Забава
Ученици масовно лајкуваат слика на професорка со голи гради на фејсбук

Фотографија со разголени гради од професорка по музичко училиште во Врање, која се појави деновиве по социјалните мрежи, е главна тема на сите разговори во овој град во јужна Србија.
Додека учениците масовно ја лајкуваат фотографијата, поголемиот дел од јавноста смета дека професорката Сузана Алар со непристојната фотографија го извалкала угледот на просветните работници.
Професорката, пак, која предава музичко во четири средни училишта во Врање, вели дека фотографијата е монтирана.
„После првичниот шок, учениците, професорите и директорите ме поддржуваат, бидејќи сфатија дека некој на социјалните мрежи и по медиумите намерно сака да ме извлака“, вели професорката.
Таа вели дека пред извесно време го загубила мобилниот телефон и претпоставува дека некој од учениците го пронашол и направил монтажа со некоја нејзина слика./крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
ЕУ воведува забрана за гел-лаковите за нокти поради опасна состојка за која се верува дека е канцерогена

На социјалните мрежи почна сериозна паника кога се појави информацијата дека од 1 септември оваа година Европската Унија воведува забрана за употреба на козметички производи што ја содржат супстанцијата TPO. Токму тоа се наоѓа во голем број гел лакови за нокти, како и во лепилата за вештачки трепки. Ова значи дека гел-лаковите за нокти ќе заминат во историјата.
TPO, супстанција што најчесто се наоѓа во хибридни лакови за нокти, лепила за екстензии за трепки, како и во гелови, е прогласена за канцерогена, токсична за репродукција, поради што е особено опасна за бремените жени. Затоа е објавена забрана за нејзина употреба, продажба и примена од 1 септември.
Истражувањата покажаа дека оваа супстанција може да предизвика голем број несакани ефекти, од хормонален дебаланс и токсичност за репродуктивниот систем до потенцијално формирање рак.
На социјалната мрежа „Икс“ има многу дебати за тоа дали е во ред да имате лажни нокти. Некои жени се прашуваат и дали се единствените што никогаш не го направиле тоа. Оние што го прават тоа се многу загрижени бидејќи фактот е дека гел-лакот, со тоа што е долготраен, ги прави вашите нокти убави и уредни со недели.
TPO е фотоиницијатор што се користи во производите за нокти, како што се трајните лакови, геловите и акрилните бои, за да им се овозможи да се стврднат под УВ или ЛЕД-ламби.
Забава
На седум години смислил друштвена игра и сега е милионер – планира да купи „ламборгини“

Алекс Батлер (15) од Сиетл стана милионер откако ја продаде друштвената игра „Тако наспроти Бурито“, која ја дизајнирал како седумгодишно дете, на големата американска компанија „Плеј Монстер“.
Неговата игра, во која се натпреварувате да го создадете највредниот оброк, стана глобален хит и се продаде во над 1,5 милиони примероци, објавува „Дејли меил“.
Алекс и неговите родители, Лесли Пирсон и Марк Батлер, минатиот месец одлучија целосно да ја продадат играта на познатата компанија со седиште во Висконсин.
„Никогаш не се врзав премногу за играта“, рече Алекс. „Не ми е толку важна. Само сакав да добијам што е можно повеќе пари од неа.“
Иако не се знае точно колку добиле, семејството потврди дека моментално работат на инвестирање на заработените пари. Алекс, сепак, не крие дека би сакал дел од парите да ги искористи за да купи луксузен автомобил.
„Би сакал да купам Ламборџини“, рече тој со насмевка.
Идејата за играта, како што вели Алекс, се родила сосема случајно, во период кога не сакал такос или бурито. Сепак, тој често играл игри со карти како „Exploding Kittens“ со своето семејство, што го инспирирало да смисли нешто свое.
Неговата мајка, исто така, започнала кампања „Го фаунд“, со која собрале 25.000 долари за краток временски период. Тоа било доволно за да започнат мал семеен бизнис наречен „Хот Тако Инк“, во кој Алекс бил мнозински сопственик.
Играта се појавила на „Амазон“ и станала веднаш хит. До крајот на истата година, тие заработиле речиси 1,1 милион долари. „Тако наспроти Бурито“ во еден момент била најпродаваната игра на „Амазон“.
Сепак, како што растела побарувачката, играта го надминала капацитетот на семејниот бизнис. Потоа решиле да најдат поголема компанија која ќе може да се справи со понатамошната дистрибуција.
Иако добиле неколку понуди во текот на годините, семејството се одлучило за „Плеј манстер“.
Забава
Камерон Дијаз фотографирана во лежерно издание: актерката не се плаши од стареење, го покажа лицето без шминка

Американската актерка Камерон Дијаз беше фотографирана во природен и опуштен стил додека шеташе низ улиците на Њујорк.
Имено, актерката комбинираше фармерки со тексас кошула, додека косата ја врза во лежерна пунџа. Според фотографиите, Камерон изгледаше во одлично расположение.
Камерон Дијаз е отворена за својот пристап кон стареењето и изгледот. Пред неколку години, таа призна дека пробала ботокс, но брзо се предомислила.
„Пробав, но моето лице се промени чудно. Си реков: „Ова не сум јас“.
Cameron Diaz, 52. pic.twitter.com/hHWA7ircDr
— 𓂀 𝕋𝔼𝔸ℍ 𓂀 (@TeahCartel) August 6, 2025
Таа исто така нагласи дека научила да ги сака своите брчки: „Тие се доказ дека цел живот се смешкам. Го сакам животот и немам проблем со фактот дека се видливи.“
Во последните неколку години, Камерон ретко се појавуваше во јавност. По пет години, појавувањето на премиерата на „Назад во акција“ на Нетфликс во Берлин беше нејзино прво јавно појавување. Пред тоа, нејзиниот последен филм беше „Ени“ (2014), исто така со Џејми Фокс.
Камерон неодамна откри дека изминатите десет години, кои ги поминала во изолација, биле „десетте најдобри години“ во нејзината кариера.
Таа моментално работи на неколку нови проекти, а на есен ќе започне со снимање на „Лош ден“ на Нетфликс, во кој игра самохрана мајка во низа хаотични ситуации. На крајот на 2026 година, таа се враќа како глас на принцезата Фиона во „Шрек 5“.