Забава
Премиерно емитување на „ЕднООки“ секој понеделник бесплатно само во 11:11

Новите епизоди на „ЕднООки“ од понеделник премиерно ќе бидат емитувани на веб сајтот Parahodot.MK.
Параходот ДОО, друштво за филмска продукција и дистрибуција, објави дека од 27-ми октомври ќе почне да го применува својот прилагоден модел на емитување на епизодите „ЕднООки“ врз основа на стекнатото искуство во своето работење и навиките на корисниците.
„Познато е дека секој понеделник во 11:11 часот ја емитуваме најновата епизода од „ЕднООки“ на нашиот веб сајт Parahodot.MK“, изјави Борис Дамовски, управител и продуцент на ЕднООки.
„Од овој понеделник им нудиме на нашите гледачи да ја гледаат премиерата бесплатно само во тој термин, а потоа истата ќе биде на располагање за гледање на принципот плати-па-гледај на www.Parahodot.TV.“, додава Дамовски.
На овој начин, Параходот очекува дека ќе ги задоволи барањата на корисниците за бесплатно гледање на „ЕднООки“, а воедно ќе продолжи да го користи принципот плати-па-гледај во останатиот период од актуелноста на најновата епизода на „ЕднООки“.
Досега „ЕднООки“ или неговите промотивни видеа ги гледале корисници од преку 70 држави од кои најмногу во Македонија, речиси 90% од вкупниот број.
„Работевме и на оптимизација на веб сајтот за да може да се прелистува со разновидни уреди и компјутери“, завршува Дамовски.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Снимката го обиколи светот: грациозен од во високи потпетици

Кејт Мидлтон ги воодушеви сите со своите вештини за одење на високи потпетици, кои ги покажа минатата недела кога посети воздухопловна база, оставајќи ги сите дами да се прашуваат како успеала толку вешто да се качува и спушта по скалите во своите вртоглаво високи потпетици.
Galler Prensesi Kate Middleton’ın ince topuklu ayakkabılarıyla tereddüt etmeden geriye doğru merdiven inmesi, sosyal medyada gündem oldu.pic.twitter.com/1gP5meRNP6
— Onedio (@onediocom) October 3, 2025
Принцезата од Велс, како и обично, беше беспрекорно облечена и модерно координирана, во елегантен сив костум од дизајнерката Бела Фројд, кој го комбинираше со маица од Александар Меквин. Иако стајлингот беше совршен, токму нејзините темно сини велур потпетици од Стјуарт Вајцман го привлекоа најголемото внимание.
Не само поради нивниот изглед, туку и поради грациозниот начин на кој Кејт Мидлтон ги носеше, и се чини дека никогаш нема да добијат подобар публицитет од овој!
Кејт ги воодушеви сите присутни кога се искачи во пилотската кабина во овие вртоглави потпетици за да ѕирне внатре, а потоа полека и храбро се спушти по скалите, и дефинитивно можеме да кажеме дека ова е најубавото спуштање во потпетици што некогаш сме го виделе.
Не е изненадување што социјалните мрежи беа преплавени со видеото и што предизвика лавина од позитивни реакции.
„Постојано носам штикли и никогаш не би можела да го направам тоа толку беспрекорно и величествено“, „Таа владееше со тие скали како со модна писта. Чиста елеганција со моќ во секој чекор“, гласеа некои од коментарите, а најчесто наведуваа дека е „родена елегантна“.
И не е прв пат Кејт Мидлтон да ги воодушеви сите одејќи во штикли, бидејќи претходно играла разни спортови во штикли, а редовно ја гледаме како оди по тревен терен во нив без никакви проблеми, излегува од хеликоптери, игра одбојка…
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Новата фризура на Деми Мур стана најпопуларна: ги брише годините

Актерката Деми Мур, која глуми во краткиот филм „The Tiger“ и која нè остава без зборови со својот изглед со оглед дека станува сè поубава, нè воодушеви со уште едно издание и повторно стана тема на денот.
За нејзината нова улога во филмот, во кој ја игра Барбара Гучи, таа прифати и нова фризура, таканаречените шишки „Гучи“, во стилот на шишки „завеса“ кои станаа еден од најпопуларните трендови кога станува збор за женските фризури.
Деми Мур има долга, свиленкаста коса со децении и речиси секогаш се појавува на настани со истата фризура – секогаш лежерно лабава, но овој детаљ совршено ѝ стои и идеално одговара на текстурата на нејзината коса.
Таа се пофали и со фризурата на социјалните мрежи, а шишките, кои се наречени „Gucci bangs“, веднаш станаа тема на дискусија. Тие беа смислени специјално за овој проект и носат комбинација од носталгија и модерен луксуз.
Во исто време, тие се и лежерни и елегантни, и заводливи и уредни, и го врамуваат лицето на нежен начин, а воедно се вклопуваат со долгите прамени.
Сепак, Деми немаше шишки на премиерата на филмот на неодамнешната Недела на модата во Милано, но изгледаше спектакуларно.
Знаеме колку популарни беа шишките порано и се чини дека никогаш навистина не излегоа од мода, па затоа, ако барате минимална промена со доаѓањето на есента, разгледајте ги шишките „Gucci“ кои секако се непогрешлив избор.
Забава
(Фото/видео) Кога најбараната манекенка ќе се соблече – сè „пука“ од сексапил

Супермоделот Кендал Џенер прошета по пистата на Неделата на модата во Париз и ги остави сите без здив на ревијата на модната куќа Schiaparelli.
kendall jenner for schiaparelli, INSANE pic.twitter.com/rtv0PqJeGn
— kendall jenner archive (@archivekend) October 2, 2025
Таа покажа целосно проѕирен фустан украсен со крзнени детали, додека под него носеше само провокативна танга. Исто така, имаше ракавици и спектакуларни златни обетки што се вклопуваа со фустанот.
На тенките прерамки имаше пердуви, а метални сандали со високи потпетици ја заокружуваа нејзината „провокативна елеганција“.
На ревијата ја гледаше и нејзината помлада сестра Кајли Џенер, која не криеше колку е горда на својата сестра.
Трендот на голи фустани го „окупираше“ Холивуд и веројатно нема толку лесно да исчезне во иднина. На секој црвен тепих имаме барем една ѕвезда што се појавува во таков фустан, иако ова е можеби најпровокативниот досега.
фото: принтскрин