Забава
Skopje City Mall овој викенд е совршено место за целото семејство: Саем за деца и родители со многу попусти и забава
Брзиот начин на живот и модерното секојдневие направија родителите да имаат многу помалку слободно време да се дружат со своите деца, заедно да спортуваат и да се забавуваат. Денешните деца своето слободно време од денот го поминуваат на компјутерите и своите паметни телефони, а родителите се обидуваат на секаков можен начин преку насмевка и игра да им го разубават викендот и да им ги „влеат во крвта“ спортувањето и забавата на своите најмили.
Токму забавата, дружењето, арт и крафт работилниците, спортските активности, пеењето, танцувањето, наградите, заедничките игри помеѓу децата и родителите, како и големите неверојатни попусти во продавниците, ќе бидат во фокусот овој викенд, од петок до недела (20-ти до 22-ри ноември), во Skopje City Mall, каде ќе се’ одржи 6-от по ред Саем за Деца и Родители.
Илјадниците насмевки, расположените семејства и детскиот џагор се гаранцијата која ја нуди веќе традиционалниот саем, кој оваа година нуди многу новитети кои го прават нашиот најголем мол омилена дестинација за децата и родителите овој викенд.
Сите посетители од 18:00 часот во петок, па се до 18:30 часот во недела ќе имаат шанса да креираат и да научат многу нови работи преку Art & Craft центарот, каде децата ќе бидат во улога на мали конструктори и ќе имаат шанса да креираат и преку забава да научат за вселената, градежништвото, сообраќајното моделарство, роботиката и природата.
На музичката и денс сцена, најмалите со своите родители ќе имаат неверојатна шанса од прва рака да се запознаат со Едукативната патека од Маврово која овој викенд е преселена во Skopje City Mall и истата организира голема наградна игра за секој посетител. Музичките и танцовите шоуа секогаш се вистинско уживање за децата кои ќе можат овојпат да проследат настапи на неколку училишта за музика и танц, а планирани се и гостувања на познати музички ѕвезди кои засега се кријат во тајност.
Омилените детски ликови, Маша и Медо, заедно со својата Весела училница ќе бидат вистински хит, додека семејните натпревари за деца и родители како штафета, игра за најпрецизните, погоди го „твоето дете“ и многу други гарантираат дека Skopje City Mall ќe биде омилената дестинација за сите родители и деца овој викенд.
За време на Саемот за деца и родители ќе биде присутна и Мече Болница, меѓународен проект од едукативен карактер, создаден од медицински студенти, а целна група се децата, особено оние од предучилишна возраст. Секое дете има можност, својата кукла – мече, да ја однесе во импровизирани медицински оддели (амбуланта, хирургија, лабораторија и аптека), каде се извршуваат лекарски прегледи и медицински зафати.
Сите посетители, освен огромната забава, наградните игри и изненадувањата, ќе имаат можност да ги уживаат големите попусти за време на 6-от Саем за деца и родители и до 50 отсто во продавниците за детска облека, производи и играчки./крај/мфби
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Концерт на „Нокаут“ на 9 мај во СЦ Јане Сандански
„Нокаут“ ќе слави 30 години постоење со концерт на 9 мај, со почеток во 21 часот, во СЦ Јане Сандански.
Пере и дружината ќе ја прошетаат публиката со својата “временска машина“ низ историјата на нивното постоење, преку концертната изведба на нивните најголеми хитови… Од Еј Би Си, Временска машина, Би се викал те сакам, Телефонскиот број не постои, Hi Fi, Мене ми припаѓаш, Сонувам Диско, Илјада причини за крај, Позитиво, Да си тука вечерва, Кога ме сакаш ти, Лебедот бел, Знаеш каде да ма најдеш…..
Бендот најавува фантастично аудиовизуелно шоу, збогатено со специјални ефекти и „луда“ забава до максимум. Фасцинантната овална сцена, концертен ринг сместен на самиот центар во средината на салата, моќно озвучување кое создава звучна магија, лајт шоу и светлосни ефекти кои приредуваат волшебство од бои и голем лед екран сместен на плафонот од сцената, за прв пат СЦ Јане Сандански ќе го претворат во вистинска музичка арена. Нокаут – 360 степени, концертен спектакл во кој ќе можете подеднакво да уживате со поглед од сите трибини.
Концертниот јубилеј со своите настапи ќе го збогатат и специјалните гости на бендот, Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и уште многу други музички изненадувања.
Билетите знаете каде да ги најдете од среда, 18 февруари на www.wayin.mk.
Забава
(Фото/видео) Џипот од 500.000 евра на Бака прасе изгоре во Белград
Луксузниот Мерцедес вреден половина милион евра, во сопственост на еден од најпознатите регионални инфлуенсери, Богдан Илиќ, попознат како Бака прасе, изгоре во Белград синоќа околу 3:30 часот, јавија српските медиуми.

Пожарот бил изгаснат во рок од пет минути, но има голема материјална штета.
Според достапните информации, внатрешноста на возилото е целосно уништена, а топлината ги скршила и прозорците. Бака прасе го купи скапиот автомобил, кој го нарече „бесна машина“, пред три години, и еднаш изјави дека се кае за купувањето.

Кратко по инцидентот, инфлуенсерот објави видео од уништеното возило. Тој се обиде целата ситуација да ја претвори во шега, објавувајќи лажен оглас за продажба на автомобили.
„Оглас за автомобил, Brabus 800 4×4. Прв сопственик, баба го возеше на пазар. Година 2022, малку исполиран и како нов. Во возна состојба, ентериер по нарачка. Заинтересиран сум за DM“, рече тој.
@bakaprase Hitna prodaja 🙏
Причината за пожарот сè уште не е позната, но Telegraf.rs пишува дека првите резултати од истрагата укажуваат дека пожарот бил подметнат. Се сомнева дека автомобилот бил полеан со запалива течност, а потоа запален.
Истрагата е во тек.
фото/депозитфотос
Забава
(Видео) Раскошните облини на бразилските жени повторно го освојуваат светот: И никој не е имун на нив
Магичниот Рио де Жанеиро привлекува голем број туристи секоја година, особено за време на традиционалниот карневал во Рио, кога брзо станува центар на светот, но и на добрите забави.
Овогодинешниот карневал започна на 13 февруари и ќе трае до 21 февруари, а посетителите на овој спектакл ќе имаат можност да уживаат во звуците на самбата, огнените и енергични танцови движења на учесниците, како и во раскошните облини на познатите бразилски жени.
Во овој период, танчерките ќе парадираат по улицата Маркес де Сапука секоја вечер, а жителите на Бразил, како и бројните туристи, внимателно ќе ги следат од сите страни.

