Забава
Судот пресуди: ‘Среќен ти роденден’ им припаѓа на сите
Најпознатата и најраширена славеничка песна „Среќен ти роденден“, сепак, им припаѓа на сите, одлучи судот во Лос Анџелес отфрлајќи го барањето на компанијата „Warner Music“ и натаму да ѝ биде признаваат авторските права на оваа композиција.
Песната „Среќен ти роденден“ е неизоставен дел од роденденските забави ширум светот, и ја има својата верзија на речиси сите јазици, од англискиот и францускиот до арапскиот и јапонскиот, па дури е преведена и на „клингонски“.
Но доколку и да песната „Happy Birthday to You“ беше сеприсутна, сепак, таа беше приватна сопственост. На неа правата ги полагаше дискографската компанија „Warner Music“, сé додека тројца американски уметници кои сметаат дека песната му припаѓа на целиот свет, а не на корпорација, не одлучија тоа да го разрешат по судски пат.
Пеењето на песната на приватните роденденски веселби беше бесплатно, но за нејзино јавно изведување требаше да се платат авторски права. Компанијата годишно на неа заработувала до два милиона долара, што „Happy Birthday to You“ ја прави една од највносните песни на сите времиња. Произведувачите на играчки, програмери на мелодиите за мобилните телефони, синџирите ресторани и детски игротеки, сите плаќаат за користење на песната од 500 до неколку десетици илјади долари. Многумина филмски или театарски уметници поради тоа ја одбегнуваа.
Режисерката Џенифер Нелсон, која работела на документарен филм за потеклото на оваа песна морала да плати 1.500 долари за да ја користи, па одлучи „Warner Music“ да го даде на суд. Ѝ се придружија уште двајца уметници, музичар кој ја објавил „Happy Birthday to You“ на албум и режисер кој бил непријатно изненаден од фактура од 3.000 долари затоа што песната ја користел на филм. „Таа песна претставува голем дел од нашите животи. Не е чесно што мораме да ја плаќаме“, изјави Нелсон.
Компанијата „Warner Music“ ги стекнала авторските права во 1935 година и го обновила во 1963 година. Обвинителите сметаа дека тоа незаконски. Нелсон неодамна „непобитен“ доказ – песнарка објавена во 1922 година во којашто се наоѓа „Happy Birthday to You“ без „copyright“, што според американскиот закон ги анулира сите подоцнежни барања за авторски права. А тие, и онака, важат 70 години, па песната објавена во 1922 година би требало да биде јавно достапна веќе повеќе од две децении.
Федералниот суд во американската сојузна држава Калифорнија одлучи во вторникот во полза на тужителите. Окружниот суд Џорџ Кинг донел одлука дека песната му припаѓа на светот. Со тоа е ставен крај на оваа двегодишна правна битка меѓу грст филмаџии и мегакомпанијата, пишува The Los Angeles Times.
„’Happy Birthday to You’ најпосле е слободна Конечно оваа шарада заврши“, изјави адвокатот Рендал Њумен, кој ги затапуваше тужителите на судот и ја сметаше оваа битка како судир на Давид и Голијат. Од „Warner Music“, пак, соопштија дека ќе ја разгледаат можноста за натамошна правна битка за авторските права.
Инаку се смета дека корените на песната се стари повеќе од еден век. Во 1893 година, композиторката од американската сојузна држава Кентаки, Мидред Хил и нејзината сестра Пети, учителка во детска градина, заедно ја компонирале песната изворно насловена „Good Morning to You“м како експериментално наставно средство – едноставна мелодија којашто децата би требало лесно да ја запаметат и да ја повторат.
Песната со малку зборови лесно можела да се прилагоди и за други потреби, па ја пееле во разни прилики. Така, на една роденденска забава во Кентаки и настанала верзијата „Happy Birthday to You“ којашто се децении подоцна стана составен дел од американската поп култура. Тоа е првата песна користена на музичка телеграма и првата песна отпеана во Вселената. Мисионерите од Кентаки прво ја донеле во Европа и така започнала да се шири по светот.
„Ја слават сите култури ширум светот и им припаѓа на сите. Тоа е народна песна“, смета Нелсон./крај/мф/сн
Извор: The Los Angeles Times
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Актерката покажа нова верзија на „гол фустан“, сите се прашуваат – дали е навистина гола?
Тејана Тејлор, која обожава провокативни фустани, неодамна присуствуваше на 32-то доделување на наградите SAG во Лос Анџелес, а за таа пригода одлучи да облече фустан кој привлекува воздишки и погледи.
Станува збор за нова, подобрена верзија на таканаречената „гола облека“ која ја нагласува нејзината атлетска фигура, но, всушност, не открива никакви делови од телото – парадоксално, нели?
Таа носеше фустан со крој на сирена кој ја следи линијата на телото и ги нагласува неговите облини. Интересни се сребрените детали во долниот дел, кои му дадоа гламурозен шмек на овој стајлинг, а не треба да се изостават ниту оние во пределот на градите, кои беа вистинска оптичка илузија.
И тука доаѓаме до терминот „гола облека“. Токму овие детали создадоа илузија дека актерката го заборавила градникот дома, а дека ги открила своите бујни гради на црвениот тепих.
Стајлингот го комплетираше со впечатлива, темна шминка, дијамантски додатоци и изглед на вистинска заводничка.
Забава
Жени, не треба да се обидувате да ги промените овие три работи кај мажот
Луѓето не се менуваат само затоа што некој сака да бидат различни, и важно е да се знаат границите и да се одржува врската без непотребен притисок.
Повеќето жени барем еднаш во животот мислат дека можат да „поправат“ маж – да го однесат од тренинг во тренерка во светот на кошули и вратоврски, да влијаат на неговите пријатели или да го одвлечат вниманието од хоби што ве мачи.
Сепак, ваквите обиди честопати завршуваат со фрустрација и напнатост. Луѓето не се менуваат само затоа што некој сака да бидат различни, и важно е да се знаат границите и да се одржува врската без непотребен притисок.
Затоа е клучно да се разбере кои аспекти на мажот никогаш не треба да се обидувате да ги промените. Подолу се наведени најважните области што треба да се почитуваат, бидејќи секој обид за контрола може да ја оштети врската и да создаде конфликти.
Неговиот стил е личен избор на кој секој има право
Некои жени веруваат дека мажот е проект, особено кога станува збор за облека и изглед. Секако, малите предлози или сугестии можат да поминат, но очекувањето од некој што сака удобна тренерка и маица да стане редовен во кошули и вратоврски е нереално.
Неговиот стил е дел од неговата личност и идентитет и не треба да се „преправа“ под притисок. Многу мажи се согласуваат со тоа, но не се среќни и се чувствуваат инфериорно.
Пријателства што ги изградил долго пред вас
Пријателите на вашиот партнер честопати се подолго време од вас и имаат посебно значење во неговиот живот. Обидот да го натерате да прекине контакт со пријател затоа што не ви се допаѓаат може да доведе до конфликт и кршење на довербата.
Важно е да ги почитувате неговите социјални врски, дури и ако тие не се совршени во вашите очи. Секако, треба да му го кажете тоа ако забележите дека се однесува лошо кон него, а тој не го гледа тоа.
Хобијата се нешто што треба сам да го избере
Без разлика дали станува збор за спорт, колекционерски предмети или видео игри, неговите хобија се начин да се изрази себеси и да се опушти.
Обидот да го разубедите да се откаже од нешто што го сака само затоа што ве мачи обично е осуден на неуспех и може да создаде непотребен конфликт.
Прифатете ги хобињата како дел од неговата личност и пронајдете начин да уживате во слободното време заедно.
Забава
Овие хороскопски парови се осудени на неуспех во љубовта
Во потрага по љубов, многумина се свртуваат кон ѕвездите со надеж дека ќе пронајдат сродна душа.
Астрологијата може да открие многу за компатибилноста, но може да нè предупреди и за комбинациите кои, астролошки гледано, се предодредени за предизвици. Иако секоја врска бара напор, некои хороскопски парови едноставно функционираат како масло и вода, создавајќи токсична динамика од која е тешко да се избега.
Овен и Рак
Огнениот Овен и водениот Рак се спој кој ретко функционира без големи компромиси. Овенот е импулсивен, директен и постојано е во движење, додека Ракот е емотивен, чувствителен и бара сигурност. Бруталната искреност на Овенот лесно може да ги повреди чувствата на Ракот, а потребата на Ракот за постојано уверување и љубов може да му изгледа задушлива и ограничувачка на Овенот.
Додека Овенот сака да го освои светот, Ракот сака да создаде топол дом. Нивните основни приоритети се толку различни што често водат до недоразбирања и фрустрации. Овенот се чувствува ограничен, а Ракот се чувствува погрешно разбран и емоционално запоставен, што создава маѓепсан круг на префрлање на вината и дистанцирање.
Лав и Бик
Ова е судир помеѓу два исклучително тврдоглави фиксни знаци. Кралскиот Лав копнее по внимание, восхит и луксуз, додека практичниот Бик ја цени стабилноста, удобноста и материјалната сигурност. На почетокот, тие може да бидат привлечени од силата еден на друг, но проблемите брзо се појавуваат, најчесто околу финансиите и социјалниот живот.
Лавот сака да биде во центарот на вниманието на гламурозните настани, трошејќи пари за да го одржи својот имиџ, додека Бикот претпочита да ужива во мирна вечер дома. Нивната вродена тврдоглавост значи дека ниту еден од нив нема лесно да попушти. Лавот ќе го смета Бикот за здодевен и скржав, а Бикот ќе го смета Лавот за егоцентричен и неодговорен.

Близнаци и Девица
Иако двата знака се управувани од планетата Меркур, тие ја изразуваат нејзината енергија на сосема спротивни начини. Близнаците се живи, љубопитни и променливи, додека Девицата е аналитичка, педантна и ориентирана кон детали. Хаосот што Близнаците го носат во животот на Девицата е кошмар, а потребата на Близнаците за ред и планирање е неверојатно досадна.
Девицата ќе ги критикува Близнаците дека се несигурни и површни, додека Близнаците ќе ја критикуваат Девицата дека е ситна и песимистична. Близнаците живеат за спонтаност, додека Девицата живее за рутина. Оваа фундаментална разлика во пристапот кон животот ја прави долгорочната врска исклучително тешка за двете страни.
Водолија и Шкорпија
Сојузот на воздушестата Водолија и водната Шкорпија е еден од најсложените во зодијакот. Водолијата е независна, интелектуална и малку емоционално дистанцирана, додека Скорпијата е интензивна, страсна и посесивна. Потребата на Шкорпијата за длабока емоционална поврзаност и контрола директно се судира со потребата на Водолијата за слобода и личен простор.
Љубомората на Шкорпијата ќе биде постојан извор на конфликт, бидејќи Водолијата има широк круг пријатели и не сака да се чувствува ограничена. Водолијата нема да ја разбере драмата и интензитетот на Шкорпијата, сметајќи ги за непотребни, додека Скорпијата ќе ја перцепира независноста на Водолијата како предавство и недостаток на љубов.
Јарец и Стрелец
Тука имаме класичен пример за комбинација од одговорност и безгрижност. Амбициозниот Јарец е градител, стратег кој планира за иднината, додека Стрелецот е вечен оптимист и авантурист кој живее за моментот. Јарецот гради темели, додека Стрелецот сака да ги истражува, а понекогаш дури и да ги прескокнува. Нивните погледи за животот, парите и обврските се сосема различни.
Јарецот ќе го смета Стрелецот за несериозен и несигурен, додека Стрелецот ќе го перцепира Јарецот како песимист работохолик кој не знае како да ужива во животот. Додека Јарецот штеди за пензија, Стрелецот троши на патување на другата страна од светот. Оваа врска може да функционира само ако научат да ги ценат меѓусебните разлики, што е огромен предизвик за овие два знака.
Секако, астрологијата не е тврдо правило, туку водич кој ни помага да се разбереме себеси и другите. Секоја врска, без оглед на хороскопскиот знак, зависи од зрелоста, комуникацијата и напорот на партнерот. Сепак, ако се препознаете себеси во некоја од овие комбинации, знајте дека ве очекува патување полно со предизвици – но и можност за неверојатен личен раст. Ѕвездите предупредуваат, но вие одлучувате.

