Контакт

Забава

Што кажува за вас денот во кој сте родени

Објавено пред

Секоја од петте планети во хороскопот, плус Сонцето и Месечината, влијаат вна нас. Токму затоа, седумте дена во неделата имаат одредено значење според влијанието на планетата која владее.

dobivaj vesti na viber

Вашиот посебен ден е денот во кој сте родени, па ако сте родени во среда сте остроумни, а во петок се раѓаат шармантните.

Понеделник – ден на Месечината
Добар ден за социјални и работни контакти, но и контакти со семејството и пријателите. Тоа е денот кога треба да се однесувате со почит кон сопствените емоции, затоа што ништо не се менува побрзо од Месечината и од емоциите.

Вторник – ден на Марс
Во вторник добивате дополнителна сила и енергија. Добар е за почеток на нешто ново, за совладување на препреките. Не запаѓајте во смешни конфликти, затоа што до нив најлесно се доаѓа во текот на овој ден.

Среда – ден на Меркур
Одличен ден за интелектуални работи, за учење, пишување, читање. Исто така и за комуникација преку интернет, телефон, за испраќање мејлови…

Четврток – ден на Јупитер
Јупитер, како крал на планетите, ги започнува решенијата на големите проблеми. Со помош на позитивниот став можете да постигнете многу.

Петок – ден на Венера
Овој ден се завршува работната недела и започнува викендот. Затоа, завршете ја работата тактично и на сопствено задоволство, па радувајте му се на викендот. Ова е идеален ден за љубов, нежност, романтика.

Сабота – ден на Сатурн
Сатурн спречува работите да излезат од контрола. Тоа е ден кога треба да го забавите темпото и да се позанимавате со некои детали за кои немате време во текот на неделата.

Недела – ден на Сонцето
Ова е погоден ден за покажување љубезност и великодушност. Обидете се да бидете подобра личност, онаква каква вашиот знак – Сонцето бара од вас/крај/мф/на



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Најнечесните луѓе се раѓаат под овие знаци: за нив, „целта ги оправдува средствата“

Објавено пред

Искреноста им доаѓа природно на некои луѓе, додека за други често е флексибилна и прилагодлива на ситуацијата. На која група припаѓате вие?

dobivaj vesti na viber

Иако никој не е целосно црно-бел, астролозите често истакнуваат дека одредени хороскопски знаци се посклони кон прикривање на вистината, заобиколување на правилата или прилагодување на фактите на личните интереси.

Ова не значи дека тие секогаш се нечесни, но тие често имаат потреба да ја обликуваат вистината според околностите. Еве три хороскопски знаци кои, според астролошките толкувања, во кои најчесто се раѓаат луѓе кои имаат проблем со искреноста.

Близнаци
Близнаците се мајстори на комуникацијата, но токму тука лежи нивниот проблем со искреноста. Тие често го кажуваат она што другата страна сака да го чуе, дури и ако тоа не е целосно вистина. Нивната тенденција да ги менуваат своите ставови може да остави впечаток на дволичност или манипулација со информации.

Близнаците ретко лажат од злоба, но не се странци во прилагодувањето на приказната за да избегнат непријатни ситуации или одговорност.

Риби
Рибите се знаци кои често ја избегнуваат одговорноста преку двосмислено однесување и прикривање на вистината. Наместо отворено да се соочуваат, тие имаат тенденција да манипулираат со емоциите и да играат жртва за да ги избегнат последиците од своите постапки. Нивната нечесност најчесто се рефлектира во погрешно претставување на ситуациите и префрлање на вината на другите.

Рибите често оставаат впечаток дека не се виновни, дури и кога свесно учествувале во нечесни постапки.

Лав
Лавовите не сакаат да ја изгубат контролата или да признаат грешки, поради што често посегнуваат по нечесни методи. Тие имаат тенденција да се претстават себеси во подобро светло, да земат заслуги од другите и да ги игнорираат фактите што не им одговараат. Кога се соочуваат со вистината, тие често ја минимизираат или целосно ја игнорираат.

Лавовите веруваат дека целта ги оправдува средствата, особено кога станува збор за одржување на нивниот углед или авторитет,

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Орландо Блум по раскинувањето: „Барам партнерка со стил и пари“

Објавено пред

Откако Кејти Пери ја официјализираше својата врска со Џастин Трудо, нејзиното поранешно момче Орландо Блум реши да почне да бара нов партнер.

dobivaj vesti na viber

Во видео на TikTok за „People Gallery“, актерот одговори на незгодното прашање: „Дали би сакале партнер со стил или пари?“

Орландо успеа „паметно да го изведе тоа“ и даде хумористичен одговор.

„И двете“, се пошегува тој, а потоа додаде: „Морам да изберам само едно?“ Ова јасно стави до знаење што му е важно во неговиот љубовен живот.

@thepeoplegallery Street Style with Orlando Bloom #newyorkstreetstyle #orlandobloom #ootd #prada #thepeoplegallery ♬ original sound – The People Gallery

Тој, исто така, сподели неколку совети за секој што поминува низ тежок период во љубовта.

„Делувајте, станете, направете го тоа рутина. Влезете во вашето тело, излезете од вашата глава. Ако сте во вашата глава, влезете во вашето тело и дејствувајте и продолжете да создавате“, заклучи тој.

Иако поранешните љубовници не коментираа за раскинувањето, нивните постапки зборуваат погласно отколку што треба. Блум тука вели дека поминува низ тежок период, но дека работејќи на себе успева да ги пренасочи своите мисли.

Од друга страна, Кејти го издаде синглот „Bandaids“ во кој наводно се наведени причините зошто нивната долгогодишна романса завршила.

Прикажи повеќе...

Забава

Најздравите луѓе се раѓаат во овие четири хороскопски знаци

Објавено пред

Здравјето е комбинација од генетика, навики и како се справуваме со стресот и секојдневните предизвици. Некои луѓе се природно поотпорни и побрзо се опоравуваат ако се појават проблеми.

dobivaj vesti na viber

Тие често имаат стабилна енергија, добра рамнотежа помеѓу обврските и одморот и ги слушаат сигналите на своето тело. Астрологијата верува дека одредени хороскопски знаци имаат поголема склоност кон таква отпорност. Според ѕвездите, најздравите луѓе често се раѓаат под овие четири знаци.

Бик
Луѓето родени под овој знак се познати по својата стабилност и силна врска со своите тела. Тие обично имаат добро чувство за граници и знаат кога да забават. Не се исцрпуваат непотребно и ретко ги игнорираат знаците на замор. Тие сакаат рутина, што им помага да одржат рамнотежа и стабилно здравје. Токму оваа умереност често ги штити од вообичаени болести.

Девица
Девицата е знак кој природно обрнува внимание на деталите, вклучувајќи го здравјето и секојдневните навики. Луѓето родени под овој знак имаат тенденција да ги набљудуваат своите тела и да реагираат на промените. Тие често обрнуваат внимание на нивната исхрана, хигиена и редовен одмор. Не сакаат хаос, па затоа им одговара организиран начин на живот. Затоа тие често успешно се справуваат со помали здравствени проблеми пред да се влошат.

Јарец
Луѓето родени под знакот на Јарец се познати по својата издржливост и силна дисциплина. Иако работат повеќе отколку што треба, ретко ја губат контролата врз себе. Имаат висока толеранција на стрес и ретко паничат поради помали заболувања. Нивното тело често се прилагодува на тешки околности. Токму оваа ментална и физичка отпорност ги поврзува со доброто здравје.

Лав
Лавовите имаат силна животна енергија и природна виталност. Луѓето родени под овој знак често се полни со сила и оптимизам. Не сакаат да се чувствуваат слаби, па затоа инстинктивно се грижат за себе кога ќе забележат пад на енергијата. Со позитивен став, тие можат полесно да се справат со предизвиците и стресот. Оваа комбинација на енергија и самодоверба често се рефлектира во нивното здравје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

„Дали Коцевски тактизираше со оставката за да купи време и да се заташкаат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење...

Свет46 минути

Трамп ја продолжи забраната за патување во САД за уште седум земји

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го прошири списокот на земји чии граѓани имаат забрана за патување во Соединетите Американски Држави,...

Свет1 час

Терористот од Сиднеј обвинет за 59 кривични дела

24-годишниот Навид Акрам, кого полицијата го сомничи дека стои зад масакрот на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за вкупно...

Европа2 часа

(Видео) Лукашенко: Неуспехот во потрагата по мир може да ескалира во глобален конфликт

Белорускиот претседател Александар Лукашенко повика на брза акција за прекин на конфликтот во Украина во интервју објавено во вторник, нагласувајќи...

Европа3 часа

(Видео) Украинците нападнаа уште една рафинерија во Русија

Нафтена рафинерија во рускиот град Славјанск на Кубан во Краснодарската област беше потресена од силни експлозии синоќа. Се верува дека...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го...

Македонија14 часа

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија19 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ19 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија21 час

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија22 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија22 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ22 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија22 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија23 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет1 ден

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа1 ден

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет1 ден

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет1 ден

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет1 ден

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...