Контакт

Забава

Париз можеби е град на светлината, но смрди

Објавено пред

Градските власти, во главниот град на Франција, Париз, објавија дека ќе го зголемат бројот на јавни тоалети, кои ќе бидат отворени 24 часа дневно, со што ќе им олеснат на бројните турсити и жители, а секако ќе ја намалат и смрдата на урина.

dobivaj vesti na viber

Тоалет во Париз е тешко да се најде, доцна навечер, па многумина се осудуваат да мократ на градските улици.Тоа е практика која Французите ја викаат диво мокрење (pipi sauvage), што со новата мерка на градот, треба да замине во заборав.Новиот план предвидува поставување 170 автоматизирани јавни тоалети, ова лето.Исто така, властите планираат да отворат 50 тоалети кои ќе бидат лоцирани на најпрометните места. Употребата на јавните тоалети од 2011 година се зголемила за 41 отсто, но луѓето не се многу задоволни од нив.„Тие често смрдат на урина и не сакаш баш да си близу нив“, вели еден таксист за Le Parisien.„Јас сум ги користел еднаш, да бидам искрен, и нема уште еднаш моја нога да стапне во нив, освен ако е ептен неопходно“, вели жител од центарот на градот.Без разлика како се чувствувате кога ги користите јавните тоалети, казната за мокрење на диво, се казнува, а во 2014 година биле казнети 2.189 луѓе, додека во 2015 година, 2.511 луѓе биле казнети во Париз. Казната е зголемена од 35 евра на 68 евра, па екој кој ќе одлучи на мокри на улица, ќе размисли два пати за тоа./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Кристен Бел: Не би била премногу вознемирена ако сопругот ме изневери

Објавено пред

Актерката Кристен Бел повторно предизвика контроверзии, овој пат со контроверзна изјава за неверството во нејзиниот брак со колегата актер Дакс Шепард, објавува „Унилад“.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата, која многумина ја сметаат за половина од совршениот пар, наводно рекла дека не би била премногу вознемирена ако нејзиниот сопруг ја изневерува. Изјавата доаѓа кратко откако морала да ги ограничи коментарите на Инстаграм поради негативни реакции на објава за нејзината годишнина од бракот.

„Кого го интересира неверството?“

„Кого го интересира, искрено?“, наводно рекла 45-годишната Бел за неверството. „Исто така знам дека сме мајмуни. И двајцата сме привлечени од други луѓе. Ние сме во брак. Не сме мртви.“

Таа додаде дека не знае дали секој има привилегија да се чувствува толку самоуверено во својата врска, истакнувајќи дека живее според својот „сопствен барометар за тоа што е добро, а што лошо“ за неа.

„Не сме создадени за моногамија“
Ова не е прв пат Бел да зборува за немоногамијата. Во 2017 година, таа изјави за Men’s Health дека е „прилично сигурна дека не сме создадени за моногамија“. „Тешко е и бара многу внимание, ранливост и отвореност“, додаде таа.

Една година подоцна, таа повтори слична мисла во списанието You: „Ги гледам придобивките од моногамно општество, но тешко е затоа што сè уште ве привлекуваат други луѓе“. Бел верува дека притисокот од врската е „олеснет“ ако сфатите дека „привлечноста на вашиот партнер кон некој друг нема никаква врска со вас“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна

Објавено пред

Правната битка меѓу ѕвездите од „Тоа завршува со нас“ има нов епилог. Актерот и режисер Џастин Балдони ја повлече својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување.

dobivaj vesti na viber

Според Ролинг Стоун, федерален судија официјално ја заврши тужбата на Балдони. Неговиот случај првично беше отфрлен во јуни, но му беше дадена можност да ја измени и повторно да ја поднесе. Сепак, судијата Луис Лиман, кој го надгледува случајот, забележа дека Балдони и неговата компанија, „Вејфарер студиос“, не успеаја да го исполнат рокот од 17 октомври или да одговорат на судската наредба.

Додека случајот на Балдони против Лајвли сега е затворен, нејзината тужба против него за сексуално вознемирување и одмазда е сè уште активна и во тек. Балдони ја поднесе својата тужба како одговор на нејзините обвинувања.

Прикажи повеќе...

Забава

Тамара Глоба предвидува блескав ноември за четири хороскопски знаци

Објавено пред

Познатиот руски астролог Тамара Глоба предвидува дека ноември ќе донесе среќа и нов почеток за четири хороскопски знаци – Близнаци, Рак, Вага и Водолија.

dobivaj vesti na viber

Глоба најавува „крај на еден вознемирувачки период и почеток на посветла етапа“, со големи промени и нови можности.

Близнаци – ќе почувствуваат налет на креативна енергија, хармонија во љубовта и финансиска стабилност, но со потреба од внимателност во приватниот живот.

Рак – ќе уживаат во професионален напредок и профитабилни можности; крајот на месецот ќе бара повеќе внимание кон семејството.

Ваги – ги очекуваат нови средби, деловни понуди и лични промени; успехот ќе ги следи ако носат промислени одлуки.

Водолии – ќе имаат поддршка од блиските и пријателите, а во деловниот сегмент ќе им се отворат нови извори на приход.

Според Глоба, ноември ќе биде период на нови можности, финансиска стабилност и личен раст, но ќе бара мудрост и внимателност во одлуките.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната и ние сме вашата опција, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60...

Македонија7 часа

(Видео) Фатмир Дехари падна од народот кој се обедини против раскалашеноста и недомаќинското работење, рече Мицкоски за победата во Кичево

Премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва многу порано отколку во првиот круг прогласи голема победа на...

Македонија8 часа

Орце Ѓорѓиевски: Скопје е ослободено!

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја слави победата на денешните избори. Тој вели дека вечерва...

Македонија8 часа

(Видео) Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва во изјава за медиумите потенцираше дека денеска...

Македонија9 часа

(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата. Од обработени 97,69% досега,...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите....

Македонија9 часа

Митески: Голема победа во Аеродром со 18 илјади гласа

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески упати благодарност за можноста да ја води општината во...

Македонија9 часа

Тошковски ги оцени изборите како најмирни во последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени

Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително...

Македонија10 часа

(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје

Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и...

Uncategorized10 часа

Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски

Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над...

Македонија11 часа

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто, соопшти Државната изборна комисија....

Македонија11 часа

Мицкоски: Ова е ден кога народот зборува

Денеска го исполнивме нашето демократско право, правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од...

Македонија11 часа

Сиљановска-Давкова: Имавме европски избори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денешните избори ги оцени како европски. „Имавме европски избори“, напиша таа на социјалните мрежи откако го оствари...

Топ15 часа

МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница

МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски. Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од...

Топ16 часа

53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран

Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55)...

Топ17 часа

Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал

31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата. Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник...

Свет18 часа

Полицијата ги објави првите детали за напаѓачите од возот во Англија

Две лица сè уште се борат за живот по масовниот напад со нож во воз помеѓу Донкастер и Лондон вчера...

Македонија20 часа

Четири општини останаа без гласање, повторени избори во рок од 60 дена

Денеска нема да се одржи гласање во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради недоволна излезеност во...

Свет21 час

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на нигериското раководство со можна воена интервенција, доколку, како што рече, владата продолжи...

Свет22 часа

Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден

Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во...