Забава
LEGO турнири викендов во Skopje City Mall (ВИДЕО)

Интернационалниот LEGO фестивал кој започна на 04.03 а ќе трае сѐ до 26.03 во Skopje City Mall, продолжува со активностите за своите посетители. Покрај изложените 3Д LEGO фигури, работилниците и зоните за играње, посетителите викендов од 10:00 до 22:00 часот ќе можат да учествуваат и во LEGO турнири, каде ќе ги очекуваат многу награди.
Во продолжение погледнете го видеото и почувствувајте го светот на LEGO коцките, а за комплетно доживување посетете го Skopje City Mall и со вашето семејство уживајте во интерактивни, креативни и едукативни содржини и активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Меган Маркл за проблемите со Хари: Расправиите почнаа по шест месеци

Меган Маркл се појави во поткастот на Џејми Керн Лима. Таа зборуваше за својот бренд „Како и секогаш“ и за нејзиното шоу „Со љубов, Меган“, но зборуваше и за бракот со принцот Хари.
Војвотката од Сасекс призна дека работите меѓу нив не биле секогаш идеални. „На почетокот беше одлично и имаше пеперутки во стомакот, но потоа многу бргу почнавме да се караме. Тоа се случи неочекувано, околу шест месеци по почетокот на врската“, рече таа.
Таа исто така рече дека работите се поинакви по седум години брак велејќи дека двајцата имаат малку простор за дишење.
„Можеме да уживаме еден во друг на нов начин, па затоа чувствувам како периодот на меден месец повторно да е тука за нас“, заклучи таа.
Меган неодамна објави фотографии на „Инстаграм“ од децата, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3), кои поминуваат време во дворот на нивниот луксузен дом во Калифорнија вреден 14 милиони долари. Фотографиите ги прикажуваат двете малечки како берат цвеќиња, кои Меган ги одгледува во градината, без притоа да им ги покаже лицата на децата.
Принцот Хари наводно не е премногу задоволен што Меган ги користи децата за промоција на нејзиниот нов бренд, „Како и секогаш“. Уредникот за кралското семејство на „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца на социјалните мрежи.
„Хари би сакал неговите деца да бидат подалеку од очите на јавноста до одредена возраст“, рече Вилкинсон во поткастот A Right Royal.
Забава
Илон Маск: За 5 години роботите ќе бидат подобри и од најдобрите хирурзи

Основачот на Tesla, SpaceX и Neuralink, Илон Маск, изјави дека роботите наскоро ќе ги надминат дури и најдобрите човечки хирурзи.
Маск го напиша ова на X како одговор на објавата на Марио Нафал, основач на IBC Group, инвестициска фирма која инвестира во блокчејн проекти и нови технологии.
„Роботите ќе ги надминат добрите хирурзи за неколку години, а најдобрите за околу пет“, напиша тој.
Нафал, познат како претприемач во областа на криптовалутите, технологијата и стартапите, ги коментираше резултатите од неодамнешните тестови на Medtronic, една од најголемите медицински компании во светот специјализирана за развој и производство на медицински помагала и технологија.
„Стапките на компликации беа екстремно ниски: само 3,7 проценти за операција на простата, 1,9 проценти за операција на бубрег и 17,9 проценти за операција на мочен меур, од кои сите ги надминаа безбедносните цели поставени во текот на повеќегодишните истражувања. Роботот постигна стапка на успех од 98,5 проценти, што е далеку над целта од 85 проценти, што значи дека не само што го помина тестот, туку практично постави нова цел“, додаде тој.
„Од 137 операции, само во два случаи беше потребно префрлање на класична хирургија, едниот поради дефект на роботот, а другиот поради комплициран случај на пациент. Ова не значи дека роботите ќе ги заменат хирурзите утре, но значи дека вашиот следен лекар би можел да има многу скап метален асистент“, заклучи тој.
Забава
(Видео) Одјавната шпица на „Симпсонови“ на македонски јазик

Во најновата епизода на анимираната серија „Симпсонови“, Abe League of Their Moe, одјавната шпица е на македонски јазик.
Како што вчера беше објавено, креаторите на серијата одлучиле да внесат спортист што доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија.
Во епизодата е вклучен тим од земјата. Се работи за сестрите Невена и Калина Нешкоски и нивниот брат Наум, кои заедно го водат едукативниот канал „Дарко Биберко“.
„Учествувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски. Благодарност до композиторка Кара Талве, која ја овозможи оваа соработка“, напиша Невена Нешкоска на „Фејсбук“.