Забава
Јужнокорејска компанија нуди сладолед за трезнење

Јужнокорејска компанија лансираше во петокот сладолед за трезнење наречен Gyeondyo, што во превод значи „држи се“, a според компанијата е создаден специјално за справување со ефектите од мамурлакот.
Населението во Јужна Кореја е најголемиот потрошувач на алкохол во Азија, најчесто се консумира групно, со 12,3 литри по глава на жител, според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО- WHO) од 2014 година.
Во оваа земја на лекувањето мамурлак годишно се трошат дури 126 милиони долари, на препарати од таблети до напивки и козметички производи. Во јужнокорејските ресторани традиционално се послужува и супа за мамурни.
Сладоледот има вкус на грејп и содржи 0,7 отсто сок од ориенталното бонбон дрво, познато и како „јапонско суво дрво“, кој е традиционален корејски лек против мамурлакот од XVII век.
Според резултатите од истражувањето објавени во 2012 година во стручното списение Journal of Neuroscience, екстрактот од бонбон дрвото ги намалува симптомите на интоксикација кај стаорците./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Холивудскиот шармер ја покажа трансродовата сестра, сите зборуваат за нејзината убавина

Актерот Педро Паскал неодамна присуствуваше на премиерата на неговиот најнов филм „The Fantastic Four: First Steps“ во Лос Анџелес, а за таа пригода носеше облека што им пркоси на сите правила на класичната елеганција.
Педро, кој обожава специфични модни парчиња, повторно дозволи неговата облека да „зборува“ наместо него.
Носеше црни панталони со класичен крој, но токму горниот дел од облеката го привлече вниманието.
Холивудскиот шармер избра бело сако, под која се гледаа обична маица и шал со точки. Покрај тоа, забележливо беше и црвено цвеќе, што на целиот стајлинг му даде доза на автентичност.
Треба да се напомене дека Педро не беше сам на премиерата, туку покрај колегите од филмот, беше придружуван од неговата трансродова сестра Лукс Паскал, исто така актерка.
Што се однесува до нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за едноставен црн фустан кој ги следеше линиите на нејзиното тело. Креацијата се одликува со отворен грб и интересни прорези на половината. Стајлингот го надополни со брановидна фризура и впечатлива шминка во земјени тонови.
Се чини дека специфичната убавина е главната карактеристика на семејството Паскал, бидејќи двајцата привлекуваат внимание секогаш кога ќе се појават.
Фото: принтскрин
Забава
(Фото) Вчера кралицата на елеганцијата, денес на провокацијата: минијатурно бикини открива сè

Ева Лонгорија го обожава летото, но и минијатурните бикини, кои со задоволство ги покажува на светот. Ни овој пат не ја пропушти можноста да ги покаже своите раскошни облини…
Вчера имавме можност да се восхитуваме на беспрекорниот изглед на Ева Лонгорија, а денес на нејзиниот провокативен стајлинг кој привлекува воздишки и погледи.
Омилената џебна Венера реши да ја покаже својата друга, попривлечна страна, и храбро го отфрли имиџот на гламурозна жена и го облече најмалото бикини што можеше да го најде во својот гардеробер.
Фотографите ја фотографираа на плажа во Марбеља, а таа не се срамеше да го покаже она што го има.
Ева Лонгорија уживаше во шармот на летото. Синото бикини ја истакнуваше нејзината завидна фигура, а нејзиниот исончан тен беше исто така забележлив.
Својот стајлинг го надополни со едноставни додатоци. Додаде и очила за сонце за да се заштити од сонцето, но и од погледот на љубопитните фотографи.
Фото: принтскрин
Забава
Зошто летото нè прави толку среќни?

Лето. Море, сонце, смеа до доцна во ноќта, коса мокра од солена вода и топол песок под нашите нозе – не е ни чудо што оваа сезона ни е толку пријатна!
Но, зад тоа летно расположение лежи моќна научна вистина: летото навистина го менува мозокот, телото и душата – и тоа на подобро.
Сончевата светлина како природен антидепресив
Нема подобар начин да се разбудите кога сончевите зраци ќе пробијат низ ролетните. Науката вели – тоа не е случајност! Сончевата светлина го стимулира производството на серотонин, хормонот на среќата, и го регулира мелатонинот, хормонот на спиењето.
Овие две моќни супстанции заедно влијаат на подобра концентрација, подобар квалитет на спиење и секако – позитивно расположение.
Витамин Д – „витаминот на сонцето“ за ментална рамнотежа
Летото не само што ни дава бронзен тен на кожата, туку и витамин Д, кој директно промовира добра хормонска рамнотежа и ја зачувува функцијата на мозокот. Освен што ја подобрува меморијата и фокусот, овој витамин игра важна улога и во менталното здравје.
Лековитата моќ на водата
Постои причина зошто сите сонуваме за плажа – близината на вода го намалува стресот и го зголемува чувството на мир. Истражувањата во Велика Британија покажаа дека луѓето се најсреќни во „сините зони“ – во близина на морето, реките или езерата.
Затоа не е ни чудо што сурферите се секогаш толку опуштени – тие буквално лебдат во својата терапија.
Назад кон природата
Летото нè носи на отворено – без разлика дали е во шума, плажа или градски парк, времето поминато во природа е докажано дека ја намалува анксиозноста и го подобрува расположението. И таа врска со природата не мора да заврши кога ќе заврши август – продолжете со навиката и во есен!
Дружење = здравје
Летото е сезона на спонтани собири, скари, вечерни излегувања и продолжени кафиња со пријатели. А социјалните врски се клучни за долг и среќен живот – тоа е докажано во најдолгото истражување за среќата. Квалитетните врски со луѓето околу нас нè штитат подобро од кој било додаток.
Но летото не е „најубавото време од годината“ за секого
Важно е да се знае – некои луѓе не се чувствуваат најдобро во текот на летото. Високите температури, притисокот од социјалните очекувања, нереалните стандарди од социјалните мрежи – можат да предизвикаат стрес, вознемиреност или чувство на неприпадност.
Затоа – не заборавајте ја емпатијата. Некој можеби претпочита да ужива во тишината на климатизирана просторија и книга, отколку на забава под палми – и тоа е сосема во ред.
Летниот „зен“ не е мит, туку природна реакција на телото на светлина, поврзаност и релаксација. Затоа, искористете го летото мудро – сончајте се (умерено), сакајте, смејте се и грижете се за себе. Нека вашиот летен ден биде не само убав – туку и лековит.