Забава
Натали Портман повторно трудна
Американската актерка Натали Портман и нејзиниот сопруг Бенџамин Милпид очекуваат второ дете, пишува Us Weekly.
Таа прошетала по црвениот тепих на Венецијанскиот филмски фестивал. Портман и нејзиниот сопруг го имаат петгодишниот син Алеф. Се запознаа во 2009 година на снимањето на филмот „Црниот лебед“ на кој Милпид беше кореограф.Портман, родена во Ерусалим во 1981 година, е американска актерка со израелско потекло, а вистинското име и е Натали Херслаг. По завршувањето на студиите во 2003 година се појави со мала улога како воена вдовица во филмот „Студената планина“, а се појави и во филмот „Поблиску“. За овој филм е наградена со Златен глобус за најдобра споредна улога,. а беше номинирана и за Оскар во истата категорија. Портман играше балерина во филмот „Црниот лебед“, а за оваа улога доби Оскар и Златен глобус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Тејлор Свифт се појави во црвен фустан, фановите велат: „Му испрати порака на момчето“
Тејлор Свифт се појави на 67. Греми-награди во црвен фустан, а фановите се убедени дека откриле скриено значење зад нејзиниот избор на фустан. Имено, глобалната поп-ѕвезда на доделувањето на наградите се појави сама, а со неа не беше ни нејзиното момче Тревис Келце, НФЛ-ѕвездата со која е во врска од 2023 година.
Свифт позира на црвениот тепих во краток црвен фустан на Вивиен Вествуд со црвени блескави детали. Комбинацијата ја заокружи со црвен кармин и обетки во истата боја, а на многумина им привлече внимание и огромниот прстен со рубини.
Фановите се убедени дека нејзиниот избор на оваа боја е очигледен знак на поддршка за Келце, кој игра за Канзас Сити Чифс, а црвената боја е нивниот заштитен знак. Сепак, тоа не е единствената порака што ѕвездата наводно му ја испратила на своето момче. На ногата ѝ висеше синџирче со приврзок во форма на буквата „Т“.
„Мини фустан?! Приврзок ‘Т’ на ногата?!? Таа кажа сè“, напиша еден фан на „Твитер“, а друг додаде: „Деталите се сè“.
Забава
(Видео) 22-годишната Клавдија ќе ја претставува Грција на Евровизија
Грците избраа кој ќе ги претставува на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Базел, Швајцарија.
Учествуваа 12 песни, а телевизиската мрежа ЕРТ ги повика граѓаните да гласаат за својот фаворит. Покрај публиката, својот глас го дадоа и членовите на националното и меѓународното стручно жири.
Победник на натпреварот е Клавдија Пападопулу со песната „Астеромата“.
Клавдија доби 44 поени, а второпласираната Евангелија со песната „Вале“ 42 поени.
Забава
(Видео) Скандал на „Греми“: Бјанка Ценсори пристигна гола, полицијата ги избрка и неа и Канје
Канје Вест и Бјанка Ценсори беа избркани од годинешните Греминагради бидејќи Ценсори на црвениот тепих се појави гола, поточно во „фустан“ што апсолутно ништо не криеше, пишува „Дејли мејл“.
30-годишната дизајнерка, која и претходно го привлекуваше вниманието со своите провокативни јавни настапи, пристигна во целосно проѕирен фустан од мрежест материјал, без долна облека – што ги згрози сите присутни на церемонијата, но и корисниците на социјалните мрежи.
Бјанка на почетокот самоуверено чекореше на црвениот тепих облечена во бунда, но потоа ја соблече и им го откри своето голо тело на фотографите.
Kanye West and Bianca Censori made a jaw-dropping appearance at the #GRAMMYs. pic.twitter.com/OFo3Cddiou
— Entertainment Tonight (@etnow) February 2, 2025
Социјалните мрежи беа преплавени со коментари за неа, а имаше и такви што правеа шеги.
trying to remember the last time i seen bianca censori fully clothed pic.twitter.com/7IpkavG3yd
— $𝔩𝔞𝔭☃️ (@slvppy) February 2, 2025
me coming on the tl to find bianca censori naked at the #Grammyspic.twitter.com/0iJJt3DMC6
— lex (@cuntyrhae) February 3, 2025
Bianca Censori every time she’s in public pic.twitter.com/AbF98fDozj
— FarGodN₿A (@FargodNBA) February 2, 2025
The way Bianca Censori has degrees, is smart, and had a suitable career before Kanye and somehow they met and now she walks naked in public is so sad and tragic. pic.twitter.com/yUt0KH7jhg
— stephanie (@estephaniiaa_) February 3, 2025