Забава
Пронајдено украденото прво издание на романот „Сто години самотија“

Примерок од првото издание на романот „Сто години самотија“, ремек делото на колумбискиот Нобеловец Габриел Гарсија Маркез, украден пред една недела на Меѓународниот саем на книгата во Богота, пронајден е во петок.
Книгата, како што соопшти полицијата, е пронајдена во кварт во центарот на Богота, во кој се наоѓаат повеќе галерии и антикварници.
Крадците, насетувајќи дека се стега полицискиот обрач, ја оставиле книгата и побегнале.
Украдената книга, една од само 8000 примероци што од 1967 година ги издаде аргентинската издавачка куќа Sudamericana, била заклучена во витрина на павиљонот посветен на Маконда, митското село од фантазиите на Маркез, во чест на култниот писател по повод првата годишнина од неговата смрт.
Слични раритетни примероци од книгата се продаваат на аукција за цена од 25.000 американски долари. /крај/мф/ст
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Скарлет Јохансон успеа да ја подели јавноста со своето модно издание на доделувањето на наградите „Еми“.

Прославената актерка Скарлет Јохансон пристигна на доделувањето на наградите „Еми“ со својот сопруг Колин Џост.
Додека Колин доби позитивни коментари за неговото класично црно одело, неговата сопруга повторно ја подели јавноста со својот моден избор.
Овој пат, Скарлет не сакаше да биде екстравагантна или „агресивна“, па затоа избра едноставен тесен фустан што ја следи линијата на телото и нема прерамки. Покрај тоа, актерката додаде само еден пар обетки, додека многумина ја опишаа нејзината фризура како недовршена.
Скарлет Јохансон дури и разочара некои со ова издание бидејќи очигледно луѓето заборавија дека постои и едноставност во облекувањето, додека на други им се допаѓа и ја опишуваат како пример за вистинска харизма и жена која може да носи што сака.
Тие ја критикуваа и затоа што не носела повеќе шминка, сепак се работи за гала настан, но се чини дека Скарлет Јохансон не обрнала внимание на коментарите.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Џесика Алба изгледа подобро од кога било, таа буквално процвета по разводот

Холивудската актерка Џесика Алба ужива во разводот од Кеш Ворен. Иако веќе некое време е во врска со Дени Рамирез, со кого се појави на Отвореното првенство на САД, актерката блеска и кога се појавува сама.
Таа се појави на ревијата на брендот Тори Бурч како дел од Неделата на модата во Њујорк, а нејзиното доаѓање беше повеќе од гламурозно.
Џесика избра бордо здолниште во молив форма кое го комбинираше со проѕирен џемпер со светки под кој јасно се гледаше нејзиниот градник. Ова беше едно од нејзините поелегантни изданија.
На сè додаде кафеава чанта, мрежести чорапи и штикли, па затоа беше смела, елегантна и во исто време заводлива.
Овој стил е одлично решение и за деловни пригоди, па затоа Џесика сигурно ќе биде вистинска инспирација за многуте дами кои ја следат.
За време на бракот со Ворен, Џесика не беше толку во центарот на вниманието, но тоа сега се промени. Многумина коментираат како актерката процветала и изгледа подобро од кога било.
фото: принтскрин
Забава
Се сеќавате ли на фраерот од хит серијата „Емили во Париз“: тој е повторно сингл

Според списанието „Пипл“, актерите Шејлин Вудли и Лукас Браво тргнаа по различни патишта, а веста за нивното раскинување ја потврдија со бришење на сите нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Почетокот на романсата
За потсетување, гласините за нивната врска започнаа уште во март, кога беа видени на романтична прошетка во Париз во џемпери во иста боја.
Браво ја потврди врската кон крајот на април со објава на Инстаграм, споделувајќи фотографии од патување во Калифорнија. Последен пат беа видени заедно во јавноста на почетокот на август, кога разменија нежности на снимањето на серијата „Емили во Париз“.
Можни причини за раскинувањето
Иако точната причина за раскинувањето е непозната, Браво претходно разговараше со „C magazine“ за предизвиците на врските во актерскиот свет, наведувајќи ги различните распореди за снимање и надворешните притисоци како главни проблеми.
„Се наоѓате во различни земји, а потоа имате 24 часа повторно да се поврзете“, рече тој во тоа време. „За да останете нормални во оваа индустрија, мора да се исклучите, а тоа не е лесно кога сте во врска со некој друг во истата индустрија.“
Извор близок до двојката откри за „Пипл“ уште во мај дека тие постојано патувале помеѓу САД и Франција за да ја одржат својата врска. Се чини дека токму оваа дистанца на крајот ја осудила нивната љубов.
фото: принтскрин