Забава
Ќерката на Витни Хјустон исклучена од апарати?
Дел од медиумите јавуваат дека Боби Кристина Браун (21), ќерката на покојната пејачка Витни Хјустон и Боби Браун е исклучена од апарати откако на 31 јануари беше пронајдена во несвесна состојба во када во својата куќа во Атланта, но семејството на Боби Кристина ги негира овие извештаи.
„Цевката која ја поврзувала Боби Кристина со апаратите е извлечена“ пишува „Daily mail“. Но како што јавува британскиот таблоид пациентот може да преживее и покрај исклучувањето од апаратите.Нејзниот такто Боби Браун е покрај неговата ќерка во Универзитетската болница Емори во Атланта. Лекарите изјавиле дека не можат да направат ништо за да ја спасат Кристина Браун, јавува „Fox news“.„Сега прашање е кога семејството ќе биде подготвено да прифати дека таа веројатно нема да успее да се извлече. Лекарите го оставиле семејството да одлучи колку долго ќе ја одржуваат на апарати“ изјавил неименуван извор за „Fox news“.И магазинот „Peolpe“ пренесува дека лекар му рекол на семејството дека не може ништо веќе да се направи. „Сите доаѓаат да се простат со неа“ изјавил член на семејството.Меѓутоа, некои извор од семејството за „USA today“ изјавиле дека е погрешно да се каже дека семејството доаѓа да се прости од нејзе бидејќи сите членови на семејството се во болницата од почеток. Семејството тврди дека Боби Кристина не е во вегетативна состојба како што пренесуваат медиумите.Извор од семејството за Си Ен Ен изјавил дека Кристина неколку пати ги отворила и затворила очите на 2 јануари, но дека лекарите им рекле на членовите на семејството да не очекуваат многу од тоа движење.Боби Кристина е во вештачка кома и приклучена на апарати, а во нејзината куќа при првиот претрес не е се пронајдени лекови, но при другиот претрес биле пронајдени лекови, но не се прецизира какви.Таткото Боби Браун ја замоли јавноста и медиумите да ја почитуваат приватноста на нивното семејство. Се уште не е познато што е причина за ваквата состојба на Кристина, но полицијата моментално смета дека е во прашање инцидент со лекови, бидејќи во куќата не биле пронајдени дрога или алкохол. Првиот извештај за инцидентот наведува дека станува збор за „давење.Полицијата неодамна се обидела да влезе во куќата на Боби Кристина, откако на 23 јануари била пријавена кавга, но никој не отворил врата па полицијата си заминала.Витни Хјустон беше пронајдена мртва во када во соба во хотелот „Беверли хилс“, а по скоро три години слична ситуација и се повтори на нејзината единствена ќерка. Хјустон почина од случајно давење, а за тоа придонеле срцевото заболување и консумирањето на кокаин./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

