Забава
Во Полска е најден нацистички воз полн со богатство и оружје
Двајца мажи тврдат дека во областа Валбжих во Полска пронашле оклопен нацистички воз полн со драгоцености и оружје.
Се работи за нацистички воз кој до сега бил само легенда. Наводно, возот го пронашле двајца мажи, скриен во одамна заборавен тунел во полските планини. Возот исчезнал пред 70 години кога нацистите се обидувале да го сокријат богатството од советската Црвена армија.Според локалната легенда, возот преполн со богатство, злато и оружје, бил пратен на југозапад низ планините кон границата.Сега, двајцата мажи, кои тврдат дека го откриле и го пријавиле на властите, ќе можат да земат 10 отсто од вредноста на возот, долг 151 метар.„Адвокати, војска, полиција и пожарникари работат на овој случај. На локацијата каде е пронајден возот порано никогаш не се вршени ископувања. Не знаеме што може да најдеме“, вели Марика Токарсја, членка на Советот на областа Валбжих.Локалните медиуми јавуваат дека возот преполн со драгоцености и оружје исчезнал во 1945 година. Тргнал од тогашниот германски град Бреслау, или сегашен Вроцлав, во времето кога Црвената армија напредувала кон крајот на Втората светска војна. Медиумите тврдат дека оклопниот воз му припаѓал на Вермахтот, војската на нацистичка Германија.Радио Вроцлав објави дека возот влегол во тунелот во близина на дворец во Долна Шлеска и дека никогаш не излегол. Тунелот подоцна е затрупан, а неговата локација е заборавена. Истото радио објави дека возот е полн со оружје, индустриска опрема и драгоцености.Токарска тврди дека локацијата и содржината на возот не се познати, а некои скептици тврдат дека нема докази дека таков воз некогаш постоел.„Некои луѓе веќе го бараа возот, ги оштетија и шините, но никогаш не пронајдоа ништо“, вели историчарката Јоана Лампарска.Нацистите со возови пренесувале драгоцености и оружје кон Берлин, додека Американците, Русите и останатите сојузници напредувале кон главниот град на геманија, од запад и од исток, за време на зимата и пролетта 1944/45 година.Во случајот „Златен воз“, нацистичките сили пратиле 25 вагони од Будимпешта кон Германија, полни со семејни богатства, злато, сребро и слики, а вкупната вредност се проценува на 176 милиони евра./крај/к/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

