Контакт

Наука

Во Париз се тестира летечко екотакси

Објавено пред

Фото: YouTube

Зголеменото ниво на загаденост во Париз инспирира една стартап-компанија да бара други решенија за превоз преку реката Сена.

dobivaj vesti na viber

Летечкото такси „Бабл“ работи на електрична енергија, не загадува и е тивко. За изработка на едно вакво такси потребни се 200.000 евра, а тоа може да достигне брзина и до 18 јазли (33 км/ч). Тест-возењата во Париз моментно се ограничени на 28 км/ч.

Услугата би можела да почне од наредната пролет, информира кабинетот на градоначалникот на Париз. Стартапот „Сибаблс“ во понеделникот веќе го почна 4-дневното тестирање по реката Сена.

Сепак, компанијата вели дека не оди се според планот. Уште при првиот ден по почнувањето на тест-возењата, париската полиција ѝ наредила на компанијата да го сопре „Бабл“.

Косопственикот на фирмата, Алан Тебол, вели дека проблемите со регулативата во Париз го забавиле прогресот, па така компанијата вели дека проектот ќе продолжи да го развива во Швајцарија и САД, а не само во Франција.

„Чекаме одобрување за да воспоставиме комерцијална линија од исток до запад, но, видете, нема никој на реката“, вели Тебол, па додава дека Франција полека станува како музеј, каде што технолошките иновации се подложни на прекомплицирани регулативи.

Париз е град што ја има една од најгустите мрежи за јавен превоз во светот, со над 650 возови кои истовремено возат во метежот, а според една превозна компанија, во 2016 година во регионот на Париз регистрирани се 4,7 милијарди патувања со јавен превоз.

Париз воведе строги мерки со кои се бори против загадувањето, па така забрани возење автомобили со дизел-мотори регистрирани меѓу 2001 и 2005 година и камиони меѓу 2005 и 2009 во пределот на обиколницата А86.

Градскиот совет има цел комплетно да ги замени класичните автомобили со возила на електричен погон или водородно гориво до 2030.

Наука

230 милиони луѓе живеат во опасност од топењето на ледените покривки

Објавено пред

Ново истражување покажува дека светските ледени покривки на Гренланд и Антарктикот се топат и се поместуваат. Ова може да предизвика пораст на нивото на морето и големи миграции од крајбрежните области.

dobivaj vesti na viber

Научниците сакале да дознаат која е „безбедната граница“ на глобалното затоплување за опстанокот на ледените покривки. Тие ги користеле податоците од сателити, климатски модели и други извори, дури и ДНК од октоподи.

Резултатите се загрижувачки. Дури и ако светот успее да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, ледениот покрив може да продолжи да се топи брзо. Тоа ќе доведе до зголемување на нивото на морето, што ќе има сериозни последици.

Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот имаат доволно мраз што може да го подигне нивото на морето за околу 65 метри. Топењето на мразот е главната причина за порастот на морската вода. За последните 30 години, порастот на морето се забрзал двојно.

Околу 230 милиони луѓе живеат на помалку од еден метар надморска височина. Зголемувањето на морето ќе ги натера многу да се иселат од крајбрежните области.

Научниците велат дека е тешко точно да се предвиди кога ќе дојде до голем колапс на ледените покривки. Но, знаат дека опасноста постои и дека „безбедните“ температурни прагови сè повеќе се намалуваат.

Првично се мислеше дека покривките ќе се дестабилизираат при зголемување од околу 3 степени, но сега истражувачите сметаат дека не е доволно е ни 1,5 степен.

За да се спречи брз колапс, светот треба да го ограничи затоплувањето на најмногу еден степен над прединдустриското ниво. За тоа е потребно драстично намалување на согорувањето на фосилни горива. Сепак, тоа изгледа тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, сè уште користат нафта, јаглен и гас.

Прикажи повеќе...

Наука

Научниците открија на која возраст лошите навики почнуваат сериозно да му штетат на здравјето

Објавено пред

Лошите навики како што се пушењето, консумирањето алкохол и физичката неактивност почнуваат сериозно да го оштетуваат здравјето од 36-годишна возраст, според новата студија на фински истражувачи од Универзитетот Лауреа.

dobivaj vesti na viber

Во студија која ги следела учесниците родени во 1959 година до нивната 61 година, било утврдено дека оние кои пушеле, пиеле и воделе пасивен начин на живот подолго време почесто завршувале со сериозни физички и ментални заболувања, пишува Net.hr.

„Колку порано престанеме со ризичните навики, толку се поголеми шансите за здрава и исполнета старост“, вели д-р Тија Кекелаинен. Иако, како што наведува тој, никогаш не е предоцна да се премине на поздрави навики – придобивките се забележуваат и кога промените се случуваат во средната возраст.

Студијата, исто така, откри дека:

– Физичката неактивност има најголемо влијание врз лошото физичко здравје,
– Пушењето генерално е поврзано со влошување на менталното здравје,
– Алкохолот има негативен ефект и врз физичката и врз менталната состојба.

Научниците забележуваат дека лошите навики и лошото здравје честопати се поврзани во двата правци – депресијата и болестите можат да доведат до пушење и алкохол, а истите навики можат да ги продлабочат здравствените проблеми.

Иако истражувањето се однесувало на генерацијата родена кон крајот на педесеттите години, резултатите даваат важни предупредувања за денешните помлади генерации, чии ризични навики вклучуваат феномени како што е вејпирањето.

Прикажи повеќе...

Наука

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Објавено пред

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело

Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.

Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.

Зошто се толку штетни ПМ честичките?

ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.

Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.

2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.

3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.

4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.

5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.

Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.

2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

3. Користете домашни прочистувачи на воздух.

4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.

5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.

6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.

7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.

8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.

9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Пакуван помфрит со поминат рок требало да се продава на македонскиот пазар, АХВ го спречи увозот и го уништи

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат...

Регион2 часа

Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови

Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес...

Македонија14 часа

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Институтот за јавно здравје издаде препораки за населението во поплавените подрачја, со посебен акцент на безбедната употреба на вода, личната...

Свет16 часа

Американскиот план за Украина бара дополнителна работа, велат западните челници

Американскиот план за Украина бара дополнителна работа, се согласија челниците на 11 земји и ЕУ во заедничка изјава по состанокот...

Регион21 час

(Видео) Снежните врнежи го парализираа регионот: застои во сообраќајот во Сараево, автомобили заглавени кај Сплит

Обилните снежни вренежи предизвикаа проблеми во регионот, а снег падна во Босна и Херцеговина и Хрватска, каде што дојде до...

Македонија21 час

Настапувал без дозвола: Аца Лукас приведен на концерт во Кавадарци

Српскиот пејач Аца Лукас синоќа бил приведен во Кавадарци околу 00:10 часот, за време на настап во угостителски објект. Според...

Македонија22 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа Кацарска поради предметот за линеарното зголемување на пензиите, од Уставен велат дека прозивките се преседан

На прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека уставната судијка Добрила Кацарска бара укинување на зголемувањето...

Македонија24 часа

Поплавени 50 домови во Ресен, под вода земјоделски површини и во Демир Хисар, во Прилеп паднал таван од куќа

Според информациите на Центарот за управување со кризи до 8 часот, обилните врнежи предизвикаа локални излевања, поплави и прекини во...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова со честитка: Албанскиот јазик е важен дел од мултиетничкиот мозаик на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја важноста на албанскиот јазик...

Свет1 ден

Трамп: Украина треба да го прифати мировниот план за да заврши војната

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го коментираше мировниот договор со САД, за кој рече дека Украина треба да го...

Македонија1 ден

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m²...

Македонија2 дена

(Видео) Во Ресенско поплавени над 50 куќи, магацински простори и земјоделско земјиште, состојбата се следи во сите засегнати региони, соопшти ЦУК

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор...

Свет2 дена

Путин: Планот на Трамп може да биде основа за решение на конфликтот во Украина

Москва го има текстот на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на спорот, кој би можел да биде...

Топ2 дена

Српски државјанин осомничен за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето...

Свет2 дена

Трамп: Четврток е соодветниот рок за Украина да го прифати мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти четврток, 27 ноември, е соодветниот рок за Украина да го прифати...

Регион2 дена

Припаѓате во ЕУ со полнo правo: Кос до земјите од Западен Балкан

Европа не може да биде безбедна без Западен Балкан, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос, наведувајќи дека државите од...

Македонија2 дена

Мицкоски: Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови

Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови, изјави премиерот Христијан Мицкоски,...

Македонија2 дена

Нема повеќе вработувања со телефонски повик „сакам моето дете да биде ваков или онаков доктор“, Алиу ги преброи лекарите во државата

Тргнувајќи од ставот дека здравството не може да се реформира на слепо, министерот за здравство Азир Алиу денес презентира резултати...

Топ2 дена

Жена повредена на концерт во КИЦ кога од таван паднала вентилациска решетка

Жена на возраст од 46 години била повредена за време на концерт во Културно-информативниот центар во Скопје, кога врз неа...

Македонија2 дена

(Видео) Манасиевски: Со барањето за зголемување на платите еден судија би примал 160.000 денари, а претседател на суд 360.000

Правосудството наместо да работи за граѓаните и во нивен интерес да ја носи правдата без тој целиот процес да трае...