Контакт

Забава

Закон за заштита на националната кујна во Франција

Објавено пред

Француските ресторани што ќе загреваат однапред подотвени специјалитети, како што се La Bourgogne (говедско на бургундски начин) или blanquette de veau  (телешко месо во бешамел сос) во микробранови печки ќе си имаат работа со законот.

 

Новиот законски пропис, што владата го усвои во вторник, ќе стапи на сила следната година, а има за цел да го заштити националното кулинарско реноме на Франција.

 

Според владиниот декрет, исклучиво јадењата кои се подготвуваат на лице место во ресторанот може да ја носат ознаката „домашна храна“. Гостите така ќе знаат дека јадењето што ја нема оваа ознака всушност е готово јадење подгреано во микробранова печка пред да им биде сервирано.

 

Француската влада се надева дека новата мерка, прва од ваков вид во Европа, ќе ги поттикне угостителите да ги подготвуват јадењата на традиционален начин – од сецкање па сé до термичка обработка на свежите состојки и со тоа уште повеќе да ја унапредат француската гастрономија.

 

Секоја злоупотреба на споменатата ознака – тава со капак во форма на покрив – од следната година ќе биде парично казнувана. Новиот закон важи за сите угостителски објекти, вклучувајќи и ресторани за брза храна, кетеринг служби и киосци.

 

Анкета што била спроведена минатата година, при претставување на законот, откри дека 31 процент од француските угостители користат готови јадења кои само ги загреваат пред сервирање.крај/мф/сд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Тамара Еклстон: Убаво е да се има брат во нашето семејство на девојчиња

Објавено пред

Тамара Еклстон (37) е пресреќна поради приновата во нивното семејство. Нејзиниот татко Берни Еклстон (89) и сопругата Фабијана Флоси (44) станаа родители на момчето Ас.

„Не можеме да бидеме посреќни, ова се посебни моменти. Убаво е да се има брат откако цело време бевме семејство на девојчиња“,  коментираше Тамара за „Дејли мејл“.

Берни и Фабијана во април објавија дека очекуваат бебе. Малиот Ас е 65 години помлад од првата ќерка на Берни, Дебора, која ја доби со својата прва сопруга Ајви Бамфорд.

„Беше лесно. Породувањето траеше 25 минути. Фала му на Бога“, рече Фабијана за германските медиуми. Берни додаде дека е горд.

Покрај Тамара и Дебора, Берни е татко и на ќерката Петра (31). Тамара и Петра ги доби во брак со хрватската манекенка Славица Радиќ (62).

Берни се запозна со Фабијана пред многу години, но на почетокот биле пријатели и имале професионална врска. Тие се венчаа во 2012 година.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Неверојатна сцена: Орел грабна ајкула

Објавено пред

Посетителите на плажа во Јужна Каролина присуствувале на речиси неверојатен настан – тие виделе орел што грабнал ајкула од океанот, а потоа без никаков проблем летнал со неа.

Видеото, кое се шири на социјалните мрежи, прикажува орел што се спушта на површината на океанот, ја зграпчува ајкулата со канџи и потоа лета преку плажата.

Жената која ја снимила сцената изјави дека ајкулата била голема околу два метра и дека орелот летал со неа без никаков проблем, како да е мала, златна рипка.

Капачите на популарната плажа во Јужна Каролина биле со часови во шок, пренесува порталот Б92.

Прикажи повеќе...

Забава

Џефри Раш доби најголема отштета за клевета во историјата на Австралија

Објавено пред

Холивудската sвезда Џефри Раш ја доби најголемата отштета за клевета досега платена во Австралија, откако австралискиот суд ја отфрли жалбата на весникот во сопственост на Руперт Мардок.

Оскаровецот ќе добие два милиони долари поради изгубената заработка и како надомест откако судот ја отфрли жалбата за намалување на трошоците и повторно судење.

Оваа одлука против Nationwide News, австралиската подружница на „Њуз корп.“, е последниот пресврт во правната битка помеѓу Раш и „Дејли телеграф“, кој го обвини за непримерно сексуално однесување кон актерките.

Во статијата на насловната страница објавена во 2017 година, „Дејли телеграф“ напиша дека Сиднејската театарска компанија добила поплака дека Раш непримерно ја допирал колешката за време на поставувањето на претставата „Кралот Лир“.

Судијата во Сиднеј ја опиша содржината на статијата како безобѕирен и неодговорен пример на сензационалистичко новинарство.

Локалните медиуми објавија дека сумата што Раш ќе ја добие е најголемата досега платена на поединец во Австралија, која има строги закони за клевета.

Раш освои Оскар за улогата во филмот „Блесок“ во 1996 година и е еден од малкутемина што освоија и Златен глобус, Еми и Тони.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија10 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа10 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија12 часа

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион13 часа

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија13 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа14 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт15 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион15 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет17 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет18 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет18 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет18 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион1 ден

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет1 ден

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет1 ден

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ1 ден

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија1 ден

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа2 дена

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија2 дена

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Досие