Контакт

Наука

Европа ја лансираше „Ариана Пет“ во вселената

Објавено пред

Европската вселенска агенција од Куру, Француска Гвајана, во четвртокот ја лансираше ракетата „Ариана Пет“ во вселената. Ова е прво лансирање во вселената за 2020 година, а со „Ариана Пет“ се пренесуваат два телекомуникациски сателити, Конект и ГСАТ-30, во нивните планирани трансфер орбити.

Платформата „Спејсбас Нео“ е резултат на европска соработка со учество и придонес од 17 земји членки на Европската вселенска агенција, со повеќе од 90% од платформата составена во Европа. Досега единаесет сателити на „Неосат“ се веќе продадени, од кои седум се „Спејсбас Нео“. Проектот за партнерство ЕСА создаде исклучителен поврат на инвестициите во државите учеснички на програмата и нивните индустрии.

Сателитот „Конект“ изграден е од „Талес Аленија апејс“ за „Еутелсат“, неговиот комерцијален оператор и е првиот сателит од новата производна линија „Спејсбас Нео“, развиен во рамките на проект управуван од страна на  француската вселенска агенција и ЕСА. Сателитите се дизајнирани да траат до 15 години.

Летот ВА251 беше 107-та мисија на „Ариана Пет“.

„Трката околу вселената“ меѓу САД и Европа продолжува и понатаму. Имено, на 25 јули 2018 година беа лансирани последните четири сателити на системот „Галилео“. Овој проект е од исклучително значење бидејќи има поголема точност од сегашната верзија на американскиот ГПС-систем.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Лекот против маларија помага да се забрза закрепнувањето на пациентите со коронавирус

Објавено пред

Антималарискиот лек „хидроксихлорокин“ покажа ветувачки резултати во лекувањето на новиот коронавирус Ковид-19 помагајќи да се забрза закрепнувањето кај мал број пациенти со лесна форма на болеста, се вели во извештајот од студија објавен во „Њујорк тајмс“.

Во студијата објавена на интернет неделава кинеските истражувачи откриле дека на пациентите на кои им бил даден лекот побргу им поминале кашлицата, треската и пневмонијата отколку на пациентите што не го примиле лекот.

Исто така, според малата студија објавена на серверот medRxiv, која сè уште не поминала ревизија, веројатноста состојбата да стане сериозна кај пациентите третирани со „хидроксихлорокин“ била помала.

Сепак, студијата не вклучува податоци за тешко болни пациенти.

Авторите на студијата велат дека наодите се ветувачки, но дека се потребни повеќе истражувања за тоа како „хидроксихлорокин“ може да влијае во лекувањето на Ковид-19 и како најдобро да се користи.

„Студијата предизвика возбуда во лекарската заедница“, вели д-р Вилијам Шафнер, експерт за заразни болести од Универзитетот „Вандербилт“ за „Тајмс“.

Но, наодите нудат силна поддршка на претходни студии, кои сугерираат на улогата за лекот, додаде Шафнер.

„Мислам дека таа ќе ја зајакне тенденцијата кај многу лекари во целата земја кои не може да ги внесат своите пациенти во клинички испитувања, но веќе почнале со употреба на ‘хидроксихлорокин’“ , вели тој.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го наметна „хидроксихлорокин“ како можен лек што треба да се користи за да се спречи Ковид-19 и нагласи дека тој и уште еден лек против маларија и автоимуни заболувања може многу да сменат.

Најновата студија, спроведена во болницата „Ренмин“ на Универзитетот „Вухан“, во градот од каде што потекнува вирусот, опфатла 62 пациенти со просечна возраст од 45 години и имала контролна група.

Истражувачите се погрижиле да не се вклучат пациенти со медицински проблеми кај кои може да се влоши состојбата ако примат „хидроксихлорокин“, и тоа кај проблеми со срцевиот ритам, некои очни заболувања и проблеми со црниот дроб или бубрезите.

Половина од испитуваните пациенти – контролната група – добиле само вообичаен третман за пациенти со коронавирус, а преостанатите добиле „хидроксихлорокин“ плус вообичаената нега, вклучувајќи кислород, антивирусни лекови и антибиотици.

Кашлицата и треската биле олеснети еден ден порано кај оние што го примале лекот – и пневмонијата се подобрила во 25 од 31 случаи во споредба со 17 од 31 случаи во контролната група.

Болеста влегла во сериозна фаза кај четири пациенти во контролната група.

Прикажи повеќе...

Забава

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Објавено пред

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од процесот на селекција ќе бидат објавени до летото 2021 година.

НАСА регрутира нова екипа на астронаути за својата програма „Артемис“, чија цел е да ја однесе и првата жена на Месечината. Првата екипа на Артемис треба да слета на Месечината до 2024 година, а потоа наредната екипа ќе се испраќа секоја година.

„Следната класа астронаути, генерацијата Артемида, ќе ни овозможи да истражиме нови области на Месечината, а таа ќе нè однесе и до Црвената планета“, вели Џим Бриденштајн, директор на НАСА.

Во 2017 година, од 18.300 кандидати, биле избрани 12 за астронаути, а 11 ја завршиле обуката до крај. Траела до јануари годинава. Пријавените мора да бидат американски државјани и да имаат најмалку магистратура во научни дисциплини, технологија или математика, а ќе бидат примени и лекари и пилоти. Во моментот НАСА има 48 активни астронаути.

Прикажи повеќе...

Забава

Германска студија покажа дека коронавирусот не може да опстане во воздухот

Објавено пред

Ширењето на коронавирусот во Германија, но и во светот, предизвикува несигурност и неизвесност кај граѓаните, но охрабрувачки вести пристигнуваат од Центарот за вирусологија во Бон, од каде што ги соопштија првите резултати од истражувањето за вирусот направено со цел да може добро да се процени ситуацијата.

Студијата спроведена од лекарите во овој Центар откри дека коронавирусот не се задржува во воздухот, што значи дека не може да се вдише, исто така не останува на овошје, зеленчук, леб, туку главниот пат за пренесување на инфекцијата е преку капки, пренесува босански „Аваз“.

Ова може да се случи преку директен контакт со заразена личност, а често и преку контакт со рацете, така што по контакт со заразен човек, се допираат носот и лицето…

На површини како пластика и метал вирусот останува максимум три часа по што се суши, а во вода останува подолго.

Според студијата, коронавирусот долго време опстанува на ВЦ-школки, мијалници, во кујната и на сите влажни површини бидејќи влагата го одржува во живот.

Она што граѓаните треба да го знаат е дека останува и на облека, но, дефинитивно, досега не е пријавен случај на инфекција преку алишта.

Засега единствен докажан метод на пренесување на вирусот е директен контакт со заразено лице.

Носењето маски и раквици е индивидуална одлука на секој човек, но нема потреба од тоа, особено доколку одржувате доволно растојание од луѓето и ако редовно ги миете рацете кога ќе се вратите дома.

Истражувачите велат дека луѓето што страдаат од акутна респираторна инфекција, а мора да се движат надвор, треба да носат маски за лице бидејќи ова би било корисно за да се намали ризикот од инфекција со капки од кашлање или кивање на други луѓе.

Како и кај грипот и другите акутни респираторни инфекции, експертите препорачуваат да се одржува растојание од еден до два метра од другите луѓе, особено оние што имаат одредени симптоми, како кивање или кашлање.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија2 часа

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Македонија2 часа

Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават присилно отпуштање

Бидејќи некои од работодавците на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона-кризата, Државниот инспекторат...

Економија3 часа

(Видео) Лицата што останале без работа добиваат брз влез во системот на социјална заштита

Лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија...

Економија4 часа

Бектеши: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, резерви храна има доволно

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека ќе се укине забраната за извоз на брашно. Тој рече дека од почетокот...

Македонија4 часа

Град Скопје се откажа од кредитот за луна-паркот, ја намали и таксата за закуп на јавен простор

Град Скопје ја намали комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што...

Економија5 часа

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на...

Македонија7 часа

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка...

Регион7 часа

„Твитер“ избриша повеќе од 8.500 налози поврзани со Вучиќ

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8.500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија....

Регион7 часа

Расте бројот на бугарски пратеници заразени со вирусот

Уште двајца бугарски парламентарци се позитивни на тестот на коронавирусот. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централнодесничарска...

Свет8 часа

Трамп незадоволен кога затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и во Пенсилванија...

Свет8 часа

Кинеските власти објавија 31 нов случај на коронавирус

Кинеските власти соопштија дека има пријавено 31 нов случај на коронавирус, при што 29 се поврзани со лица од странство,...

Регион9 часа

Сасоли: ЕУ бара начин како да му помогне на Западен Балкан да се справи со пандемијата

„Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата со Ковид-19. Глобалните проблеми не може да имаат национални решенија...

Свет19 часа

Британија го зголемува бројот на дневни тестирања на 100.000

Британскиот министер за здравство вети за десетпати дека ќе го зголеми бројот на дневните тестирања на коронавирус, со што до...

Свет20 часа

Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“. Од...

Македонија23 часа

На коронавирус позитивен психијатар од Демир Хисар, колегите од болницата испратени во изолација

Во Психијатриската болница во Демир Хисар доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство,...

Свет1 ден

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Економија1 ден

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои...

Економија1 ден

(Видео) По 14.500 денари месечно за вработен за април и мај или 50 отсто од трошоците за придонеси

Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно за вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата или...

Економија1 ден

Спасовски: Со уредба ќе ги замрзнеме кредитите ако банките го гледаат само својот интерес

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите....

Досие