Забава
Како титовата пионерка стана жена на моќниот Доналд Трамп, а сега и прва дама на Америка

Меланија Трамп денес сите ја знаат како сопруга на милијардерот Доналд Трамп. Нејзиниот пат од родната Словенија до Америка бил мошне возбудлив. Како добра филмска приказна.
Родена е во 1970 година во Севнице, Словенија, град кој во тоа време бил текстилен центар на поранешна Југославија. Нејзиниот татко се занимавал со продажба на автомобили, а мајката со моден дизајн. Од комунистичка земја и пионерски редови таа преминала во манекенство пред да стане полнолетна.
Меланија Кнаус, како што порано се презивала, на 16 години започнала да се занимава со манекенство. Потребни и биле две години да стане член на модна агенција во Милано.
Напоредно со манекенската кариера која од Милано се проширила и во Париз, Меланија студирала дизајн и архитектура на Универзитетот во Љубљана. Важна година во нејзиниот живот била 1996 кога се преселила во Њујорк.
Њујорк и донесе познанство со Трамп. Судбоносната средба се случила во 1998 година на Модната недела. Меланија во тоа време била и дел од “Trump Model Management”.
Од средбата до озваничување на врската поминале шест години, и Доналд изјави:
„Ние никогаш не се скарваме, заборавивме што значи зборот караница. Мошне сме компатибилни, си одговарме еден на друг.“ /крај/ мф/ вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Кралицата на деколтеата го носи хит костимот за капење за крајот на летото

Сè попопуларната млада актерка Сидни Свини неодамна го прослави својот 28-ми роденден, а сега на социјалните мрежи покажа како изгледало сето тоа.
Сидни, која често е мета на коментари за нејзините прекрасни облини, направи кратко патување со своите пријатели за да го прослави еден од најважните денови во годината.
Секако, кога станува збор за неа и нејзините фотографии од костими за капење, јасно е дека следуваат низа позитивни коментари на социјалните мрежи. Таа позираше во виралниот TA3 Hi Cut Sleeveless Surfy едноделен костим за капење кој совршено ги истакнува нејзините облини.
Овој модел чини помалку од 200 долари и стана омилен најмногу поради кројот како корсет и затоа што има патент што ви овозможува да го прилагодите деколтето на градите.
Сидни позираше во неколку други модели, имаше бел едноделен, но и златен бикини, а не се знае кое ѝ стоеше подобро.
„Мало патување на Марс“, напиша таа на шега во описот на објавата.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија поттикна озборувања дека е во врска со Стивен Сигал

Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија, Сузана Манчиќ, објави фотографија на „Инстаграм“, на која позира со холивудскиот актер Стивен Сигал поттикнувајќи озборувања за можна врска.
„Добра вечер, може ли да се фотографирам со вас? Ви благодарам многу“, напиша таа покрај фотографијата, обожавателите прашаа во коментарите дали е на повидок нова љубов, а некои ја искористија можноста да се пошегуваат.
View this post on Instagram
„Нова љубов“, „Добар пар“, „Прекрасна“, „Честитки, Сузи, толку сум љубоморна“, „Поприродно е тој да побара да се фотографира“ и „Стивен е толку згоден“, се некои од коментарите под објавата.
Стивен Сигал присуствуваше на воената парада „Моќта на единството 2025“ во Белград во саботата. Актерот, најпознат по своите улоги во акциони филмови во 80-тите и 90-тите, стана редовен гостин во Србија.
Сигал доби српско државјанство во 2016 година. Тој е близок со претседателот Вучиќ и со српската влада, а за време на посетите на Белград често го изразува своето восхитување од српската култура и традиција.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Обожавателите ѝ пееја на Брена под прозорецот по нејзиниот настап во Ровињ, таа им се придружи

Лепа Брена во саботата настапи во Ровињ како изненадувачки гостин на забавата на еден бенд. По настапот, обожавателите се собраа пред хотелот каде што таа престојуваше и ѝ пееја под прозорецот.
Брена излезе на балконот, ги поздрави и сите заедно ги испеаја нејзините хитови.
@minja_mirkovic @LepaBrena 👑❤️! Veliki zagrljaj za sve ove ljude u Rovinju! 🇭🇷❤️ #lepabrena #rovinj #croatia #fyp #foryoupage ♬ original sound – minja_mirkovć
Бендот почна да ги пее нејзините песни, а набрзо се собраа повеќе обожаватели, и се случи вистинска забава. Дел од изведбата беше објавен на „Тик-ток“. „Брена е легенда и најголема ѕвезда“, напишаа луѓето во коментарите.
фото: принтскрин