Контакт

Наука

На 28 години откри лек што може да спаси милиони животи, а сега нејзе ѝ се избројани деновите

Објавено пред

Кирсти Смитен сонува еден ден да добие Нобелова награда за својата научна работа – и со право, имајќи предвид дека нејзината работа може да спаси милиони животи, пишува Дејли Мејл.

dobivaj vesti na viber

На само 28 години, таа постигна нешто што не беше направено речиси 40 години: создаде нова класа на антибиотици. Форб ја прогласи за научник на годината. Кирсти ја предводи борбата против антимикробната резистенција, која Светската здравствена организација ја нарекува една од најголемите закани за глобалното здравје, поради која бактериите, вирусите, габите и паразитите еволуираат со текот на времето и повеќе не реагираат на лекови.

Но, оваа исклучителна биохемичарка сега мора да се соочи со фактот дека можеби нема да доживее да добие никакви признанија. На Кирсти и дадоа само неколку месеци живот откако и беше дијагностициран рак на срцето, терминална болест толку ретка што им се случува на само две лица годишно во Британија.

– Како? Како се случи ова? – праша Кирсти пред новинарите на Дејли Мејл за време на нејзиното опоравување меѓу циклусите на хемотерапија. – Се хранам здраво. Не пијам многу, не пушам. И пред мојата дијагноза спортував секој ден – тврди таа. – Нема зборови со кои може да се опише колку сум тажна што можеби нема да гледам како потенцијално ја добиваме Нобеловата награда. Мојата единствена надеж е работата да продолжи без мене. Сигурна сум дека ќе биде така – додаде таа.

Што успеа Кирсти

Бактериите отпорни на лекови, како што е MRSA, веќе се виновни за повеќе од еден милион смртни случаи секоја година, а се предвидува дека оваа бројка може да се зголеми на десет милиони до 2050 година.

Со својот тим во Metallo Bio, компанија што ја основала со поддршка на нејзиниот ментор за докторските студии на Универзитетот во Шефилд, Кирсти развила две антибиотски соединенија за лекување на бактериски инфекции, вклучувајќи пневмонија и менингитис, кои станале отпорни на лекови кои вообичаено се користат за лекување нив, како и инфекции кои се развиваат во раните и по операциите.

Откако ќе се покаже успешен во лабораториските и тестирањата на животни, следната фаза во развојот ќе бидат испитувањата на луѓе, почнувајќи со пневмонија стекната во болница. Доколку се покаже ефикасно, како што се очекува, Кирсти се надева дека третманот ќе биде лиценциран до 2030 година.

Брилијантен научник

Оваа брилијантна научничка, која има докторат по хемија и беше вклучена на престижната листа од 30 научници на Форбс во 2020 година, во слободното време собира пари за банки за храна.

Таа има многу повеќе да му понуди на светот, но како научник, Кирсти е прагматичарка. Таа знае дека нејзиниот рак е предизвикан од ретка генетска мутација, а не од нејзиниот животен стил. Токму овој бес ја тера да се нурне во истражување и да се обиде да купи што повеќе дополнително време со истата истрајност што на крајот може да помогне да се спаси светот од антимикробната отпорност.

– Се лутам на пријателите ако кажат „не се чувствувам добро денес“, вели Кирсти, прегледувајќи ја канилата сега трајно фиксирана во вена на десната рака. – Тоа да му го кажат на некој друг, – изјави Кирсти. – Понекогаш се лутам. Гледав вести за осуден силувач пред некоја вечер и се вознемирив сакајќи да знам зошто ми дадоа само неколку месеци живот кога има луѓе како него во светот. Тоа е тотална неправда. Но, и покрај тоа, ова не би му го посакала ниту на најлошиот човек на светот – објаснува таа.

Болеста…

Инаку, Кирсти има срцев ангиосарком – тумор. Доколку се одлучи за хируршка процедура за отстранување, постои значителен ризик да искрвари до смрт. А ако ја преживеала операцијата, би можела да живее само уште неколку години. Овој тип на тумор повторно ќе порасне и најверојатно ќе се прошири или пукне, што ќе предизвика нејзиното срце да откажува.

Иако наследството на Кирсти може да спаси милиони животи, таа сега нема да добие шанса да ги исполни своите други амбиции: да се заљуби, да се смири и да има семејство.

– Неплодна сум, благодарение на третманот. Немаше време да се извади јајце клетката – рече таа и додаде дека е сингл и тврди дека не би било фер да биде во врска без да знае уште колку време за живот ѝ преостанува.

„Не се плашам да кажам – крајот е многу блиску…“

Првиот навестување дека нешто сериозно не е во ред дојде минатиот ноември, кога Кирсти ноќта се разбуди со болки во градите. Во тоа време, нејзиното семејство тагуваше за ненадејната смрт на нејзиниот навидум здрав татко, Кевин, 61-годишен пензиониран бизнисмен кој доживеа срцев удар три недели претходно додека играше фудбал во Португалија.

Мајката на Кирсти, Шерон, ја однела во А&Е во болницата Бирмингем Хартлендс во близина на нивниот дом во Солихал.

Кирсти играше фудбал и хокеј секој ден и редовно ја посетуваше нејзината теретана, па докторот рече дека мисли дека нејзините болки се веројатно истегнат мускул на градниот кош и планира да ја испрати дома со лекови против болки. Но, Кирсти, која можеби има повеќе разбирање за човечкото тело од повеќето, одби да оди, инсистирајќи на тоа дека болката е премногу интензивна и бара рендген, што е соодветно направено. Лекарот направил и крвни тестови.

Неколку часа подоцна, двајца консултанти ја однеле во соба каде и објасниле дека факторот на згрутчување во крвта и е покачен, што може да значи белодробна емболија, потенцијално фатално згрутчување во белите дробови. Тие исто така рекоа дека десната преткомора во нејзиното срце е три пати поголема отколку што треба да биде.

– По скенирањето, го видов консултантот и ми рече: „Добра вест, немаш белодробна емболија, но најдовме маса долга шест сантиметри во вашиот медијастинум, просторот во градите што го држи срцето“. – раскажа таа. – Рече дека може да бидат многу работи, освен рак. Но, мислам дека и во тој момент знаев каква судбина ме чека – заклучува Кирсти.

Следеше магнетна резонанца, на Кирсти и беше кажано дека масата е неправилна и дека акумулирала многу боја што лекарите ја користеле за да го направат скенирањето повидливо, а сето тоа се лоши знаци. Таа разбра повеќе за ужасните импликации отколку нејзината мајка и постарите браќа, Мет и Ден.

– Онкологијата добро ја познавам преку мојата работа и сфатив дека тоа значи дека е канцерогено. Го предупредив семејството дека масата со неправилна форма која собира многу боја навистина не е добра вест – објаснила таа.

Поради деликатната локација на туморот и ризикот од сериозно крварење, Кирсти била подложена на бројни процедури пред да ја добие терминалната дијагноза.

– Ми требаа три месеци, седум снимки, 15 тестови на крвта и голема операција на срцето за да ми биде дијагностициран ангиосарком – вели Кирсти, додавајќи дека тоа е најагресивниот вид сарком или, како што таа го нарекува, „смртна казна“.

– Ми рекоа дека ми остануваат уште само седум месеци живот – објасни таа.

Од нејзината дијагноза на 8 февруари, Кирсти поминала шест тури на хемотерапија и зема 48 таблети дневно за ублажување на болката, против гадење, антациди, антихистамин за да го олесни осипот од хемотерапијата и железо за нејзиниот низок број на црвени крвни зрнца – сето тоа знае дека не може да ѝ го спаси животот.

– Работам во медицината и никој не сака да финансира нешто од што ќе има корист само еден човек од 36 милиони, мојот рак е толку редок – објасни таа. Пред шест месеци, немав поим дека можеш да добиеш рак на срцето, а јас сум медицински научник. Не е ни чудо што требаше долго време за да се дијагностицира и немаше третман за тоа – објасни таа.

Кирсти би сакала да го помине преостанатото време на подигање на свеста за срцевиот ангиосарком, во стилот на Дебора Џејмс, која неуморно водеше кампања за подигање на свеста за ракот на дебелото црево пред да умре од оваа болест минатата година на 40-годишна возраст.

„И порано се соочував со тешки предизвици“, рече Кирсти.

– Веројатноста да најдам успешна алтернатива на антибиотиците секако не беше голема, а мојот тип на рак погодува само еден од 20 милиони луѓе. Всушност, мојот општ лекар се пошегува дека, со моето искуство, можеби вреди да се купи ливче за лото – раскажа таа.

– Не е во моја природа да се откажувам, па ќе продолжам да работам и да се борам со ова се додека можам – заклучи таа.

Наука

230 милиони луѓе живеат во опасност од топењето на ледените покривки

Објавено пред

Ново истражување покажува дека светските ледени покривки на Гренланд и Антарктикот се топат и се поместуваат. Ова може да предизвика пораст на нивото на морето и големи миграции од крајбрежните области.

dobivaj vesti na viber

Научниците сакале да дознаат која е „безбедната граница“ на глобалното затоплување за опстанокот на ледените покривки. Тие ги користеле податоците од сателити, климатски модели и други извори, дури и ДНК од октоподи.

Резултатите се загрижувачки. Дури и ако светот успее да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, ледениот покрив може да продолжи да се топи брзо. Тоа ќе доведе до зголемување на нивото на морето, што ќе има сериозни последици.

Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот имаат доволно мраз што може да го подигне нивото на морето за околу 65 метри. Топењето на мразот е главната причина за порастот на морската вода. За последните 30 години, порастот на морето се забрзал двојно.

Околу 230 милиони луѓе живеат на помалку од еден метар надморска височина. Зголемувањето на морето ќе ги натера многу да се иселат од крајбрежните области.

Научниците велат дека е тешко точно да се предвиди кога ќе дојде до голем колапс на ледените покривки. Но, знаат дека опасноста постои и дека „безбедните“ температурни прагови сè повеќе се намалуваат.

Првично се мислеше дека покривките ќе се дестабилизираат при зголемување од околу 3 степени, но сега истражувачите сметаат дека не е доволно е ни 1,5 степен.

За да се спречи брз колапс, светот треба да го ограничи затоплувањето на најмногу еден степен над прединдустриското ниво. За тоа е потребно драстично намалување на согорувањето на фосилни горива. Сепак, тоа изгледа тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, сè уште користат нафта, јаглен и гас.

Прикажи повеќе...

Наука

Научниците открија на која возраст лошите навики почнуваат сериозно да му штетат на здравјето

Објавено пред

Лошите навики како што се пушењето, консумирањето алкохол и физичката неактивност почнуваат сериозно да го оштетуваат здравјето од 36-годишна возраст, според новата студија на фински истражувачи од Универзитетот Лауреа.

dobivaj vesti na viber

Во студија која ги следела учесниците родени во 1959 година до нивната 61 година, било утврдено дека оние кои пушеле, пиеле и воделе пасивен начин на живот подолго време почесто завршувале со сериозни физички и ментални заболувања, пишува Net.hr.

„Колку порано престанеме со ризичните навики, толку се поголеми шансите за здрава и исполнета старост“, вели д-р Тија Кекелаинен. Иако, како што наведува тој, никогаш не е предоцна да се премине на поздрави навики – придобивките се забележуваат и кога промените се случуваат во средната возраст.

Студијата, исто така, откри дека:

– Физичката неактивност има најголемо влијание врз лошото физичко здравје,
– Пушењето генерално е поврзано со влошување на менталното здравје,
– Алкохолот има негативен ефект и врз физичката и врз менталната состојба.

Научниците забележуваат дека лошите навики и лошото здравје честопати се поврзани во двата правци – депресијата и болестите можат да доведат до пушење и алкохол, а истите навики можат да ги продлабочат здравствените проблеми.

Иако истражувањето се однесувало на генерацијата родена кон крајот на педесеттите години, резултатите даваат важни предупредувања за денешните помлади генерации, чии ризични навики вклучуваат феномени како што е вејпирањето.

Прикажи повеќе...

Наука

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Објавено пред

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело

Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.

Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.

Зошто се толку штетни ПМ честичките?

ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.

Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.

2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.

3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.

4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.

5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.

Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.

2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

3. Користете домашни прочистувачи на воздух.

4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.

5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.

6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.

7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.

8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.

9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

„Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат Заев и Филипче во публика во Гармиш-Партенкирхен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита...

Македонија54 минути

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека аеродрoмот Св. Апостол Павле во Охрид конечно...

Македонија3 часа

Осум месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов-Сокол, условни казни за обвинетите полицајци

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ и актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот...

Македонија3 часа

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани како сенка ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски, повредените, а најмногу, правдата

Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на преобразба, државата има потреба од одговорност

Годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици. Година во која државата мораше прво да...

Македонија4 часа

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од...

Македонија6 часа

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 63 загинати и над 200 повредени е настан што ја одбележа 2025 година

2025 година ќе остане запаметена по тешката трагедија што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која...

Македонија6 часа

СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија. „По...

Македонија7 часа

Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево,...

Свет7 часа

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и...

Свет8 часа

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот...

Свет8 часа

Франција купува авиони за рано предупредување од Сааб за 1,14 милијарди евра

Франција потпиша договор со шведската одбранбена компанија Сааб за купување на два авиони за рано предупредување во вредност од околу...

Свет8 часа

Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра

Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин,...

Економија21 час

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија1 ден

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ1 ден

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија1 ден

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија1 ден

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија1 ден

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет1 ден

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...