Забава
Robin Robin: Џилијан Андерсон ја пронаоѓа својата внатрешна мачка
Џилијан Андерсон се согласува дека нејзината улога на застрашувачка мачка во божикниот анимиран филм Robin Robin има призвук на еден друг лик што таа го толкуваше – поранешната британска премиерка Маргарет Тачер.
„О, боже, ти не си првата личност што го кажува тоа“, вели актерката што доби „Еми“ за улогата на поранешната премиерка во најновата сезона на „Круна“ на прашањето од Би-би-си дали мисли оти постои сличност во тонот.
„Мислам дека сте во право, внатре има малку г-ѓа Т, не намерно, но да – додека влегував во темни, таинствени, здивни тонови, мислам дека таа почна да се враќа назад“.
Robin Robin е најновата креација на студиото од Бристол, во режија на Ден Оџари и Мајки Плис. Тоа е краток празничен филм за млада птица со криза на идентитетот по растењето во домаќинство на глувци.

Таа е главната ѕвезда на овој многу посебен анимиран божикен филм. Јајце што треба да се изведе испаѓа од гнездото и малата птичка е посвоена од весело и топло семејство на глувци. За да им докаже дека и таа може да биде добар глушец, Робин тргнува во голема авантура, во која дознава важна вистина за себе.

Актерката вели дека била изненадена кога на првиот ден од работата на гласот за ликот на мачка дознала дека продукцијата, всушност, била мјузикл – и дека од неа се очекувало да пее.

„Не знаев дека е мјузикл кога се пријавив, не го прочитав тој дел од е-поштата“, раскажува таа.
„Со анимацијата вие го користите само вашиот глас, така што сфаќате дека гласот треба да го вткаете во сите работи што не ги правите физички“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

