Забава
LOL е застарено, во мода се хаха, хехе и емотиконите
Акронимот „laugh out loud“ – LOL на социјалните мрежи се употребува сé поретко, а корисниците сé почесто го заменуваат со емотиконите и ономатопеите „хаха“ или „хехе“, покажа истражувањето за е-смеењето што меѓу Американците го спровеле вработените во Facebook.
Анализата на постовите од мај годинава покажала разлика во користењето на разните ознаки за смеата, имајќи го предвид географското подрачје, полот и возраста, покажува истражувањето спроведено на објавите на Facebook, пишува.The Daily Mail.
Откриено е дека дури и ономатопејата „хехе“ почесто е користена од LOL, што го користат само 1,9 отсто од корисниците, повеќето повозрасни, во однос на 51,4 проценти колку што користеле „хаха“. Емотиконите се појавуваат во 33,7 отсто од објавите, а „хехе“ е на трето место со 13,1 отсто.
Анализата, исто така, покажала дека мажите и жените користат поинакви начини кога сакаат да покажат дека нешто им е духовито. Мажите почесто ги користат ономатопеите „хаха“ и „хехе“, додека жените повеќе ги сакаат емотиконите, еднакво колку и помладата популација.
Кога станува збор за географското потекло, „хаха“ и „хехе“ се попопуларни на западниот американски брег, емотиконите се најчестиот избор на жителите на средниот запад, а населението од јужните американски држави сé уште преферира да употребува LOL.
Истражувањето на Facebook следело по написот објавено во весникот The New Yorker за различните начини на коишто луѓето покажуваат дека нешто им е духовито на интерентските страници. Авторката на написот Сара Ларсон анкетата ја спровела меѓу пријателите и познаниците, додека вработените на многу поголем примерок./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

