Контакт

Забава

Кајмаковски и новите униформи го најавија годинешниот Фестивал на пивото – Прилеп 2014

Објавено пред

Присуството на  победникот од  „Х-Фактор“, Даниел Кајмаковски на прес-конференцијата посветена на „Фестивалот на пивото –  Прилеп 2014“ предизвика вистинска еуфорија кај неговите обожаватели,  а медиумите имаа можност лично од него да чујат дека му преставува особена чест што оваа година него му припадна честа да го отвори фестивалот.

Градоначалникот  Марјан Ристески  изјави дека подготовките и за овој дванеесети по ред настан се пред  самиот крај и дека Прилеп како и сите предходни години е спремен да ги прими сите љубители на пивото, скарата и забавата од 17-ти до 20-ти јули понудувајќи им кавлитетен пречек со максимална  инфраструктурана  подреденост,  почнувајќи од паркинзите  сместувањето па се до  бесплатниот кампинг простор на Могилата. Воедно на оваа прес конференција беа промовирани и новите униформи што ќе бидат унифицирани за сите хостеси, а  се донација за градот од реномираната текстилана фирма „Баки комерц“./крај/мф/бк

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Поранешниот шеф на Формула 1 стана татко по четврти пат

Објавено пред

Милијадерот Берни Еклестон стана татко по четврти пат, неколку месеци пред неговиот 90-ти роденден.

89-годишниот бизнис магнат и сопругата Фабиана Флоси (44) го дочекаа нивното прво дете заедно, објавија таблоидите додавајќи дека бебето е машко и дека таа се породила релативно брзо, за 25 минути.

Берни ја потврди веста за Blick, и рече: „Имаме син по име Ас. Јас сум многу горд“.

Името асоцира на првак или прво машко, коментираат таблоидите

Поранешниот шеф на Формула 1 има три ќерки – Дебора (65), Тамара (35), и Петра (31) од претходните врски, а доаѓањето на неговиот прв син доаѓа само неколку месеци пред неговиот 90-ти роденден на 28 октомври.

Берни и Фабиана, кои се венчаа во 2012 година, моментално се во изолација во нивниот дом во Сао Паоло, Бразил, поради пандемијата на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Забава

Американските селебрити-личности ги охрабруваат луѓето да носат маска

Објавено пред

Американците сè уште се поделени дали треба да носат заштитна маска за лице, претворајќи ја дилемата во политички став, а познатите личности апелираат до своите следачи на социјалните мрежи да носат маска на јавни места заради нејзината вистинска намена – да се спречи понатамошно ширење на Ковид-19.

Актерите Џенифер Анистон, Рис Вајтерспун и Патрик Демпси неодамна на својот Инстаграм постираа селфиња со маска на лицето, користејќи го хаштагот #wearadamnmask (носи проклета маска).

Вајтертерспун напиша: Носењето маска не е политичка изјава. Тоа значи дека се грижите за здравјето и безбедноста на другите луѓе. Бидете одговорни, ставете маска! #Wearadamnmask

САД бележат рекорден пораст на заболени од Ковид-19. Според неодамнешен извештај, заразени се 2,7 милиони луѓе, а починати 127. 000.

Но, некои Американци носењето маска го сметаат како повреда на индивидуалните права. Дури и претседателот Доналд Трамп сè уште не е фотографиран во јавност со маска.

Прикажи повеќе...

Забава

Јавната обвинителка најави спогодба од 19 милиони долари по тужбите против Харви Вајнштајн

Објавено пред

Постигнат е договор за спогодба во износ од 19 милиони американски долари во две судски постапки за сексуално вознемирување и недолично однесување, покренати од повеќе жени против поранешниот холивудски магнат Харви Вајнштајн, соопштија адвокатите во вторникот.

Но, адвокатите кои претставуваат шест од жените кои поднесоа обвиненија против Вајнштајн предложениот договор го нарекоа „целосна распродажба“ која не бара 68-годишниот поранешен продуцент да прифати одговорност или исплата од неговиот џеб.

Спогодбата, која допрва треба да биде одобрена од федерален судија и суд за банкрот, би ја решила тужбата против Вајнштајн, неговата продукциска компанија и неговиот брат, поднесена во 2018 година од страна на јавната обвинителка на државата Њујорк.

Исто така, тоа би ставило крај на посебна тужба поднесена во 2017 година во име на девет жени кои го обвинија Вајнштајн за сексуално вознемирување или напад, порача Летиција Џејмс, јавната обвинителка на државата Њујорк.

„По сите вознемирувања, закани и дискриминација, овие преживеани конечно добиваат некаков вид  правда“, напиша таа на Твитер.

Џејмс додаде дека предложената спогодба ги ослободува жените од договорите за необјавување информации, кои ги спречуваат јавно да говорат за Вајнштајн, некогаш еден од најмоќните мажи во Холивуд.

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн моментално служи затворска казна за сексуален напад и силување. Тој годинава беше осуден на 23 години затвор за сексуален напад врз неговата асистентка Мими Халеј и за силување на актерка аспирант Џесика Ман.

.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт59 минути

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија2 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија3 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет4 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет4 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија4 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет4 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија4 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет4 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет5 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет5 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет16 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија22 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија23 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија23 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија23 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија23 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Досие