Забава
Рекордна цена за торбичка на Hermes со дијаманти
Рачна торба на „Hermes“ од крокодилска кожа со дијаманти го собори светскиот рекорд на наддавање со продажба на купувач од Хонгконг за 267.000 евра.
Неименуваниот купувач ја доби торбата Himalaya Niloticus Crocodile Diamond Birkin на надавањето во понеделникот вечерта кое го организираше аукциската куќа Christie’s. Купувачот за неа морал да издвои 267.000 евра, или 2,32 милиони хонгконшки долари. Специјалистите на Christie’s ја проценија торбичката на два милиони хонгконшки долари.
„Станува збор за светски рекорд за рачна торбичка продадена на аукција“, истакна Бингл Ли, портпарол на Christie’s во Хонгконг.
Претходниот светски рекорд, исто така, беше поставен во Хонгконг кога торбичката Birkin fuchsia од крокодилска кожа беше продадена за 202.000 евра.
Торбичката Himalaya Niloticus Crocodile Diamond Birkin, којашто аукциската куќа ја преставува како „најретка и набараната“ чанта, украсена е со дијаманти. Нејзината тока, како и мини катинарот типичен се торбичките на „Hermes“ изработени се од бело 18-каратно злато. Торбата е од избледена крокодилска кожа со посветла средина и потемни сиви рабови, така што потсетува на врвовите на планинскиот масив Хималаи.
„Се проценува дека годишно се произведува само една, или до две торбички Diamond Himalaya“, коментираа од Christie’s во соопштението./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Со гол задник на забава по „Оскарите“ – Зои Кравиц во необично издание го привлече вниманието

По доделувањето на „Оскарите“ во 2025 година, режисерката на „Блинк твајс“, Зои Кравиц, излезе да ја прослави големата филмска ноќ на забавата на „Венити фер“ во облека што не остави многу на имагинацијата.
Зои носеше елегантен сатенски фустан со долги ракави во должина до подот. И додека изгледаше целосно покриена напред, задниот дел имаше мрежести исечоци што ги изложија нејзиниот грб и голиот задник.
За да го надополни изгледот, таа ја носеше косата во едноставна пунџа, а дел од нејзиниот изглед беа и дијамантските обетки.

epa11937165 Zoë Kravitz attends the 2025 Vanity Fair Oscar Party, an annual event held in conjunction with the Academy Awards ceremony, at the Wallis Annenberg Center for the Performing Arts in Beverly Hills, California, USA, 02 March 2025. EPA-EFE/JILL CONNELLY
Забава
Најголемите скандали во историјата на „Оскарите“: тепачка, бакнеж, одмазда, протест

Свеченото доделување на „Оскарите“ е во фокусот денес.
За некои скандали во текот на годините сè уште се зборува. Во продолжение мала ретроспектива.
Марлон Брандо одби „Оскар“
Во 1973 година се случи нешто сосема неочекувано. Славниот актер Марлон Брандо одби „Оскар“ за улогата на Вито Корлеоне во „Кум“. Потоа на сцената ја испрати Сачин Мало Перо, актерка со индијанско потекло за да го прочита неговото писмо.
Во него се вели дека Брандо не сакал да го прифати „Оскарот“ „поради начинот на кој филмската индустрија ги третира Индијанците, домородните луѓе на американскиот континент“.
Шер во специфична креација
Каков список би бил ако на него не се најде славната Шер? Освен што влезе во историјата како жена со најконтроверзните излегувања во историјата на „Оскарите“, Шер предизвика и мал скандал со едно такво излегување.
Шокантниот изглед во здолниште со ниска половина, со минијатурен горен дел, кој едвај ѝ ги покрива градите, и круната со пердуви, влезе во историјата. Во тоа време Шер сакаше да ѝ се одмазди на филмската индустрија затоа што не беше номинирана за улогата во филмот The Mask.
Бакнежот на Анџелина Џоли
Ова е нешто што се прераскажува секоја година. Кога Анџелина доби „Оскар“ во 2000 година, таа на малку чуден начин прослави со својот брат Џејмс Хевен.
Фотографијата на која го бакнува својот брат во устата бргу стана вирална потсетувајќи многумина дека актерката веќе неколкупати изјавила колку е вљубена во својот брат.
Познатата шлаканица
Ова се случи во блиското минато и на не баш убав начин го одбележа целото доделување на „Оскарите“. Вил Смит тогаш предизвика скандал кога му удри шлаканица на Крис Рок, кој претходно се пошегувa на сметка на сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит.
Познато е дека таа нема коса поради алопеција, но Рок решил тоа да го искористи како основа за шега.
Иако Смит подоцна доби „Оскар“, му беше забрането да присуствува на церемонијата во следните десет години.
Забава
Шон Бејкер на „Оскарите“ го достигна рекордот што го држеше Волт Дизни цели 70 години

Шон Бејкер освои четири златни статуетки на синоќешното доделување на „Оскарите“ израмнувајќи го рекордот што 70 години го држеше Волт Дизни, едно од најголемите имиња во Холивуд.
Со освојувањето на „Оскарите“ за најдобар филм, најдобра режија, најдобра монтажа и најдобро оригинално сценарио за филмот „Анора“, Шон Бејкер стана само втората личност што го направила тоа.
За разлика од Дизни, Бејкер ги освои сите четири награди за еден филм, односно победи во сите категории во кои беше номиниран, а петтиот „Оскар“ за филмот „Анора“ ѝ припадна на Мајки Медисон за најдобра женска улога.
Успехот на оваа вечер претставува продолжување на големиот подем на Бејкер, кој претходно важеше за уметнички режисер и аутсајдер бидејќи не доби ниедна номинација пред овој филм.
Ако сака да го брка успехот на Дизни, на Шон Бејкер му претстои долг пат бидејќи славниот Дизни имаше вкупно 22 „Оскара“.