Забава
Најскапата куќа во светот: Има 40 спални соби, осум гаражи, тениско игралиште, сауна

Лондонската „Холм“ е најскапата куќа во светот која што во моментот е на продажба, пишува „Фајненшл тајмс“. Според нивните сознанија, се продава за неверојатни 300 милиони фунти.
„Холм“ е замок стар 205 години во Риџентс Парк, Лондон. На пазарот беше пуштена откако беше преземена од член на саудиското кралско семејство. Ако ја достигне бараната цена, ќе стане најскапиот имот што некогаш бил продаден во Обединетото Кралство.
London’s most valuable house is up for sale for £300 million.
The Holme, a mansion inside Regent's Park with four acres of land. pic.twitter.com/pj4HUt9ffp
— MTZ (@Tobeech) March 2, 2023
„Холм“ го симна од тронот трикатниот пентхаус во Њујоршкиот Централ парк, кој беше пуштен на пазарот во септември за 250 милиони долари.
Оваа лондонска палата е изградена од Џејмс Бартон уште во 1818 година. Прво, во палатата живеело неговото семејство, а потоа замокот се користел за колеџот Бедфорд. Таа стана приватна резиденција во 1980-тите.
Вилата има 40 спални соби и се простира на четири хектари парк во близина на срцето на Лондон. Покрај бројните соби, има осум гаражи, тениско игралиште, сауна, библиотека и голема трпезарија.
Поради нејзината фасада и големина, многу луѓе ја споредуваат оваа вила со Белата куќа во Вашингтон. „Холм“ го привлекува интересот на странските инвеститори, исто како и другите куќи во скапите лондонски области. Имено, 48 отсто од куќите во најскапите делови на Лондон во првите шест месеци од 2022 година биле продадени на меѓународни купувачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Камерата се „слизна“ и ги покажа градите: жешка снимка од убавата Германка го разбранува интернетот

Поранешната германска манекенка Хајди Клум е често активна на социјалните мрежи – особено во текот на летото.
Таа редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, а неодамна имавме можност да ја видиме како го слави својот 52-ри роденден во бикини.
И не застана тука…
Сега таа објави жешко видео на истата мрежа со нејзиниот сопруг Том, кој нежно ја држи околу половината.
Како што можете да видите, Хајди позираше во друго бикини со насмевка на лицето, а во еден момент камерата „се лизна“ и ги покажа нејзините гради.
Таа ја надополни жешката атмосфера со бакнеж, но и со песната „Another Day in Paradise“ од Фил Колинс.
Забава
(Фото) Кејт Мидлтон го „покори“ Вимблдон во креација од српски дизајнер

Иако светот доби нов шампион на Вимблдон и со тоа го прогласи крајот на турнирот, модните експерти продолжуваат да коментираат за облеките на познатите ѕвезди во Лондон.
Во текот на целиот тениски турнир, имавме можност да видиме вистинска модна ревија на јавни личности. Сепак, се чини дека принцезата од Велс остави најголем впечаток, бидејќи избра беспрекорен стајлинг за свечената пригода на доделувањето на златниот трофеј.
Кејт Мидлтон носеше миди фустан во кралско сина боја со А-крој кој ја следеше линијата на телото. Елегантната креација има V-изрез и кратки ракави, а е дизајнирана од познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ.
Познато е дека една од најубавите принцези во светот ја обожава работата на српската дизајнерка, па затоа не е изненадувачки што овој пат – за да го „круниса“ победникот – таа избра нејзина креација.
Кејт го комплетираше целиот изглед со беж чевли од Ралф Лорен, шминка во „nude“ боја и плетена чанта од британскиот бренд LK Bennett.
Навистина, ова беше уште еден изглед на Кејт Мидлтон достоен за кралска титула!
Забава
(Фото) Од нејзините фотографии во бикини никогаш доста: дури и во седмата деценија таа заведува без конкуренција

Славната Елизабет Харли долго време е популарна по своите провокативни појавувања во бикини, но она што е многу поинтригантно е изгледот на оваа жена која неодамна влезе во својата седма деценија и го прослави својот 60-ти роденден.
View this post on Instagram
Познатата убавица изгледа дека цвета од љубов, откако беше откриено дека е во врска со музичарот Били Реј Сајрус, не може да ја тргне насмевката од лицето.
Сепак, убавата Лизи откри и една тајна кога станува збор за фотографирање во бикини.
View this post on Instagram
„Тајната за совршени фотографии во бикини? Кога сакате да фотографирате, забранете ја сончевата светлина над вашата глава. Изгрејсонцето или зајдисонцето се ваши најдобри пријатели. Ова е направено во 7 часот наутро“, напиша таа во описот на објавата.
Пробајте сами, можеби ќе успее.