Забава
Се продава текстот за укинување на ропството во САД
Аукциската куќа Sotheby’s ќе го понуди на наддавање на 25-ти мај текстот од 13-от амандман од уставот на САД, кој во 1865 година го потпишал претседателот Абрахам Линколн кој го укинува ропството во Соединетите држави и ја проценува неговата вредност меѓу два и три милиона долари.
Документот на 1-ви февруари 1865 година го потпишал шеснаесеттиот американски претседател Абрахам Линколн, кој е убиени на 14-ти април малку повеќе од два месеца пред завршувањето на американската граѓанска војна.
Тоа е еден од 14-те примероци кои ги потпишал извршниот претседател од тој период. Го продава американскиот историски институт „Gilder Lehrman“ од Њујорк, кој поседува два примерока од документот. Институтот, кој задржува еден примерок од овој драгоцен документ, сака да собере дополнителни финансиски средства за купување други документи кои недостигаат во неговата архива, соопштија од аукциската куќа Sotheby’s.
„Ниту ропството, ниту присилното служење не смее да постои во Соединетите држави, ниту на кое и да е друго место каде што владеат американските закони“, се наведува во документот.
Истиот ден Sotheby’s на продажба ќе го понуди и прогласот за еманципација, кој нема уставна вредност, но претставува прв чекор кон укинувањето на ропството.
Текстот ги прогласува слободни сите робови и има датум од 11-ри септември 1862 година, но стапил на сила дури на 1-ви јануари 1863 година. Во Sotheby’s го проценуваат овој документ, кој постои во 27 примероци, меѓу 1,5 и 2 милиона долари.
Ракописот од говорот на Линколн по повторниот избор на претседателската должност од ноември 1864 година, аукциската куќа Christie’s во 2009 година го продаде за 3,44 милиони долари./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

