Забава
Порше Македонија го престави новиот Audi Q7
Технолошки најнапредниот автомобил во класата на спортско корисни возила од Audi, Q7 денеска беше ексклузивно промовиран на највисоката точка во Скопје, врвот на Водно. Настанот на кој присуствуваа новинари и вљубеници во убавецот на четири тркала беше организиран од „Порше Македонија“ со цел да се претстави автомобилот кој по излегувањето на светскиот пазар беше окарактеризиран како луксузен, комфорен, но со спортска едноставност.
Знаменосецот на семејството спортско корисни возила од Audi, моделот Q7 со својата совршеност веќе ги привлече и светските ѕвезди како Шакира, Џастин Тимберлејк и Никол Кидман како и дел од фудбалерите на трофејните Баерн Минхен, Барселона и Реал Мадрид.
„Порше Македонија го лансира новиот Audi, Q7 на македонскиот пазар веднаш по светската премиера на моделот што е вистинска потврда за нашето успешно работење. Со овој прекрасен нов модел ние ја прошируваме нашата понудата во премиум сегментот за целосно задоволство на клиентите“, изјави генералниот менаџер на „Порше Македонија“, Златко Муцунски, поздравувајќи ги присутните на презентацијата на новиот Q7.
Благодарение на лесната конструкција Q7 е најлесен автомобил во својата класа со максимална тежина од 1.995 килограми. Воедно е поекономичен од неговиот претходник и потрошувачката на гориво е намалена за 26%. Неговите надворешни димензии се помали, но внатрешниот простор е поголем така што во ова возило има повеќе простор за патниците и за багажот.
Новиот Audi Q7 е приказ на компетентностa на брендот со четири прстени. Со самото тоа што тежи 325 килограми помалку поставува повисоки стандарди во својата класа. Поекономичен е во споредба со својот претходник и опремен е со најнови системи за помош на возачот, информативно – забавен систем и бројни опции за поврзување. Овој автомобил е издвоен како исклучително комфорен, но во исто време ги нуди сите перформанси кои ги имаат и спортските модели на Audi.
„Од неговото прво појавување на пазарот во 2006-тата година до денес Audi Q7 е продаден во повеќе од 500.000 примероци, за конечно по девет години да имаме можност да уживаме во најновиот модел кој веќе е изложен во салонот на Audi во Скопје. Audi Q7 има ексклузивен изглед, нуди повеќе простор, технологија, перформанси, економичност и комфорот. Audi Q7 е првото возило од концернот изградено на новата платформа што придонесува за помала тежина, многу подобра управливост и намалена потрошувачка. Долга е листата на стандардна и дополнителна опрема како и нови напредни системи за помош на возачот, а секако тука е и новиот незаменлив „Quattro“ погон на сите тркала. Сето тоа го прави ова спортско корисно возило лидер во класата“, потенцираше бренд менаџерот за Audi во Македонија, Винко Марашевиќ.
Со димензии од 5050x1970x1740 mm и меѓуоскино растојание од 2990 mm новиот Q7 е за 37 mm пократок и 15 mm понизок од претходникот, но со повеќе простор од 21 mm помеѓу првиот и вториот ред седишта со што зголемен е внатрешниот комфор. Audi Q7 има импресивен коефициент на отпор за оваа класа на возила од само 0.32 Cw. На почетокот Q7 ќе биде понуден со три литарски V6 TDI мотор со 272 KS кој забрзува од 0 до 100 km/h за 6.3 секунди и ја достигнува максимална брзина од 234 km/h. Притоа има респектабилна потрошувачка од 6.2 l/100 km во град и емисија на CO2 од 149 g/km. Од бензинските мотори ќе биде достапен три литарскиот V6 TFSI мотор со 333 KS, а од Јануари наредната година ќе биде достапен и три литарскиот V6 TDI мотор со 218 KS. Нешто подоцна најавен е и три литарскиот V6 TDI мотор во плагин хибридна технологија наречен Q7 е-tron кој заедно со електричниот мотор испорачува 373 KS .
Врвната технологија се потврдува и преку бројните напредни системи за помош како на пример системот кој сигнализира отворање на врати во сообраќај, системот кој го запира возилото доколку детектира потенцијален судир, полу – автономно управување при кое возилото самото забрзува, сопира и се управува. Audi Q7може самостојно да се паркира, а голема помош при управување на мал простор со приколка овозможува системот „Trailer Maneuver Assist“. Во понуда е и третиот ред на седишта со електрично управување. Достапни се и познатите „Lane assist“ – систем за движење во лента, „Night vision“- систем за ноќно гледање, „Virtual cockpit“ – Audi инструмент таблата од иднината, „систем за озвучување со 3D звук“, „Audi connect“ – системот за поврзување кој вклучува 4G интернет, Apple Car Play и Google Android Auto plus, MMI навигација плус со 8.3 инчен монитор.
„Audi Q7 е еден од првите автомобили во светот кој овозможи функции на поврзување со паметен телефон со Google Android Auto и Apple CarPlay. Една од многуте предности на овој модел е и сеопфатната понуда на нови системи за помош на возачот и во таа сфера се уште е ненадминат од ниту едно друго возило на пазарот“, рече Александар Цветковски продукт менаџер во „Порше Македонија“ објаснувајќи ги напредните системи кај новиот Audi Q7. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

