Забава
Маларијата може да се искорени во следните 30 години, сметаат експертите
Маларијата може да се искорени до 2050 година и Светската здравствена организација не би требало да бега од оваа цел од епски размери, порачаа глобални здравствени експерти.
Во голем извештај, кој е во спротивност со заклучоците од минатогодишниот извештај на СЗО за маларија, 41 експерт рекол дека маларијата, една од најстарите и најсмртоносни болести во светот, може да се искорени најрано до 2050 година.
За да се исполни оваа цел, владите, научниците и лидерите во јавните здравства мораат да вложат повеќе пари и иновации во борбата против болеста и комарците кои ја пренесуваат, стои во извештајот и се додава дека за тоа е потребна амбиција, посветеност и партнерство како никогаш досега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кендал Џенер: Бев многу љубоморна на сестра ми Кајли
Манекенката Кендал Џенер во новата епизода на реалити-серијата The Kardashians откри дека како тинејџерка била љубоморна на својата помлада сестра Кајли, затоа што родителите имале многу полабав однос кон неа.
„Кајли пушеше трева пред мене, и јас се налутив. ѝ реков: ‘Ти си дегенерик!’“, раскажа Кендал, додавајќи дека вистинската причина била љубомората — „бев љубоморна што не бев толку слободоумна како неа“.
На крај, призна дека и самата им се придружила и дека „си поминале супер“. Според неа, тогаш имале само 16 и 14 години.
Кајли потврди дека, како најмладо дете, успевала да избегне многу родителски правила. „Мама беше построга со постарите, а со мене веќе беше поопуштена,“ рече таа, додавајќи низ смеа дека Кендал во тие години била „вистински хејтер“.
Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.
Забава
Џон Бон Џови: Не сум правел естетски зафати и не планирам
Рок ѕвездата Џон Бон Џови (68) во подкастот How to Fail зборуваше за стареењето и односот кон естетските зафати. Тој изјави дека никогаш не би се подложил на операции или ботокс.
„Никогаш нема да одам на операции. Косата ми е седа, но барем ја имам. Немам направено ништо — ни ботокс, ни корекција на очи или усни. Не ме интересира тоа“, рече пејачот.
Бон Џови додаде дека го мрази фарбањето коса.
„Пред околу 13 години решив да ја оставам природна.“
Иако призна дека не е целосно задоволен кога ги гледа своите стари фотографии, рече дека најважно му е здравјето: „Може секогаш да заработиш пари или да напишеш песна, но здравјето е клучот на универзумот.“
Во интервјуто спомена и дека ужива во новата улога на дедо, откако неговиот син Џејк и актерката Мили Боби Браун ова лето посвоиле ќерка.

