Забава
Перу ги продава скапоценостите на поранешниот прв разузнавач
Властите на Перу заплениле златни часовници, скапоцени камења, вкупно 152 парчиња накит, на поранешниот челник на разузнавачката служба Владимиро Монтесинос и имаат намера да ги дадат на аукција која ќе се одржи во август.
Сега 69-годишниот Монтесинос, кој беше и советник на перуанскиот претседател Алберто Фуџимори, служи долгогодишна затворска казна поради корупција и кршење на човековите права. Владимиро Монтесинос во 2000 година избега од Перу по избувнувањето на корупцискиот скандал кој резултираше со падот на претседателот Фуџимори, но беше уапсен една година по бегството.
Во 2010 година Монтесинос беше осуден на 25 години затвор за убиства и киднапирања во времето на владеењето на претседателот Фуџимори, до 1990 до 2000 година. Монтесинос, конкретно е осуден за докажани 15 убиства во 1991 година во областа Бариос-Алтос во центарот на перуанската престолнина Лима. Претходно во 2009 година, Монтесинос беше осуден на уште една затворска казна во траење од 25 години.
Перу во периодот од 1980 до 2000 година беше погоден од бруталните внатрешни судири. Во борбата меѓу властите и левичарското движење Светла патека, илјадници луѓе биле измачувани и свирепо убивани.
Перуанските власти сега очекуваат дека со продажбата на најмалку 152 парчиња луксузни предмети ќе заработат најмалку милион американски долари кои ќе ги употребат во борбата против организираниот криминал. Наддавањето ќе се одвива на 18-ти и 19-ти август во зградата на министерството за правда и човекови права.
„Со оваа аукција ќе можеме да затвориме едно поглавје во нашата борба против корупцијата и, што е најважно, ќе и искористиме тие средства во интерес на државата“, изјави шефицата на владината комисија за конфискуван имот, Марија дел Пилар Соса Сан Мигуел, пренесува во саботата порталот Peru21.
Меѓу драгоценостите за коишто се сомнева дека Монтесинос своевремено ги примал како мито, има 39 златни часовници, некои од нив сосема уникатни. Најскапоцени во оваа колекција се смета сепак швајцарски часовник од познат производител, опточен со повеќе од 300 брилијанти, проценет на 160 илјади долари./крај/мф/сн
Извор: Peru21
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

