Забава
Најопасни дестинации за жени кои сами патуваат
Страшни злосторства во кои жените се жртви особено загрижуваат во земји како што се Индија или Мароко.
Сопственичката на порталот Меѓународен женски патувачки центар, Џули Крузер, ги советува жените на кои места во светот мора да бидат претпазливи.
„Изненадена сум од информациите колку несигурни места за жените има на светот. Постојат места во кои воопшто не може да влезете ако сте жена. Потполно ја поддржуваме слободата за жените да патуваат, но мора да се помириме со фактот дека жените не се добредојдени секаде во светот“, вели Крузер.
MailOnline Travel направи листа на популарни дестинации во кои жените кои сакаат да патуваат треба да се внимателни:
Индија
Бандите често за свои жртви ги бираат локалните жени, но бројни се случаите на силување туристки. Според некои информации, случај на силување се пријавува секои 20 минути. Порано месецов јапонска студентка беше дрогирана и групно силувана во северна Индија, а минатата седмица туристка од Нигерија беше, исто така, групно силувана во главниот град Њу Делхи.
Бразил
Фасцинантните фотографии од карневалот во Рио де Женеиро се само маска за тоа дека Бразил е една од земјите на светот во која стапката на насилство е многу висока. И кај нив голем е бројот на случаи на силување. Пред две години американска туристка е силувана од банда во јавен автобус додека нејзиното момче го врзале со лисици и не можел да и’ помогне.
Турција
MailOnline Travel наведува дека ова е убава земја, но имаат чуден однос кон жените. Насилството над жените е табу тема.
Тајланд
Милиони туристи ја посетуваат оваа земја секоја година, но она што го шокира светот минатата година е убиството на Британците Дејвид Милер и Хана Вајтриџ, која беше и силувана.
Египет
По настаните од 2011 година во оваа држава карактеристика е нестабилноста во безбедносната состојба. Зголемен е бројто на сексуални напади.
Колумбија
Туризмот во Колумбија е по подем последните години. Иако е посигурна отколку што беше пред 10 години, сепак сексуалното насилство над жените е раширено, посебно во селските средини.
Јужноафриканската Република
Туризмот е во развој во овој дел на африканскиот континент, но оваа земја и понатаму е една од најнесигурните на светот. Голем број случаи на силувања, грабежи, ранувања со пиштол придонесуваат кон тоа. Повеќе од 66 илјади случаи на сексуални напади се забележани во периодот 2012-2013 година.
Мароко
Права за жените речиси и да не постојат во оваа земја. На оние кои патуваат таму им се препорачува да се облекуваат на соодветен начин затоа што жителите на Мароко се конзервативни и религиозни.
Мексико
Иако голем број познати личности, особено од Америка, ја посетуваат оваа земја, стапката на насилство е голема. Пукотници од огнено оружје и силувања во средствата за јавен превоз се честа појава.
Кенија
Својот туризам оваа земја го изгради на промоција на сафари паркови и живот во дивина. Според извештаите, жените во градските и селските подрачја често се изложени на насилство. Околу 32 отсто од девојките се жртви на сексуално насилство пред да станат полнолетни. Чести се и киднапирања на туристи./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

