Спорт
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
Американската УФЦ-ѕвезда, Џастин Гетџи, вели дека мајка му ќе може да престане да оди на работа по неговиот саботен мегамеч против Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 254 бидејќи тој ќе заработи доволно за да си ја осигури иднината.
Се очекува Гетџи да заработи над 3 милиони долари, без разлика дали ќе успее да го победи шампионот во лесна категорија, Нурмагомедов на Островот на борбите во Абу Даби. Неговата мајка Каролина, која по потекло е Мексиканка, работи во пошта.
„Моите родители никогаш не летале надвор од САД, а сега пристигнаа со бизнис-класа. Мојот татко Џон се пензионира пред неколку години откако 37 години работеше во рудник за бакар. А мојата мајка ќе оди во пензија по овој меч. Кога ќе почне мечот, тоа ѕвонче на почетокот ќе осигури таа да може да се пензионира по 35 години работа. Сите пари што ги заработуваа одеа кај мене и кај моите браќа и мојата сестра за да добиеме шанса“, вели Гетџи.
Американецот има скромно потекло од Сафорд, Аризона, каде што израсна со својата сестра и братот близнак и признава дека не било лесно.
„Живеевме на два часа од кој било град. Кога одевме да купуваме алишта за училиште, беше како празник за нас бидејќи возевме два-три часа. Знам колку финансиски им тежеше тоа и нема подобро чувство од тоа да си способен да го вратиш тоа“, вели Гетџи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милан го победи Реал во Мадрид
Фудбалерите на Милан го совладаа Реал на „Сантијаго Бернабеу“ со 3:1 во натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите.
Во репризата на финалето на ова натпреварување од 1958 година, „росонерите“ покажаа дека не случајно Реал неодамна доживеа убедлив пораз од Барселона (4:0) во шпанското дерби.
Тој натпревар ги откри сите маани на тимот на Карло Анчелоти, а фудбалерите на Милан мотивирано влегоа во мечот и ги искористија сите слабости на ривалот.
Фонсека на овој натпревар му даде шанса на Малик Тијаша, а Германецот довербата ја оправда со гол во 12. минута.
Тој го искористи центаршутот на Кристијан Пулишиќ од корнер и со одлична реакција со глава ја упати топката во мрежата на Луњин. Неговиот прв гол за клубот на неговиот 60-ти настап.
Радоста траеше само околу 10 минути. Поранешниот играч на Реал Мадрид, Тео Ернандез, со очајно додавање во опасната зона ја испрати топката директно во нозете на Менди, тој го проигра Винисиус, по што направи соло продор и падна во противничкиот шеснаесетник. Тој беше соборен од Емерсон, но впечатокот е дека судијата Славко Винчиќ престрого досуди пенал.
Винисиус ја презеде одговорноста и со „паненка“ го совлада Мајк Мењан. Се чини дека тоа го налути Французинот, кој до крајот на мечот собра девет одбрани.
Можеби Винисису на мајсторски начин постигна гол, но она што го направи на крајот од првиот дел е една од причините зошто не ја освои „Златната топка“.
Чуамени испрати пас до него, но тој не се ни потруди да тргне кон топката, а средниот ред на Милан го искористи тоа и отвори контра. Леао шутираше, Луњин одбрани, а на одбината топка налета Мората и го постигна третиот гол во кариерата против клубот во кој ја започна кариерата.
Последниот удар на домаќините кои беа исвиркани на полувремето им го зададе Рајндерс во 73. минута по асистенција на Леао.
По четири кола Реал и Милан имаат по две победи и два порази. Реал Мадрид во следното коло му гостува на Ливерпул, додека Милан ќе биде фаворит против Слован во во Братислава.
Конечни резултати на натпреварите од 21:00 часот: Болоња – Монако 0:1, Борусија Дортмунд – Штурм Грац 1:0, Селтик – РБ Лајпциг 3:1, Лил – Јувентус 1:1, Ливерпул – Баер Леверкузен 4:0, Спортинг Лисабон – Манчестер сити 4:1, Реал Мадрид – Милан 1:3.
Спорт
(Видео) Спортинг на Аморим го растури Сити, хет-трик на Дијас против Баер
Рубен Аморим со стил се прости од навивачите на Спортинг. 39-годишниот тренер кариерата ќе ја продолжи во Манчестер јунајтед. Вечерва во Лисабон, Спортинг на Аморим го декласира Манчестер сити со 4:1. Натпреварот го обележа Виктор Ѓекереш со хет трик. Три гола вечерва постигна и Луис Дијас, во победата на Ливерпул над Баер Леверкузен од 4:0.
Не делуваше дека Сити ќе соживее убедлив пораз откако Фоден погоди за 0:1 во четвртата минута. Во наредните 30 минути „граѓаните“ не реализираа три добри шанси за зголемување на водството. Казната ги стигна во 38.минута кога Ѓејереш изедначи.
Целосен шок за Сити следуваше во воведните три минути од вториот дел, најпдвин Араужо му донесе предност на Спортинг, а потоа шведскиот напаѓач го постигна својот втор гол за 3.1.
Халанд се изрезил во 69.минута кога промаши пенал, а точка на мечот со третиот гол стави Ѓекереш.
Шведскиот репрезентативец сезонав има нестварен учинок 17 одиграни натпревари и 23 постигнат гола.
На „Енфилд“, каде по 15 години се врати Чаби Алонсо, овој пат како тренер на Баер, здодевно беше во првото полувреме, а во вториот Ливерпул ги растури „фармацевтите“. Покрај Дијас кој постигна три гола, стрелец беше и Гакпо.
Ливерпул по четири кола има максимални 12 бода.
Конечни резултати на натпреварите од 21:00 часот: Болоња – Монако 0:1, Борусија Дортмунд – Штурм Грац 1:0, Селтик – РБ Лајпциг 3:1, Лил – Јувентус 1:1, Ливерпул – Баер Леверкузен 4:0, Спортинг Лисабон – Манчестер сити 4:1, Реал Мадрид – Милан 1:3.
Спорт
Загорац е петтиот најстар дебитант во историјата на Лигата на шампионите
Голманот на Динамо Загреб, Данијел Загорац стана петтиот најстар дебитант во Лигата на шампионите.
Загорац има 37 години, осум месеци и 29 дена. Тој доби шанса да ја чува мрежата наместо повредениот Иван Невистиќ, во победата на Динамо над Слован од 4:1.
Тројцата најстари играчи во историјата на елитното клупско континентално натпреварување се исто така голмани: Австралиецот Марк Шварцер (за Челзи против Стеауа Букурешт, 41 година и два месеци, декември 2013 година), Холанѓанецот Сандер Боскер (за Твенте против Тотенхем, 40 години и месец, декември 2010) и Италијанецот Паоло Орландони (за Интер против Вердер Бремен, 38 години и три месеци, декември 2010 година).
Најстар од оние кои играат во поле е соиграчот на Бојан Миовски во Џирона, Кристијан Стуани. Уругваецот во првото коло од Лигата на шампионите оваа сезона, против ПСЖ, имаше 37 години и 11 месеци.