Забава
Медицинска сестра заработи над 600.000 долари со прекувремена работа
Медицинска сестра во американска затворска болница вo градот Бедфорд Хилс заработилаа повеќе од 630 илјади долари во изминатите помалку од пет години, пишува весникот The Journal News.
Според весникот, имало период кога 62-годишната медицинска сестра Мерси Метју работела и по 16 часови дневно повеќе од шест месеци.
Според официјалното работно место, Мерси би требало да работи три дена од 15 до 23 часот. Меѓутоа, според бележење на часовите минати на работното место таа останувала на работа до 7.30 часот следното утро. Во текот на викендот таа исто така ги одработувала „своите“ 16,5 часа. Како што пишува весникот, Метју работела повеќе од 90 отсто од сите денови во периодот од 18-ти декември 2008 до 4-ви септември 2013 година.
Во 2012 година, оваа медицинска сестра заработила за прекувремена работа во воспитно-поправната установа за жени повеќе од 150 илјади долари додека нејзината годишна плата била 58,5 илјади долари, додека во 2009 година износот на недоместокот за прекувремена работа изнесувал 171.814 долари.
Без разлика на тоа што Метју заминала во пензија на 11-ти октомври 2013 година, таа сепак влегла во листата од првите 20 работници кои минале најмногу прекувремени часови на работното место минатата година.
„Дали на ова лице му било толку неопходно да работи толку време од година в година? Можеби поевтино ќе ги чинело да најдат уште еден работник“, коментира за весникот еден од директорите на локалниот центар за социјални политики, Тим Хоефер.Тој смета дека прекувремената работа требала да биде распоредена на повеќе медицински сестри, а не само на една, доколку имало потреба.
Весникот ги добил картичките за работното време на Метју за периодот од 2009 до 2013 година, од Одделот за корекции во август откако вложил жалба за ограничување на пристапот до информациите поднесено во јануари. За жал, и покрај упорноста, новинарите не успеале да дојдат до оваа медицинска сестра иако неколкупати го посетиле нејзиниот дом и по безбројните телефонски повици на кои никој не одговарал./крај/мф/сн
Извор: The Journal News
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

