Hitech
Проблеми со „Фејсбук“, „Инстаграм“ и со „Месинџер“ во цела Европа

„Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Месинџер“ од утрово почнаа да јавуваат проблеми и да не функционираат. Ова ги погоди корисниците во Европа, вклучително и Македонија, па многу од нив се жалат дека не добиваат пораки или дека воопшто не може да се вклучат.
Според „Даун детектор“, проблемите почнале околу 9 часот утрово за корисниците во Европа, а се чини дека најголеми проблеми има во Западна Европа.
И покрај тоа што причината за проблемите останува нејасна, од оние што пријавиле проблеми, 80 % рекле дека не добиваат пораки, а 20 % не може да се најават.
„Мирор“ стапил во контакт со „Фејсбук“ за коментар, но засега нема одговор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Американски научници против вирусот развиваат нова и поефикасна заштита од хируршките маски

Научниците од Институтот за технологија во Масачусетс во американскиот град Кембриџ развиваат термичка маска што на 90 степени ќе убива патогени на коронавирусот и ќе биде многу поудобна за носење од оние кои ги гледаме денеска, пренесува „Дејли мејл“.
Наместо да филтрира сè што излегува од човечката уста, маската ќе ја убива короната при издишување, бидејќи ќе достигнува температура од 90 степени, на која Ковид-19 не може да преживее.
За да се избегнат изгореници како резултат на загревањето до 90 степени, маската ќе биде заштитена со неопрен, синтетичка гума.
Неопренот има добра хемиска стабилност и одржува флексибилност на широк опсег на температури.
Ако ги помине тестовите, маската ќе работи на батерија од девет волти и ќе биде поскапа од памучните, хируршките или маските N95, додаваат истражувачите.
Сепак, термичката маска ќе биде идеална во ситуации кога ризикот од инфекција е зголемен, како што се посети на здравствени установи или патување во јавниот превоз и нема да мора да се стерилизира по употребата, пренесува „Дејли мејл“.
Истражувачите веќе започнаа да прават прототип од маската, кој ќе мине и физички тестови.
„За разлика од сите маски што го филтрираат вирусот, оваа маска дозволува вирусот да излезе преку неа, но исто така го забавува и го убива“, вели Мајкл Страно, хемиски инженер.
Маската ќе може да се носи без ограничувања, а батеријата од девет волти треба да овозможи нејзина функција во времетраење од неколку часа.
Hitech
НАСА ја избра „Нокиа“ за изградба на првата мобилна мрежа на Месечината

НАСА ја избра финската „Нокиа“ за изградба на првата мобилна мрежа на Месечината, соопшти компанијата.
Мрежата ќе биде дел од напорите на американската вселенска агенција да ги врати луѓето на Месечината до 2024 година и да изгради долгорочно човечко присуство и населби како дел од програмата „Артемис“, пренесе „Ројтерс“.
„Нокиа“ објави дека првиот безжичен широкопојасен систем за комуникација во вселената ќе биде изграден на Месечината на крајот на 2022 година.
Мрежата би требало да обезбеди клучни способности за комуникација за многу разни типови на пренос на податоци, вклучително управување и контрола, далечински управувач на лунарните „ровери“, навигација во реално време и пренос на видео со висока резолуција.
Hitech
„Мајкрософт“ за своите вработени дозволи постојана работа од дома

Компанијата „Мајкрософт“ одлучи да им дозволи на своите работници трајно да работат од дома, но оние што ќе се одлучат да го сторат тоа, ќе мора да се откажат од работниот простор во просториите на американскиот гигант, пренесе денес информативната интернет-страница специјализиран за технологија The Verge.
Во ситуација кога огромното мнозинство работници во „Мајкрософт“ работат од дома поради пандемијата на Ковид-19, производителот на софтвер интерно претстави насоки за хибридно работно место за да овозможи поголема флексибилност кога ќе се отворат канцелариите во САД, објаснува The Verge.
До 30 јуни во интернет-гигантот биле вработени 163.000 лица, од кои 96.000 во САД.
„’Мајкрософт’ ќе им овозможи на вработените да работат од дома помалку од 50 проценти од работната недела, а менаџерите ќе може трајно да работат од далечина“, пишува The Verge.
„Мајкрософт“ го прифати тој систем на работа почнат во технолошкиот сектор, како и „Фејсбук“, кој одобри постојана работа од дома.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот