Контакт

Hitech

„Фејсбук“ сака човечкото тело да го внесе во виртуелната реалност

Објавено пред

„Фејсбук“ работи на аватари кои човечкото тело ќе го внесат во витуелната реалност. Тие ќе изгледаат и ќе се движат исто како вистински луѓе.

Компанијата прави и анимира анатомски прецизни модели на човечкиот скелет, заедно со мускулите и кожата, објави „Фејсбук“ на својата годишна конференција за развој на F8 во средата.

Таа следи како луѓето се движат во реално време и ги повторува нивните движења во виртуелната реалност. Компанијата, исто така, реконструира и симулира вистинска облека што ја носат луѓето, користејќи специјален софтвер кој треба да утврди како облеката треба да се движи кога аватарите ќе танцуваат

Сегашните аватари во виртуелната реалност се доста ограничени, иако тие доста напреднаа изминативе години. „Фејсбук“ во март објави дека постигнал напредок во создавање тридимензионални, реалистични аватари кои се речиси идентични на луѓето.

Hitech

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Објавено пред

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали отколку што е планирано за наредните две години споредувајќи ја компанијата со тешко оштетен авион како последица на активностите на американската администрација.

„Никогаш не мислевме дека САД ќе бидат толку одлучни и цврсти за да го нападнат ‘Хуавеј’“, рече тој.

Зборувајќи на дискусија во седиштето на компанијата во Шенжен, Рен потврди дека продажбата на мобилните телефони во странство паднала 40 проценти. Иако не даде дополнителни детали, портпаролот на „Хуавеј“ подоцна објасни дека се работи за пад во продажбата од 40 отсто во периодот мај-јуни по заканите со санкции од САД. Но, според Рен, продажбата во Кина расте. „Хуавеј“ стана втор најголем продавач на паметни телефони минатата година пред „Епл“, а веднаш зад „Самсунг“, како и најголем светски дистрибутер на опрема за телекомуникациски мрежи.
Во 2018 година „Хуавеј“ продал вкупно 206 милиони паметни телефони, половината во странство, а преостанатото во Кина.

Кинескиот телекомуникациски гигант се соочува со длабока криза по заканите од САД дека ќе го стават на црната листа.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Елден ринг“ – нов проект од творецот на „Игра на тронови“

Објавено пред

Писателoт на книгите „Песни за мразот и огнот“, по кои настана и популарната серија „Игра на тронови“, Џорџ РР Мартин работи на нов проект, овојпат видеоигра со назив „Елден ринг“.

Судејќи според оваа информација, писателот или ја завршил последната книга која ќе даде епилог за случувањата во Вестерос и седумте кралства, или тоа нема да го дочекаме ниту следната година, како што неодамна навести и самиот тој.

Во однос на играта, првичните податоци се дека истата е креација на „FromSoftware“, познат по Dark Souls, а се очекува официјални информаци за неа да бидат објавени на гејмерската конференција Е3.

Според најавите, таа ќе биде достапна за PlayStation 4, PC и Xbox One. Сепак, точниот датум на издавање останува непознат, иако на „Твитер“ се појави слика од наводното лого на видеоиграта.

Мартин, по завршувањето на серијата „Игра на тронови“ кон крајот на мај, на неговиот блог спомена дека е ангажиран околу приказната на оваа игра.

Прикажи повеќе...

Hitech

Фејсбук воведува своја криптовалута

Објавено пред

Компанијата Фејсбук ги привршува плановите за лансирање сопствена криптовалута и систем за дигитална наплата во десетина земји во првиот квартал на 2020 година. Гигантот на социјалните мрежи до крајот на годинава планира интерно да го тестира овој систем наречен Global Coin.

Основачот на Фејсбук , Марк Закерберг минаиот месец разговарал со директорот на британската Централна банка,Марк Карни за ризиците и можностите што ги носи криптовалутата. Компанијата преговара со други компании за трансфер на пари како што е Western Union,за да договорат што поефтини и побрзи трансфери на пари за граѓаните без банкарски сметки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет11 час

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ13 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија14 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа15 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија18 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија18 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет18 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион19 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија20 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт21 час

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет21 час

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет22 часа

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија22 часа

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија22 часа

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech1 ден

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток2 дена

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија2 дена

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија2 дена

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија2 дена

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Досие