Забава
Тројцата бегалци од Алкатраз имале мали шанси за преживување
Тројцата бегалци од затворот Алкатраз имале мали шанси да го преживеат бегството од легендарниот затвор на островот во заливот на Сан Франциско во 1962 година, заклучиле холандските научници кои ги проучувале временските услови и морските струи таа ноќ, пренесува BBC.
Сè уште не е познато дали тројцата затвореници Франк Морис, Џон Англин и Кларенс Англин го преживеале бегството, но шансите биле против нив, освен околу полноќ, откриваат научниците. Ова бегство од затворот, инаку екранизирано во филмот „Бегство од Алкатраз“ со Клинт Иствуд во главната улога, е едно од најсмелите во историјата.
Тројцата побегнаа на импровизиран сплав, по што никој повеќе не ги виде.
Новиот компјутерски модел на морските струи покажува дека, доколку тргнале точно на полноќ, можеле да стигнат до брегот, но ако тргнале пред полноќ или подоцна, голема е веројатноста да се удавиле.
Истражувањето го спровеле научници од универзитетот во Делфт и истражувачкиот институт Делтарес.
Тројцата ограбувачи на банки поминале месеци копајќи тунел во бетонските ѕидови на ќелиите користејќи наострени лажици. Ноќта на 11 јуни 1962 година оставиле лажни глави изработени од сапун, тоалетна хартија и коса во креветите и побегнале од најдобро чуваниот затвор. На брегот направиле сплав од мантили и според ФБИ запливале некаде меѓу 20 часот и 02 часот ноќта.
И покрај големата потрага, никогаш не беа пронајдени, па останува отворено прашањето дали побегнале или се удавиле.
Научниците веруваат дека струите, доколку го спуштиле сплавот пред полноќ, ги одвлекле кон океанот, каде што починале од хипотермија. По еден часот по полноќ плимните струи се свртеле и во тој случај го одвлекле сплавот во спротивен правец кон средината на заливот, каде што морале да бидат толку долго во вода да морале да умрат од студ или, пак, полицијата морала да ги открие утрото.
Преживувањето било можно само ако го спуштиле сплавот околу полноќ и веслале кон север, бидејќи во тој момент моќните струи им оделе во прилог и тогаш можеле да ги повлечат кон мостот Голден Гејт и брегот. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

