Контакт

Hitech

Почина информатичарот кој измисли копи-пејст

Објавено пред

Информатичарот кој ја измисли командата копи-пејст почина на 74 години. Едноставната команда за сечење, копирање и лепење секому му го олеснува работниот ден и заштедува милиони часови работа. Зад тој концепт стои Лери Теслер, еден од пионерите на силициумската долина.

Теслер почнал да работи во силициумската долина во раните 60-ти по студирањето компјутерски науки на Стенфорд. Во време кога компјутерите беа недостапни за повеќето луѓе, Теслер се вработил во истражувачкиот оддел (PARC) во Xerox во 1973 година. Тој специјализирал за развој на кориснички интерфејс, или како да ги направи ИТ-системите полесни за употреба.

Тогаш тој го развил системот за сечење, копирање и лепење, кој со екот на годините на многумина им заштеди милиони и милиони часови работа. Овој концепт на команди е познат до ден-денес и практично е составен дел на која било канцелариска алатка.

Hitech

Порталот за популарна технологија USB.mk доби нов и модерен дизајн

Објавено пред

Порталот за популарна технологија USB.mk по три години од своето основање доби нов и помодерен дизајн, кој на читателите ќе им овозможи подобра прегледност при пребарувањето на содржините од областа на технологијата и науката. Сајтот е редизајниран по теркот на современите светски трендови и нуди минималистички и визуелно почист изглед, при што е целосно прилагоден за смартфоните, таблет-уредите и компјутерите.

USB.mk е креиран од ентузијасти и љубители на најновите технолошки достигнувања, кои на дневно ниво ги информираат, едуцираат и советуваат посетителите со мноштво нови содржини покривајќи ги глобалните трендови, но и локалниот пазар.

Се работи за динамичен и атрактивен „all-in-one“ портал кој ги опфаќа сите области на ИТ-индустријата и телекомуникациите, при што им се обраќа на најразличните профили на корисници: од средношколци и студенти, преку љубители на технологијата и крајните купувачи, до менаџерите и бизнис-клиентите.

Основната идеја е секој да може да пронајде информација за себе, врз основа на своите интереси, потреби и ниво на знаење, при тоа уживајќи во модерниот изглед и напредната навигација, создадени според најновите веб-стандарди. USB.mk е насочен кон секоја модерна личност свесна дека технологијата е составен дел од секојдневниот живот, работа и забава.

 

Прикажи повеќе...

Hitech

Популарна игра забранета за корисниците на Ајфон во Кина поради коронавирусот

Објавено пред

Корисниците на Ајфон во Кина повеќе не ќе можат да ја симнат популарната игра за епидемија на смартфоните, поради ширењето на смртоносниот коронавирус. Американските производители на играта „Plague Inc“ велат дека биле известени дека таа вклучува содржина што е нелегална во Кина, како што е утврдено од Кинеската управа за сајбер простор.
        
Креаторите на играта велат дека таа е најпопуларна платена игра во Кина долги години и не е дизајнирана да го сензационализира избувнувањето на болестите.
        
„Plague Inc. е интелигентна и софистицирана симулација што ги охрабрува играчите да размислуваат и да учат за сериозни проблеми со здравјето. Имаме голема почит кон нашите кинески играчи и разочарани сме што веќе не ќе можат да пристапат и да ја играат играта“, велат од компанијата.

Прикажи повеќе...

Hitech

Раквици со кои може да се почувствува виртуелниот свет

Објавено пред

„Тесласјут“, компанија позната по својот костум преку кој засилено се чувствуваат дразбите во виртуелната реалност, претстави нараквици кои ќе им овозможат на корисниците да чувствуваат виртуелни текстури и предмети. На овој начин, кога корисниците се врзани со уредите за виртуелна реалност ќе можат не само да ги видат, туку и да ги почувствуваат објектите во виртуелниот свет.

Нараквицата од „Тесласјут“ е првенствено наменета за обука на астронаути, медицинска рехабилитација и професионални услуги.

Уредот комбинира неколку различни технологии за да се креира впечаток на допир и држење предмети, пренесува Б92.

Покрај тоа, нараквиците собираат информации за пулсот и други биометриски податоци. Тие можат безжично да се поврзат со костумот од истата компанија, што отвора можност да се соберат информации за движењата и состојбата на речиси целото тело.

Нараквицата има сила за повратна информација. Девет електроди се поставени на секој прст и создаваат впечаток на допирање на непостоечка површина, додека пластичниот скелет креира отпорност и вибрации, за да се симулира интеракција со тврди предмети.

Раквиците ќе бидат официјално претставени на претстојниот CES (Consumer Electronics Show) во Лас Вегас, а во продажба ќе бидат пуштени во втората половина на 2020 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија8 часа

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Македонија9 часа

Медицинските работници во земјава ќе добијат нова тура на бесплатни маски направени со 3D принтери

По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина, со што ќе се оствари бројката од 6.000...

Македонија9 часа

31-годишниот скопјанец починал по распад на белите дробови, единствен ризик фактор била дебелината

31-годишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен...

Македонија10 часа

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Претходно, на...

Македонија11 час

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради починатата пациентка од струшко

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај...

Македонија11 час

Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст

На Клиниката за инфективни болести починале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент...

Македонија12 часа

Хотелот „Макпетрол“ во Маврово станува државен карантин

Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол” во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни...

Македонија13 часа

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Свет14 часа

Во Кина 45 новозаразени од коронавирус, само еден не е од странство

Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство. Според Националната здравствена комисија, уште петмина...

Свет14 часа

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа1 ден

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија1 ден

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија1 ден

Полиција ќе ги доставува на домашна адреса готовите лични карти и возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и...

Македонија1 ден

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет1 ден

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Европа1 ден

Во Шпанија за една ноќ починаа 832 лица

Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува...

Македонија1 ден

Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска е државен карантин за 90 лица

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица...

Македонија2 дена

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Досие