Забава
Владетелот на Дубаи затекнал празни канцеларии во 7:30 наутро, па поделил откази

Владетелот на арапскиот емират Дубаи минатата недела ненајавено дошол во инспекција во канцелариите на јавните служби, при што не нашол никого на работа, по што девет високи функционери добиле отказ.
Шеикот Мохамед бин Рашид својата инспекциска тура ја започнал во 7:30 часот наутро и очекувал да ги најде вработените на своите работни места бидејќи недела во Емиратите е работен ден. Видеото што на Твитер го објави владината канцеларија за медиуми, покажува како во тој момент шеикот бил единствениот човек во канцеларијата.По ненадејната посета девет високи функционери добиле отказ.Како што пишува локалниот весник Gulf News, шеикот Мохамед е познат по своите утрински инспекции, со цел да обезбеди владините служби да бидат во согласност со светски признатите стандарди.Втората „инспекција“ што ја извршил подоцна истиот ден била многу поуспешна. Сите службеници вработени во одделот за имиграција на меѓународниот аеродром во Дубаи биле на работа, објави телевизијата Al-Arabiya. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Владо Георгиев скршен по страшната трагедија во Македонија: „Господе Боже, можно ли е…“

Пејачот Владо Георгиев проговори за трагедијата што ја потресе Македонија, во која најмалку 59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожар во дискотека во Кочани.
Георгиев на социјалната мрежа „Икс“ изрази шокираност и тага, повикувајќи ги сите да се молат за настраданите.
– Страшна трагедија во Кочани. Да се молиме за душите на жртвите. Господе Боже, можно ли е вакво нешто да се случи во 2025 година?“, напиша тој.
Забава
„Ми гостуваа на концерт, не ми се верува дека го пишувам ова…“: Карлеуша за страшната трагедија во Кочани

Поп дивата Јелена Карлеуша проговори по страшната трагедија во Македонија, кога во пожар во дискотека во Кочани загинаа 59 луѓе.
Таа на својот Фејсбук профил изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите.
– Уште еднаш изразувам најдлабоко и најискрено сочувство до цела братска Македонија. Страшна, страшна трагедија! Толку млади животи… плачам додека читам вести… – напишала таа.
Јелена потоа го посвети својот статус на членовите на бендот ДНК, по веста дека за загинувањето на неколку членови на бендот, меѓу кои пејачот, тапанарот, фотографот и продуцентот.
– На мојот концерт во Скопје гостуваа момците од македонскиот бенд ДНК сакани од македонската публика… Не ми се верува дека го пишувам ова… Нека универзумот им даде сила на семејствата на оние кои загинаа, напиша Јелена.
Забава
Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа истражување

Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа полско истражување.
Истражувањето кое ќе биде претставено на Европскиот конгрес за дебелина во Шпанија во мај, било спроведено на 1.200 парови во Полска и покажало дека ризикот од прекумерна тежина во бракот е зголемен за двата пола, но ситуацијата е особено акутна кај мажите.
Истражувачите заклучија дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак.
Оженетите мажи имаат 3,2 пати поголема веројатност да бидат дебели од слободните мажи, а таква разлика не е забележана меѓу мажените и слободните жени.
Ова потенцијално се објаснува со културните разлики во ставовите кон дебелината меѓу двата пола, се вели во истражувањето.
Студијата заклучи дека ризикот од дебелина исто така се зголемува со возраста. Секоја година, заканата од прекумерна тежина се зголемува за три проценти кај мажите и четири проценти кај жените. Ризикот од дебелина, сепак, се зголемува за четири отсто кај мажите и шест отсто кај жените, пренесува агенцијата ДПА.
Дебелината се дефинира како индекс на телесна маса од 30 или повеќе, а прекумерната тежина се дефинира како индекс од 25 до 29,99.
Истражувањето го водеше лекарот Алича Цича-Миколајчик од Националниот институт за кардиологија во Варшава.
„Возраста и брачниот статус имаат непобитно влијание врз прекумерната тежина или дебелината во зрелоста, без разлика на полот“, заклучува студијата.