Здравје
Исповед на заразен Италијанец: Верувајте, не поминуваат тешко само старите и хронично болните

Непушачот и противник на користење алкохол и дрога, 38-годишниот кондициски тренер Фаусто Росо никогаш не верувал дека ќе се зарази со коронавирус и дека ќе заболи од Ковид-19.
Во Италија речиси 80.000 луѓе се заразени со новиот вирус. Еден од нив е и Фаусто Росо, кондициски тренер за младински тим во пониска лига во Италија.
Таткото на две деца даде телефонско интервју за ДПА од неговиот болнички кревет во Латина, град на 70 километри југоисточно од Рим, и ја опиша суровата реалност на живеење со вирусот.
Сè започнало на 5 март, тој се чувствувал добро на работа, но при враќањето дома качил температура од 38.
„Се јавив на лекар и ми препишаа парацетамол. Но, како што одминуваше времето, температурата не се спушташе и сè повеќе и повеќе имав потешкотии да дишам додека не се соочив со сериозна респираторна криза во саботата навечер“, објаснува Росо.
Итната помош дошла пред неговиот дом во 14 часот во неделата, при што здравствените работници носеле заштитна опрема. Сопругата на Росо се обидувала да го смири нивниот помал син.
„Гледај, дојдоа војниците од Војна на Ѕвездите, тие ќе го претворат татко ти во суперхерој“, рекла неговата сопруга.
Сепак, Росо воопшто не се чувствувал како суперхерој.
„Тоа беше најлошото искуство во мојот живот и не би го посакал на мојот најлош непријател“, вели тој.
Росо има 38 години, не пуши, не пие, оди на прегледи на секои шест месеци и никогаш немал никакви здравствени проблеми.
„Не верувајте во она што го кажуваат, дека влијае само на постарите лица и на хронично болните. Секако постар човек со тешка пневмонија каква што имав јас сега не би бил овде и не би го раскажувал неговото искуство, но тоа е единствената разлика. Јас како помлад имав ментална и физичка сила да се борам против заразата“, вели Росо.
Тој во првата недела мината во болница имал респиратор и катетер и не можел да стане од кревет. Откако неговата состојба се стабилизирала, Росо бил прашан дали сака да го проба експерименталниот лек тоцилизумаб, кој инаку се користи во третман на артритис. Неговата состојба се подобрила за 60 до 70 проценти неколку дена по земањето на лекот.
„Јас практично сум во опасност и сега, во фазата на закрепнување“, вели Росо, порачувајќи им на сите да не ги напуштаат своите домови.
„Обожавам фудбал и слушнав дека Роберт Левандовски и неговата сопруга донирале милион евра. Тоа е прекрасен гест, но сега парите не прават разлика, туку останувањето дома и почитувањето на владините ограничувања. Вирусот се шири преку заразени луѓе кои на почетокот дури не ни знаат дека се заразени“, објаснува 38-годишникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Што е поефикасно: 10.000 чекори дневно или 30 минути вежбање

Сите видови бројачи на чекори станаа дел од нашите животи. Кога фитнес-бројачот покажува 10.000 чекори дневно, ние сме во искушение да се откажеме од претходно планираниот тренинг.
Без разлика дали се работи за спорт или чекори, има премногу нијанси што влијаат на природата на активноста и на нејзината ефикасност.
Дали е навистина подобро да се избере едното или другото?
Кога станува збор за здравјето, не постои едно решение што им одговара за сите. Интензивно одење или напорно вежбање?
Многу експерти сè уште препорачуваат комбинирање на овие два вида вежбање. 10.000 чекори дневно значи дека сè уште сте активни, но ниту спортот не треба да се отпише. Аеробниот тренинг или тренингот на сила е уште еден клуч за здравје и благосостојба.
Тренингот на сила ги гради мускулите, кои се сметаат за метаболистички активно ткиво во телото и затоа се одговорни за целокупното здравје.
Ако од која било причина имате само 30 минути за вежбање, треба да се потрудите. Се препорачува да изберете интервален тренинг со висок интензитет, кој комбинира аеробни и вежби на сила.
Ова оптоварување е оптимално не само за одржување на формата туку и за здравјето на кардиоваскуларниот систем.
Следете ги вашите чекори
Промената на режимот на тренирање не значи дека треба да заборавите на бројачот на чекори. Напротив, продолжете да го следите овој индикатор за да знаете колку сте биле активни во текот на денот.
Посакуваниот резултат на подолг временски период ќе биде одличен мотиватор да продолжите да се движите, па дури и да ви помогне да ги завршите тие 30 минути тренинг кога воопшто немате енергија.
Обидете се да комбинирате вежби и продолжете да одите – дури и ако ви се чини дека таквите оптоварувања се минимални.
Забава
(Видео) Правете ги овие 3 вежби и можете да изгубите до 5 килограми за 30 дена

Кога станува збор за губење на тежината, едноставноста и доследноста се клучни фактори, вели фитнес тренерот Тајлер Рид.
Со посветеност и правилна исхрана можете да изгубите од 4 до 5 килограми за 30 дена, а истовремено да го зајакнете телото, да ја подобрите издржливоста и да го забрзате метаболизмот.
Рид ја дизајнираше оваа вежба за да го зголеми согорувањето на калории, да го подобри мускулниот тонус и да се насочи кон подебелите делови на телото.
Овој тренинг е брз и ефикасен и може да ви помогне да постигнете некои од вашите фитнес цели со текот на времето.
Постојат три вежби во овој тренинг за цело тело:
Push-up to Shoulder Tap (Склек + допирање на рамото) – три серии по 10 повторувања
Mountain Climbers (Алпинист или планинар) – три серии од по 20 повторувања на секоја страна
Glute Bridge March (Мост со наизменично подигање на нозете) – три серии од 12 повторувања на секоја страна.
Тренерот посочува дека овој тренинг е „сеопфатен режим на согорување калории кој го таргетира целото тело.
Со инкорпорирање на сложени движења, тој активира повеќе мускулни групи и обезбедува максимална потрошувачка на енергија, помагајќи ви да изгубите тежина побрзо“.
Забава
(Видео) Откриена тајната за брз раст на косата: следете ги овие 3 чекори

Сите сонуваме за долга, здрава и сјајна коса, но за многумина од нас тоа останува само желба.
Иако постојат многу производи и третмани кои ветуваат чуда, реалноста е дека многу фактори како што се генетиката, исхраната, стресот и негата на косата можат да влијаат на тоа како косата расте и изгледа.
Поради ова, многу луѓе, и покрај сите нивни обиди, не можат да го постигнат посакуваниот резултат. Сега дерматолог специјализиран за коса откри три „лесни“ чекори за побрз раст на косата, пишува Surrey Live.
Многу луѓе се обраќаат кон социјалните мрежи во потрага по професионални совети и насоки, а многу професионалци имаат лојални следбеници кои сакаат да ги следат нивните инструкции. Д-р Амна Адел, дерматолог со седиште во Лондон, е експерт за нега на кожа и коса.
Адел доби армија лојални обожаватели на социјалните мрежи откако ја сподели својата мудрост и сознанија за различни проблеми со кожата и косата на TikTok.
@aamnaadel how to grow your hair faster.. what you *NEED* to know 💁🏽♀️💗🎀 #dermatologist #dradel #hairtok #haircare #haircareroutine #haircaretips #hairgrowth #hairgrowthtips #healthyhair #healthyhairtips #hairbreakage #hairrepair #hairjourney #hairgrowthjourney #longhair #foryou #fyp ♬ original sound – Dr Adel | Dermatologist
Во едно неодамнешно видео, таа откри три чекори кои луѓето можат да ги преземат кои можат позитивно да влијаат на растот на косата.
„Јас сум дерматолог, специјализирам за коса и првото нешто што треба да го разберете е дека постои просечна стапка на раст на косата. За повеќето луѓе таа е некаде помеѓу половина сантиметар и два сантиметри месечно. Кога станува збор за растот на косата, има некои работи што не можете да ги контролирате.
Зборувам за вашата возраст, генетика, хормони, но има некои работи што можете да ги контролирате“, вели Адел, додавајќи дека тоа е исхраната и нејзиното влијание врз здравјето на косата.
„Не седете наоколу и грицкајте слатки и чипсови. Треба да имате диета богата со протеини“, рече таа.
Храната богата со протеини вклучува јајца, риба, живина, говедско месо, грав, леќа, тофу и јаткасти плодови, како и сејтан и путер од кикирики.
„Во просек, на мажите им се препорачува да внесуваат 55 грама протеини дневно, додека на жените треба да се стремат кон 45 грама“, објасни дерматологот.
Следниот чекор што лекарот ви препорача да го вклучите во вашата рутина се одредени додатоци во исхраната.
„Главните витамински недостатоци што ги гледам на клиниката се недостаток на витамин Д и железо“, откри таа. Националната здравствена служба (NHS) објасни дека витаминот Д помага да се регулира количината на калциум и фосфат во телото.
Како трет чекор, Адел рече дека одржувањето на средината и врвовите на вашата коса може да доведе до помало кршење, што придонесува за целокупното здравје на вашата коса. Таа советуваше во вашата рутина да вклучите редовно четкање, третмани за зајакнување на косата и заштита од топлина.
„Сите овие работи заедно всушност можат да направат вашата коса да расте побрзо бидејќи вашата коса едноставно ќе биде поздрава. Така, брзината на раст на косата е различна за секого, но дефинитивно има работи што можете да ги направите за да го забрзате процесот”, заклучила таа.