Забава
Истражување: Жените прават помалку селфи зад воланот од мажите
Жените двојно помалку правата селфи во текот на управувањето со возила отколку мажите, покажува истражувањето што го направил британскиот институт за професионално возење (The Institute of Advanced Motorists – IAM), кое истакнува дека ваквата активност е исто толку опасна колку и да се вози во алкохолизирана состојба.
„Девет отсто повеќе од испитаниците признаа дека во текот на последниот месец направиле селфи додека возеле. Тоа е повеќе за 15 проценти меѓу 18 и 24-годишниците и 19 отсто меѓу 25 и 35-годишните.“, се вели во извештајот на IAM. Иронично е, притоа забележуваат од Институтот, што жените се „помалку опседнати“ со оваа модна зависност отколку мажите, имено во последниот месец само 5 отсто од нив направиле селфи за време на возењето, додека 12 отсто од мажите го сториле тоа.
Осум отсто од испитаниците признале, исто така, дека за време на управувањето со возилото ги користат видео повиците преку Skype или FaceTime, што претставува зголемување за 16 отсто во споредба со претходното вакво испитување на јавноста.
Од IAM истакнуваат дека повеќе истражувања од 2012 година наваму покажале дека „употребата на паметните телефони за време на возењето е поопасно, откако да се вози со дозволено ниво на алкохол или под дејство на марихуана“.
Последното истражување на овој британски институт покажало, исто така, дека случаите кога возачот за време на управувањето гледа видео се зголемиле за 13 отсто кај популацијата меѓу 18 и 24-годишна возраст и за 15 проценети кај лица меѓу 25 и 32 години. Користењето интернет, пак, во текот на управувањето со возило се зголемило дури за 27 отсто меѓу групата од 18 до 24-годишни возачи, и за 34 отсто во групата меѓу 25 и 34-годишна возраст.
„И покрај тоа, случаите кога возачите (во Велика Британија) добиваат казнени поени за користењето на паметните телефони во текот на возењето опаднало за повеќе од 40 отсто во 2014 година“, истакнуваат од IAM./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мислите дека е неважно и правите ужасна грешка: Кои се придобивките од истегнувањето?
Ако сте некој што се грижи за својот изглед и здравје, вежбањето три пати неделно дефинитивно е ваша рутина.
Веројатно секогаш барате најудобна облека и опрема за вежбање, но што е со истегнувањето? Кога станува збор за истегнување, според професионалните фитнес експерти, повеќето луѓе имаат тенденција да го прескокнат овој многу важен дел од нивниот тренинг.
Изговори за прескокнување на истегнувањето наоѓаме во недостатокот на време, фактот дека мислиме дека веќе сме „доволно флексибилни“, како и едноставната заборавеност и сметањето дека е непотребно. Сепак, предизвикувате голема, а можеби и непоправлива, штета на вашето тело ако го прескокнете истегнувањето. Денес, ви ги претставуваме главните придобивки од истегнувањето, за кои вашето тело ќе ви биде многу благодарно.
Намалување на болката во мускулите
Сите го знаеме тоа чувство кога мускулите по вашето тело се стегнати, болни и вкочанети по тренингот. Оваа болка е всушност пукање на мускулните влакна и други отпадни производи како што е млечната киселина, што се јавува по вежбање.
Ако им се дозволи на овие супстанции да се акумулираат во телото, ќе доживеете неверојатна болка и вкочанетост денот по тренингот. Истегнувањето може да помогне во ублажување на оваа болка со продолжување на мускулните влакна и отстранување на отпадните производи преку зголемена циркулација.
За време на клеточната размена и отстранувањето на отпадните производи, мускулите истовремено примаат хранливи материи и протеини, што го одржува мускулното ткиво здраво и подготвено за нови форми на вежбање.
Подобра циркулација на крвта
Истегнувањето многу ефикасно води до подобрена циркулација на крвта во телото. Ова исто така резултира со подобар проток на крв до вашите мускули. Подобрата циркулација автоматски значи зголемена испорака на хранливи материи што му се потребни на мускулното ткиво, како и отстранување на отпадни материјали и токсини.
Го подобрува вашиот опсег на движење
Кога се истегнувате доволно, си дозволувате поголема слобода на движење и помал ризик од повреда за време на тренингот. Овие повреди најчесто се однесуваат на оние во областа на мускулното ткиво и тетивите. За време на истегнувањето, всушност ги истегнувате вашите мускули и чувствувате помала напнатост во нив, проширувајќи го вашиот опсег на движење.
Забава
Адријана Лима во секси долна облека и високи потпетици – фотографии кои ќе го направат дури и најлошиот ден подобар
Познатата манекенка Адријана Лима е секогаш главна тема кога и каде и да се појави. Секој нејзин чекор е следен од папараците, а секој проект во кој е вклучена веднаш станува популарен.
Во најновата кампања на брендот „Викторија сикрет“ за Денот на вљубените, Адријана позираше со Кандис Сванепул во повеќе од провокативна долна облека. На серија фотографии, можете да видите и дека фаталната Бразилка носи популарни бразилки, па вистински хаос избувна кога се сврте.
„Божица“, „Какви жени“, „Вие сте моите омилени модели“, „Какво тело“, „Неверојатно е што изгледате вака“, „Подарок од рајот“, беа некои од воодушевените коментари под објавата.
Адријана Лима е лице на брендот „Викторија сикрет“ од 2000 година, а на големата ревија за враќање покажа дека е сè уште „мајка на играта“ и дека никој нема да ја замени долго време.
Убавата Бразилка сега е среќно мажена за Андре Лемер, со кого има син, додека од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ има две ќерки – Валентина и Сиена.
Забава
Трендови во убавината кои навистина ги одбиваат мажите
Постојат милион трендови и трикови за убавина кои редовно ни се претставуваат како најдобар избор, но дали навистина треба да ги прифатиме сите како нормални?
Трендовите за убавина кај жените се менуваат од година во година, но дебатата за тоа дали се навистина неопходни не се менува. Додека жените вложуваат огромни количини време и пари во својот изглед, многу мажи признаваат дека некои популарни трендови всушност ги одбиваат, а еве некои од нив.
1. Премногу негувани веѓи
Природно тенките или дебелите веѓи можат да бидат убави без никаква корекција. Но, жените ги кубат, ги цртаат, ги тетовираат и, во најновиот тренд, ги надградуваат со трансплантација.
2. Брановидна фенирана коса („blow wave“)
Најбенигниот, но најраспространет тренд и затоа најиритантниот. Станува збор за долга коса која прво се исправа, а потоа се витка со помош на пегла, фигаро или фен за коса.

3. Маски со колаген
Пример за трендови кои „не прават ништо, а чинат многу“. Колагенот не може да се апсорбира преку кожата, па затоа маските наводно ја хидрираат само површината, што можете да го постигнете со обична вода.
4. Филери за усни
Додека ботоксот наводно станал посуптилен, филериве експлодираа. Усните изгледаат отечено, пренадуени и очигледно вештачки, честопати намерно, како реклама за скапи „дотерувања“.
5. Вештачки трепки
Маскара, да. Вештачки трепки долги еден метар, не.
6. Прекумерно нанесување кармин
Особено на веќе полни усни, резултатот изгледа лошо, размачкан и претеран. Црвениот кармин изгледа добро само на фотографија, речиси никогаш во реалниот живот.
7. Контурирање и/или светки
Некогаш, рутините за шминкање беа едноставни. Денес, контурирањето бара арсенал од цевки и палети. Изгледа добро на некои, но оние кои контурираат во возот од 7 часот наутро честопати претеруваат.

8. „Турски заби“
Светкави бели, совршено рамномерни заби кои изгледаат како да припаѓаат на кукла. Мажите, тврди авторот, изгледаат уште полошо од жените.
9. Гел нокти и претеран nail art
Убаво обоените нокти можат да бидат привлечни, а воедно и дискретни.
10. Мирис
Најнејасната, но најискрена поента. Не станува збор за парфем, туку за интензивен, хемиски мирис што доаѓа од акумулацијата на производи, прајмер, пудра, спреј, фиксатор, гелови, креми…
11. „Подигање на задникот“
Некогаш беа гради, сега се задници. Трендот е увезен од САД, наводно инспириран од Кардашијан и музичката сцена.

