвачи-шефови на кујни на 11-тиот гастрономски фестивал “Бисер мора“ 2016 што во организација на шефови на кујни на медитеранските и европските региони SKMER, се одржа во Супетар на Брач, Хрватска.
Македонскиот национален тим се врати со пехарот „Куп Бисер мора” 2016 и освоени 13 медали, од кои седум златни медали, пет сребрени медали и еден бронзен медал.Тимот на Здружението на готвачи Гастро Мак се натпреваруваше во сениорска конкуренција во пет категории: подготвување на рижото, вегетаријанско јадење, пилешко, јагнешко и подготвување на риба. Никола Мишковски, капитен на тимот на ГАСТРО МАК, шеф на кујна во ресторан ”Камник”, освои златен медал во категорија подготвување на риба, златен медал за вегетаријанско јадење и сребрен медал за подготвување на рижото.
Бобан Симоновски шеф на кујна во ресторан „Скара бар”, освои златен медал во категорија риба, златен медал за подготвување на јагнешко и диплома за подготвување на пилешко.Зоран Андонов, шеф на кујна во ресторан „Албис” Гостивар, освои златен медал во категорија подготвување на јагнешко и златен медал во категорија подготвување на пилешко.Дејан Карапеев, шеф на кујна во ресторан „Фрути ди маре”, освои златен медал во категоријата подготвување на риба, сребрен медал за подготвување на јагнешко и сребрен медал за подготвување на вегетаријанско јадење.Зоран Мајновски, шеф на кујна во ресторан „Естел”, освои сребрен медал во категорија подготвување на вегетаријанско јадење и бронзен медал за подготвување на пилешко.Бобан Билбиловски, шеф на кујна во ресторан „Електра гарден” од Тетово, освои сребрен медал во категорија подготвување на риба и диплома за подготвување на пилешкоМентор на тимот на Гастро Мак на натпреварот „Бисер мора 2016“ година беше Марк Де Јонг, шеф на кујна и интернационален консалтинг.Согласно правилата во финале за највисоката награда 2Куп Бисер мора” 2016, се натпреваруваат петте највисоко оценети натпреварувачи кои во претходните три категории на натпреварувањата освоиле најголем број на бодови. Во финалето натпреварувачите добиваат Black box – намирници што не им се познати однапред и од истите е потребно да подготват предјадење, главно јадење и десерт.Капитенот на тимот на Гастро Мак шеф Никола Мишковски во финалето влезе со најголем број на бодови и согласно оценката на интернационалното жири го освои првото место и пехарот 2Куп Бисер мора” 2016. Воедно, шеф Никола Мишковски ја доби титулата “Мајстор кувар” на SKMER. Ова признание се добива за исклучителните вештини, знаење и посветеност во унапредувањето на еногастрономската култура.
Македонскиот тим се натпреваруваше во конкуренција на готвачи и шефови на кујни од 20 земји учеснички на годинашниот натпревар и тоа од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Словенија, Грција, Словачка, Полска, Украина, Турцијa, Австрија, Русија, Исланд, Индија, Велика Британија, Италија, Белорусија, Јапонија, Албанија.Извонредниот настап на шефовите на кујни од Македонија беше заокружен со подготовка на македонската вечер, на која готвачите подготвија вечера за над 350 учесници на фестивалот. Гостите во духот на традицијата беа пречекани со домашна погача и сол, а на трпезата беа застапени многубројни традиционални јадења од познатото тавче гравче, мусака, турлитава, компир манџа, повеќе видови меса подготвени на традиционален начин како и познатите пинџур, ајвар, макало, македонски кашкавал и сирење. Во делот на десертите беа послужени слатко од смокви, кадаиф, баклава и раванлија. На воодушевување на гостите вкусната храна подготвена од врвните македонски готвачи беше надополнета со големиот избор на македонски вина од винариите Стоби, Далвина, Виналија визба Валандово и познатите вина и струмичка мастика на Грозд Струмица./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

