Забава
Медиумите го дознаа божикното мени на Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел во петокот веднаш по прес-конференцијата заминала во супермаркет во предбожикно пазарување и купила компири, сирење, путер, пипер и бонбониера, пишува таблоидот Bild.
Како што се истакнува во написот, годинава на празничната маса на Меркел нема да има ниту божикна гуска, ниту крап, ниту вино. Според пазарењето, канцеларката ќе може да се наслади со бонбониерата „Mon Chéri“, од околу 300 грама. Вкупната сума што ја потрошила Меркел во маркетот изнесувала околу 100 евра.
„Немаше ништо специјално за празникот, канцеларката Меркел купи секојдневни продукти“, рекол за везникот продавачот од супермаркетот. Спакуваните продукти во кеси, Меркел самата се упатила кон излезот.
Се наведува и дека токму овој супермаркет канцеларката годинава го посетила околу триесетина пати./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Даниел Крег: Остарев и тешко заздравував од повреди при снимање

Даниел Крег планирал да му сврти грб на Холивуд по улогата на Џејмс Бонд во „Спектре“, пренесува британски „Експрес“.
„Морав да се преиспитам себеси – дали сум физички способен да снимам уште еден филм“, откри ѕвездата во искрено интервју за „Ентертејнмент викли“.
„Го завршив Spectre со скршена нога“, вели Крег. „Се повредив на секој филм за Бонд откако почнав да го глумам.“
И покрај тоа што ја сака физичката активност поврзана со изведувањето акробации при снимање, Даниел признава дека остарел и не заздравува толку добро како порано кога бил помлад
Таткото на две деца сподели: „Телефонскиот повик до мојата сопруга за да ѝ кажам дека ја скршив ногата не беше пријатен“.
Оженет е со Рејчел Вајс, која глуми во „Мумија“ фантастика-акција-авантура, Даниел е очув на нејзиниот син Хенри. 54-годишниот актер има и возрасна ќерка Ела (30) од претходниот брак со Фиона Лудон.
Гостувајќи во „Шоуто на Грахам Нортон“, Крег се осврна на неговите физички повреди. „Ми го реконструираа десното рамо“, рече тој.
„Го оперирав левото колено, потоа и десното. Палецот сè уште ме боли.“
Забава
Мадона во црн градник и килоти: Испратете ми подароци за роденден

Мадона ќе го прослави својот роденден на 16 август, а викендов, три дена пред големиот ден, им се обрати на пријателите и фановите со порака да ѝ испраќаат подароци.
Поп-кралицата, која во вторник ќе наполни 64 години, на инстаграм-стори сподели неколку фотографии и напиша: „Наскоро ми е роденден… Испратете ми подароци!“
Хитмејкерката изгледа речиси подеднакво младешки на објавите како кога за првпат започна со музичкиот бизнис.
Ѕвездата на Blonde Ambition на себе има сет црна долна облека – килоти од ликра и градник од тантела – во комбинација со проѕирен топ со ситни точки, чорапи до колена и салонки.
Забава
(Видео) Илјадници луѓе споделуваат снимка од штотуку вдомено кученце

На Твитер се шири видео од кученце што го снимиле неговите посвоители на пат од засолништето до новиот дом.
Кучето од видеото, кое за 24 часа го погледнале повеќе од милион луѓе, е емотивно и не ги крие чувствата за фактот дека има нови сопственици и нов топол дом. Во видеото кучето се умилкува, се мази и речиси цвили во друштво на својот нов сопственик.
La reacción de un perrito al ser adoptado ???? pic.twitter.com/7NBAIIBWaD
— Animales y bichitos ???????? (@Animalesybichos) August 13, 2022
Ова кутре е доказ дека кучињата се навистина исклучително емотивни суштества и дека од првиот момент чувствуваат голема љубов, почит и благодарност кон својот сопственик.