Забава
Нашол 20 долари, купил лоз и добил милион
Бармен на улица во близина на аеродромот во Сан Франциско нашол банкнота од 20 долари американски долари, за кои купил два лоза и добил милион долари, објави лотаријата на американската сојузна држава Калифорнија.
Хуберт Танг купил две среќки за гребење во продавниците во близина на аеродромот минатата среда и на едната од нив ја освои главната премија. Танг на еден пријател кој во тој момент бил со него во неверица му рекол дека „изгледа, освои милион“ долари.
Танг, кој десет години претходно не играл никакви игри на среќа, вели дека сé уште нема никакви планови што ќе стори со добивката, но во шега вели дека ќе фрла банкноти од 20 долари на улица, па може некому да му се насмевне среќата.
Продавницата во којашто Танг го купил добитниот лоз ќе добие 5.000 долари, изјавиле претставници на лотаријата.
Претходно годинава претставниците на лотаријата беа во потрага по друг среќен добитник кој купил тикет за лотаријата Powerball кој носел, исто така, милион долари но не се јавил да ја подигне добивката./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кристен Бел: Не би била премногу вознемирена ако сопругот ме изневери
Актерката Кристен Бел повторно предизвика контроверзии, овој пат со контроверзна изјава за неверството во нејзиниот брак со колегата актер Дакс Шепард, објавува „Унилад“.
Ѕвездата, која многумина ја сметаат за половина од совршениот пар, наводно рекла дека не би била премногу вознемирена ако нејзиниот сопруг ја изневерува. Изјавата доаѓа кратко откако морала да ги ограничи коментарите на Инстаграм поради негативни реакции на објава за нејзината годишнина од бракот.
„Кого го интересира неверството?“
„Кого го интересира, искрено?“, наводно рекла 45-годишната Бел за неверството. „Исто така знам дека сме мајмуни. И двајцата сме привлечени од други луѓе. Ние сме во брак. Не сме мртви.“
Таа додаде дека не знае дали секој има привилегија да се чувствува толку самоуверено во својата врска, истакнувајќи дека живее според својот „сопствен барометар за тоа што е добро, а што лошо“ за неа.
„Не сме создадени за моногамија“
Ова не е прв пат Бел да зборува за немоногамијата. Во 2017 година, таа изјави за Men’s Health дека е „прилично сигурна дека не сме создадени за моногамија“. „Тешко е и бара многу внимание, ранливост и отвореност“, додаде таа.
Една година подоцна, таа повтори слична мисла во списанието You: „Ги гледам придобивките од моногамно општество, но тешко е затоа што сè уште ве привлекуваат други луѓе“. Бел верува дека притисокот од врската е „олеснет“ ако сфатите дека „привлечноста на вашиот партнер кон некој друг нема никаква врска со вас“.
фото: принтскрин
Забава
Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна
Правната битка меѓу ѕвездите од „Тоа завршува со нас“ има нов епилог. Актерот и режисер Џастин Балдони ја повлече својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување.
Според Ролинг Стоун, федерален судија официјално ја заврши тужбата на Балдони. Неговиот случај првично беше отфрлен во јуни, но му беше дадена можност да ја измени и повторно да ја поднесе. Сепак, судијата Луис Лиман, кој го надгледува случајот, забележа дека Балдони и неговата компанија, „Вејфарер студиос“, не успеаја да го исполнат рокот од 17 октомври или да одговорат на судската наредба.
Додека случајот на Балдони против Лајвли сега е затворен, нејзината тужба против него за сексуално вознемирување и одмазда е сè уште активна и во тек. Балдони ја поднесе својата тужба како одговор на нејзините обвинувања.
Забава
Тамара Глоба предвидува блескав ноември за четири хороскопски знаци
Познатиот руски астролог Тамара Глоба предвидува дека ноември ќе донесе среќа и нов почеток за четири хороскопски знаци – Близнаци, Рак, Вага и Водолија.
Глоба најавува „крај на еден вознемирувачки период и почеток на посветла етапа“, со големи промени и нови можности.
Близнаци – ќе почувствуваат налет на креативна енергија, хармонија во љубовта и финансиска стабилност, но со потреба од внимателност во приватниот живот.
Рак – ќе уживаат во професионален напредок и профитабилни можности; крајот на месецот ќе бара повеќе внимание кон семејството.
Ваги – ги очекуваат нови средби, деловни понуди и лични промени; успехот ќе ги следи ако носат промислени одлуки.
Водолии – ќе имаат поддршка од блиските и пријателите, а во деловниот сегмент ќе им се отворат нови извори на приход.
Според Глоба, ноември ќе биде период на нови можности, финансиска стабилност и личен раст, но ќе бара мудрост и внимателност во одлуките.

