Забава
Tом Харди е новиот Џејмс Бонд, тврдат медиумите

Том Харди, наводно, е избран како следен Џејмс Бонд кој ќе го замени Даниел Крејг по „Не е време за умирање“, објави весникот „Дејли експрес“ повикувајќи се на извор близок до продукцијата.
Тој во последните неколку години беше еден од главните фаворити во обложувалниците. А сега, британскиот таблоид цитира извор дека Том Харди ќе биде новиот 007, замена за Крејг, кој реши да се откаже од оваа улога. Сепак, ова не е официјална потврда и затоа таквото тврдење треба да се земе со мала резерва.
И други таблоиди тврдат дека уште во јуни се знаело дека Харди ќе ја добие улогата на славниот британски агент по успешната аудиција.
„Не е време за умирање“ првично требаше да почне да се прикажува во април, но, како и многу други високобуџетни филмови, премиерата беше одложена поради светската здравствена криза. Според последната најава, филмот ќе почне да се прикажува во киносалите во ноември, односно премиерата во Велика Британија е презакажана за 12 ноември, а онаа ширум светот за 25 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Познатиот актер конечно призна дека имал афера: го чинеше скапо – беа уништени два брака

Џон Малкович конечно призна дека имал афера со актерката Мишел Фајфер. Но, тоа го чинеше скапо, вели тој.
Сè се случило за време на снимањето на филмот „Опасни врски“, каде што Џон Малкович го играше шармантниот Валмон, а Мишел Фајфер ја играше Мадам де Турвел. Хемијата меѓу нив беше забележителна, но никој не можеше да верува дека нивните емоции се вистински.
Малкович во тоа време беше во брак со актерката Глен Хедли, додека Фајфер беше во брак и со актерот Питер Хортон. Славниот актер сега, по толку години, призна во подкастот „Fashion Neurosis“ дека аферата го чинела скапо.
„Тоа не е тема за која некогаш сум зборувал. Во овој бизнис, брзо формирате емоционални врски со луѓето, а понекогаш тие прераснуваат во нешто повеќе. Имав врска со Мишел која беше длабока и посебна, но не бев фер. Изгубив одличен колега“, рече актерот, според Дејли Меил.
„Научив дека е потешко да се најде одличен колега од сè друго. Откако таа врска ќе стане повеќе од само пријателство, тешко е некогаш да се врати.“
Малкович се разведе од Глен Хедли истата година кога филмот беше објавен, во 1988 година. Денес, Џон живее со италијанската продуцентка Николета Пејран, со која има две деца.
По разводот од Хортон, Мишел Фајфер се омажи за телевизискиот продуцент Дејвид Е. Кели во 1990 година, со кого има две деца.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Тотална доминација на српската манекенка: „Не ми е добро колку си убава“

Познатата српска манекенка Софија Милошевиќ сè уште ужива во својот одмор, од каде што дојдоа и најновите фотографии кои кренаа прашина на социјалните мрежи.
Вистина е дека Софија е една од најубавите Србинки и секогаш се обидува да ги оправда сите епитети. Нејзините фотографии во бикини се секогаш главна тема, а со снимките од јахтата веќе излуди многумина и токму кога помисливме дека не може да биде подобро… демантира!
„Зелената е мојата омилена боја“, напиша Софија во описот на објавата.
Згодната манекенка позираше во зелено бикини кое уште еднаш совршено ги истакна сите нејзини облини, а коментарите под објавата се нижеа.
Таа позираше и и црно-бел костим за капење, во кој изгледаше можеби уште подобро, ако тоа е воопшто можно.
„Одлично“, „Каква убавица“, „Ти си авион“, „Сакам да имам жена како тебе“, „Не ми е добро колку си убава“, „Совршена си“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Блејк Лајвли повторно во центарот на вниманието – не поради драмата со Балдони, туку поради совршената модна комбинација

Актерката Блејк Лајвли веќе некое време привлекува внимание на јавноста. Благодарение на нејзината драма со нејзиниот колега Џастин Балдони, светот коментира за секој нејзин потег – и позитивен и негативен.
Дури и американската новинарка Мегин Кели се вклучи, нарекувајќи ја Лајвли „нарцисоидна насилничка, лажлива и детиште“.
Сепак, се чини дека овие зборови воопшто не ја мачат 38-годишната актерка, бидејќи таа продолжува гордо и со насмевка да ги извршува своите должности како јавна личност.
Неодамна беше фотографирана во Њујорк, каде што присуствуваше на настан во американскиот колеџ „Fashion Institute of Technology“.
За таа пригода, таа одлучи да облече деловен аутфит кој го најавува доаѓањето на есенските трендови. Блејк носеше кафеаво одело – сако и миди здолниште, кое го комбинираше со проѕирна маица и интересни додатоци.
Својот стил го комплетираше со високи потпетици, брановидна коса и шминка во природни бои – најголемиот тренд за убавина.
фото: принтскрин