Забава
Истражување: Мажите јадат повеќе додека жените ги гледаат
Додека жените во машко друштво јадат „како пилиња“, мажите можеби се слично се програмирани да јадат „како коњи“ додека се жените во близина, покажува едно американско истражување.
Научниците го проучувале однесувањето на луѓето на шведска маса и откриле дека мажите кои ручале барем со една жена, изеле 93 отсто повеќе пица од оние коишто биле во женско друштво. Тенденцијата на прејадување постоела и кој здравата храна, па мажите во друштво на жени изеле 86 отсто повеќе салата.
Во рамките на истражувањето, утврдено е дека мажите кои ручале во друштво на жени, јаделе просечно по три парчиња пица и пет чинии со салати, а мажите исклучиво во машко друштво изеле просечно по 1,5 парче пица и помалку од три чинии салата. Жените, пак, изеле повеќе салата и помалку пица во женско, отколку во машко друштво.
„Ако утврдивме дека мажите јадат непропорционално многу во друштво на жени, жените сметале дека јадат премногу и дека се терани да побрзаат во машко друштво, иако немаше докази дека всушност јаделе повеќе“, рече водачот на истражувањето на Кевин Книфин од американскиот универзитетот Корнел. „Луѓето би требало да се смирени кога јадат со лицата од спротивниот пол“, вели Книфин.
Можно е мажите со внесување на повеќе храна се обидуваат на жените да им пратат порака дека „пукаат од здравје“, односно дека се толку здрави, што може да компензираат понекогаш и нездраво однесување, вели Книфин и додава дека станува збор за „еден вид фалење“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Концерт на „Нокаут“ на 9 мај во СЦ Јане Сандански
„Нокаут“ ќе слави 30 години постоење со концерт на 9 мај, со почеток во 21 часот, во СЦ Јане Сандански.
Пере и дружината ќе ја прошетаат публиката со својата “временска машина“ низ историјата на нивното постоење, преку концертната изведба на нивните најголеми хитови… Од Еј Би Си, Временска машина, Би се викал те сакам, Телефонскиот број не постои, Hi Fi, Мене ми припаѓаш, Сонувам Диско, Илјада причини за крај, Позитиво, Да си тука вечерва, Кога ме сакаш ти, Лебедот бел, Знаеш каде да ма најдеш…..
Бендот најавува фантастично аудиовизуелно шоу, збогатено со специјални ефекти и „луда“ забава до максимум. Фасцинантната овална сцена, концертен ринг сместен на самиот центар во средината на салата, моќно озвучување кое создава звучна магија, лајт шоу и светлосни ефекти кои приредуваат волшебство од бои и голем лед екран сместен на плафонот од сцената, за прв пат СЦ Јане Сандански ќе го претворат во вистинска музичка арена. Нокаут – 360 степени, концертен спектакл во кој ќе можете подеднакво да уживате со поглед од сите трибини.
Концертниот јубилеј со своите настапи ќе го збогатат и специјалните гости на бендот, Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и уште многу други музички изненадувања.
Билетите знаете каде да ги најдете од среда, 18 февруари на www.wayin.mk.
Забава
(Фото/видео) Џипот од 500.000 евра на Бака прасе изгоре во Белград
Луксузниот Мерцедес вреден половина милион евра, во сопственост на еден од најпознатите регионални инфлуенсери, Богдан Илиќ, попознат како Бака прасе, изгоре во Белград синоќа околу 3:30 часот, јавија српските медиуми.

Пожарот бил изгаснат во рок од пет минути, но има голема материјална штета.
Според достапните информации, внатрешноста на возилото е целосно уништена, а топлината ги скршила и прозорците. Бака прасе го купи скапиот автомобил, кој го нарече „бесна машина“, пред три години, и еднаш изјави дека се кае за купувањето.

Кратко по инцидентот, инфлуенсерот објави видео од уништеното возило. Тој се обиде целата ситуација да ја претвори во шега, објавувајќи лажен оглас за продажба на автомобили.
„Оглас за автомобил, Brabus 800 4×4. Прв сопственик, баба го возеше на пазар. Година 2022, малку исполиран и како нов. Во возна состојба, ентериер по нарачка. Заинтересиран сум за DM“, рече тој.
@bakaprase Hitna prodaja 🙏
Причината за пожарот сè уште не е позната, но Telegraf.rs пишува дека првите резултати од истрагата укажуваат дека пожарот бил подметнат. Се сомнева дека автомобилот бил полеан со запалива течност, а потоа запален.
Истрагата е во тек.
фото/депозитфотос
Забава
(Видео) Раскошните облини на бразилските жени повторно го освојуваат светот: И никој не е имун на нив
Магичниот Рио де Жанеиро привлекува голем број туристи секоја година, особено за време на традиционалниот карневал во Рио, кога брзо станува центар на светот, но и на добрите забави.
Овогодинешниот карневал започна на 13 февруари и ќе трае до 21 февруари, а посетителите на овој спектакл ќе имаат можност да уживаат во звуците на самбата, огнените и енергични танцови движења на учесниците, како и во раскошните облини на познатите бразилски жени.
Во овој период, танчерките ќе парадираат по улицата Маркес де Сапука секоја вечер, а жителите на Бразил, како и бројните туристи, внимателно ќе ги следат од сите страни.

