Забава
Пцовиса Зевс, најголемиот пес на светот

Песот Зевс, германската дога којашто во 2012 година беше вброена во Гинисовата книга на рекордите како најголемо куче на светот, пцовиса во петтата година од живот, објавија локалните медиуми во Мичиген.
Гигантскиот пес со темно кафено влакно беше висок 110 сантиметри, и двојно кога ќе се исправи на задните нозе, и тежок 70 килограми.Според сопственикот Кевин Дурлаг, Зевс „умрел мината седмица од старост“. Во ноември требаше да наполни шест години. Германските доги живеат меѓу шест и осум години. Неговата сопруга Денис се потсетува дека кога го шетала луѓето се прашувале „дали е пес или коњ“.Пред Зевс, според Гинисовата книга на рекордите највисокото куче на светот беше Џинот Џорџ, исто така германска дога, кој беше понизок од Зевс 2,5 сантиметри.Зевс имаше голем број свои „следбеници“ на Facebook, а страницата е симната откако кучето умрело на 3-ти септември./крај/мф/сн
Извор: ABC News
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Концерт на групата „Гром“ во „Хераклеја“, специјален гостин Ален Славица

Македонската група „Гром“ со концерт на 2 јули на „Хераклеја“ ќе одбележи јубилеј, 45 години на музичката сцена.
„Гром“ се присутни на македонската музичка сцена од младинските рок гитаријади во 70-те, до Скопскиот фестивал, Мак Фест итн.
Концертот ќе почне во 21 часот, а настанот е во рамките на БИТ ФЕСТ 2025.
Специјален гостин на концертот ќе биде познатиот хрватски пејач Ален Славица.
Влезници по цена од 300 преку мкtickets, како и на билетарата на Хераклеја.
Забава
Знаци што покажуваат дека не внесувате доволно протеини

Често слушаме колку е важно да внесуваме доволно протеини, но многу луѓе сè уште се прашуваат дали ги задоволуваат своите дневни потреби.
Протеините се клучни за поправка на клетките, одржување на мускулите, хормонска функција и имунитет.
Ако не внесуваме доволно, може да се појават разни симптоми, кои често се игнорираат или им се припишуваат на други причини. Препорачаното дневно внесување е 0,8 грама на килограм телесна тежина, но вистинските потреби зависат од возраста, нивото на активност и од здравјето.
Луѓето во одредени животни фази, како што е перименопаузата, честопати имаат потреба од поголемо внесување. Нутриционистите Ребека Блејк, Тамар Самуелс и Даниел Пашко објаснуваат кои знаци може да укажуваат на недостиг на протеини.
Постојан глад
Ако не внесуваме доволно протеини, можеме да се чувствуваме како постојано да сме гладни, вели Самуелс.
„Зголемениот апетит може да биде природен начин на телото да се обиде да го зголеми внесувањето протеини за да ги задоволи своите нутритивни потреби“, објаснува таа за Параде.
Глад може да се појави и ако внесуваме доволно калории, но не доволно протеини.
Проблеми со косата, ноктите и со кожата
Бидејќи косата, ноктите и кожата се направени од протеинот кератин, недостигот може да предизвика видливи промени. Пашко истакнува дека недостигот на протеини може да доведе до опаѓање на косата и кршливи нокти, а Блејк додава дека кожата може да стане сува.
Според „УКЛА хелт“, сето ова се индикатори за недостиг на оваа важна хранлива материја.
Ненамерно губење тежина
Кога на телото му недостигаат градежните блокови за одржување на мускулната маса и на ткивото, може да се случи ненамерно губење тежина.
„Луѓето што јадат малку протеини често губат тежина иако не сакаат, што укажува на недоволно внесување“, истакнува Самуелс.
Блејк додава дека ниските нивоа на протеини исто така може да предизвикаат губење на мускулите, што дополнително влијае на телесната тежина.
(Фото: ЕПА)
Забава
(Фото) Ријана обожава да привлекува внимание, дури и во поодмината бременост

Познатата пејачка Ријана го очекува своето трето дете, но тоа не ја спречува сè уште да биде една од најсексапилните жени на јавната сцена.
Иако во последно време изненадува повеќе со провокативни фотографии за промоција на својата колекција, Ријана е сè уште една од омилените пејачки.
Овој пат, папараците ги фотографираа неа и нејзиниот партнер на пат кон ноќен клуб во Париз. Тие се потрудија да ги усогласат своите екстравагантни модни комбинации, а пејачката, во поодмината бременост, предизвика вистинска возбуда.
Ријана носеше црн фустан, кој има прорезови по целата должина, па затоа нејзината долна облека беше целосно видлива, како и нејзиниот труднички стомак.
Овој пар привлекува внимание на секој чекор, а Ријана покажа и во претходните бремености дека тоа воопшто не ја спречува да биде најпровокативната и најекстравагантна жена.