Забава
Старнавски се спушти на длабочина од 230 метри во пештерата Врело
Спелеолошкиот нуркач Кшиштоф Старнавски од Полска го урна рекордот на италијанскиот нуркач Луиџи Казати и успеа да се спушти на длабочина од 230 метри во пештерата Врело на Матка.
Овој подвиг на Старнавски траеше шест часа, а дел од неговата експедиција беа и домашните нуркачи сертифицирани за пешетерско нуркање од нуркачкиот клуб „Акватек“ и спелео- нуркачкиот клуб „Врело“.„Пештерата Врело е една од најубавите и нејголемите пештери што сум ги видел во животот. Навистина беше вистински предизик да се совлада нејзината внатрешност. Поминавме четири дена нуркајќи и прибирајќи информации за проодноста и проверката на нејзиниот терен за најдлабокото нуркање. Почнавме од 188 метри, по што најдлабоката точка до која дојдовме беше 230 метри. Оттука пуштивме сонда со која измеривме уште други 20 метри во длабочина, по што следува голема кривина која не можевме да ја испитаме на овој начин. Според моите проценки, по оваа кривина сигурно има уште некои 30-тина метри, кои се надевам ќе можеме да ги истражиме во нашата следна експедиција. Теренот понатаму е многу тесен и полн со кривини, па ќе ни треба повеќе време и поинаква опрема за да го совладаме“, вели Старнавски и додава дека е горд на домашните нуркачи кои се покажаа достојни на задачата и му е чест што имал прилика да нурка со професионалци како нив.Во организација и на покана на „Акватек“ и „Врело“, Старнавски неколку денови, заедно со тимот од домашните нуркачи ги правеше подготовките и го проверуваше теренот за подлабоките нуркањата во пешерата Врело, по што во четвртокот го сруши рекордот на Казати, кој во 2010 година се спушти на 212 метри длабочина. „Задоволни сме од експедицијата и професионалноста на домашните нуркачи, како и од учеството во акцијата и спроведувањето на овој подвиг. Вакви успеси се од огромно значење за Македонија и се надеваме дека следната година ќе успееме да спроведеме уште една ваква експедиција со подлабоко исптражување на пештерата“, вели Даниел Атанасовски од нуркачкиот клуб Акватек.Експедицијата имаше за цел да прибере информации од неоткриените делови на подводната пештера, дали постојат нови краци кои се двојат од основната патека и да откријат до каде таа се простира.„Како што претпоставивме Врело нуди многу можности за истражување и е многу подлабока од што беше познато, факт кој уште еднаш се потврди и со оваа експедиција. Нашите нуркачи се спуштија до 420 метри во хоризонтала односно до 40 метри во длабочина, тоа е максимум кој дозволуваше нашата опрема за нуркање. Нашата помош беше за поставувањето на хабитатот, носење на помошни системи за дишење, демонтирање на целата опрема и слично. Се надеваме дека надлежните институции ќе не поддржат и ќе ни овозможат следната година да организираме уште една експедиција која ќе вроди и повеќе резултати од годинешните“, додава Кире Анѓелески, претседател на „Врело“.Ова не е прв рекорд на Старнавски, кој во 2011 година го собори рекордот кој го држеше Дејвид Шо во нуркање со ребридер и постигна длабочина од 283 метри во Црвеното море, во предел во близина на Дахаб, Египет./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

