Забава
По седум века, во Шпанија забрането убивање бикови со копје
Во Шпанија, по седум века традиција, забрането е убивањето на бикови со копје
Полицијата интервенирала пред да почне трката со бикови која се одржувала во градот Тордесилас, 200 километри северозападно од Мадрид.
На фестивалот кој според организаторите започнал во 14 век, по традиција, се бркаат бикови со копје. Тоа е еден од најкрвавите шпански спектакли.
Поради зголемениот број протести, предводени од активисти за правата на животните регионалната влада, минатата година, го забрани убивањето на овие животни за време на градскиот фестивал, но се уште е дозволено да се убиваат во традиционални борби во арените./крај/мф/љс
Извор: rts
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Тејлор Свифт се појави во црвен фустан, фановите велат: „Му испрати порака на момчето“
Тејлор Свифт се појави на 67. Греми-награди во црвен фустан, а фановите се убедени дека откриле скриено значење зад нејзиниот избор на фустан. Имено, глобалната поп-ѕвезда на доделувањето на наградите се појави сама, а со неа не беше ни нејзиното момче Тревис Келце, НФЛ-ѕвездата со која е во врска од 2023 година.
Свифт позира на црвениот тепих во краток црвен фустан на Вивиен Вествуд со црвени блескави детали. Комбинацијата ја заокружи со црвен кармин и обетки во истата боја, а на многумина им привлече внимание и огромниот прстен со рубини.
Фановите се убедени дека нејзиниот избор на оваа боја е очигледен знак на поддршка за Келце, кој игра за Канзас Сити Чифс, а црвената боја е нивниот заштитен знак. Сепак, тоа не е единствената порака што ѕвездата наводно му ја испратила на своето момче. На ногата ѝ висеше синџирче со приврзок во форма на буквата „Т“.
„Мини фустан?! Приврзок ‘Т’ на ногата?!? Таа кажа сè“, напиша еден фан на „Твитер“, а друг додаде: „Деталите се сè“.
Забава
(Видео) 22-годишната Клавдија ќе ја претставува Грција на Евровизија
Грците избраа кој ќе ги претставува на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Базел, Швајцарија.
Учествуваа 12 песни, а телевизиската мрежа ЕРТ ги повика граѓаните да гласаат за својот фаворит. Покрај публиката, својот глас го дадоа и членовите на националното и меѓународното стручно жири.
Победник на натпреварот е Клавдија Пападопулу со песната „Астеромата“.
Клавдија доби 44 поени, а второпласираната Евангелија со песната „Вале“ 42 поени.
Забава
(Видео) Скандал на „Греми“: Бјанка Ценсори пристигна гола, полицијата ги избрка и неа и Канје
Канје Вест и Бјанка Ценсори беа избркани од овогодинешните Греми награди, откако Ценсори на црвениот тепих се појави гола, поточно во „фустан“ кој апсолутно ништо не криеше, пишува Дејли Мејл.
30-годишната дизајнерка, која и претходно го привлече вниманието со своите провокативни јавни настапи, пристигна во целосно проѕирен фустан од мрежест материјал, без долна облека – што ги згрози сите присутни на церемонијата, но и корисниците на социјалните мрежи.
Бјанка на почетокот самоуверено чекореше по црвениот тепих облечена во бунда, но потоа го соблече и им го откри своето голо тело на фотографите.
Kanye West and Bianca Censori made a jaw-dropping appearance at the #GRAMMYs. pic.twitter.com/OFo3Cddiou
— Entertainment Tonight (@etnow) February 2, 2025
Социјалните мрежи беа преплавени со коментари за неа, а имаше и такви кои правеа шеги.
trying to remember the last time i seen bianca censori fully clothed pic.twitter.com/7IpkavG3yd
— $𝔩𝔞𝔭☃️ (@slvppy) February 2, 2025
me coming on the tl to find bianca censori naked at the #Grammyspic.twitter.com/0iJJt3DMC6
— lex (@cuntyrhae) February 3, 2025
Bianca Censori every time she's in public pic.twitter.com/AbF98fDozj
— FarGodN₿A (@FargodNBA) February 2, 2025
The way Bianca Censori has degrees, is smart, and had a suitable career before Kanye and somehow they met and now she walks naked in public is so sad and tragic. pic.twitter.com/yUt0KH7jhg
— stephanie (@estephaniiaa_) February 3, 2025