Спорт
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
Американската УФЦ-ѕвезда, Џастин Гетџи, вели дека мајка му ќе може да престане да оди на работа по неговиот саботен мегамеч против Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 254 бидејќи тој ќе заработи доволно за да си ја осигури иднината.
Се очекува Гетџи да заработи над 3 милиони долари, без разлика дали ќе успее да го победи шампионот во лесна категорија, Нурмагомедов на Островот на борбите во Абу Даби. Неговата мајка Каролина, која по потекло е Мексиканка, работи во пошта.
„Моите родители никогаш не летале надвор од САД, а сега пристигнаа со бизнис-класа. Мојот татко Џон се пензионира пред неколку години откако 37 години работеше во рудник за бакар. А мојата мајка ќе оди во пензија по овој меч. Кога ќе почне мечот, тоа ѕвонче на почетокот ќе осигури таа да може да се пензионира по 35 години работа. Сите пари што ги заработуваа одеа кај мене и кај моите браќа и мојата сестра за да добиеме шанса“, вели Гетџи.
Американецот има скромно потекло од Сафорд, Аризона, каде што израсна со својата сестра и братот близнак и признава дека не било лесно.
„Живеевме на два часа од кој било град. Кога одевме да купуваме алишта за училиште, беше како празник за нас бидејќи возевме два-три часа. Знам колку финансиски им тежеше тоа и нема подобро чувство од тоа да си способен да го вратиш тоа“, вели Гетџи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Тајсон на мерењето му удри шамар на јутјуберот Пол
Легендарниот Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол се измерени пред мечот во Арлингтон, Тексас.
Тајсон (58) тежеше 103,6 килограми, додека 27-годишниот Пол беше нешто полесен со 103,056.
Во текот на соочувањето, инфлуенсерот го згазна поранешниот светски шампион по што доби шлаканица.
„Приказната е завршена“, изјави Тајсон кој последната борба ја имал пред 19 години.
„Тој е луто мало луто елфче. Сега е лично, ќе мора да умре“, објави Пол во сензационалистичка изјава дека има намера да го „уништи“ поранешниот апсолутен шампион, чиј професионален скор е 50-6, 44 победи се со нокаут.
Очекувано, мечот на борбата меѓу Тајсон и речиси три децении помладиот Пол наидува на голем број критики.
„Оваа борба е опасна, неодговорна и не го почитува боксот“, изјави британскиот промотер Еди Херн.
😲😱😱
Whose side are you on tomorrow night? @jakepaul x @MikeTyson
🎥: @jakepaul #PaulTyson pic.twitter.com/uO57bnglC5
— PFL (@PFLMMA) November 15, 2024
Спорт
(Видео) „Тешка но заслужена победа над Летонија“
Фото/ ffm.mk
Фудбалската репрезентација на Македонија го потврди пласманот во Б-дивизијата во Лигата на нации. Во претпоследното коло, во Ц-дивизијата во групата 4, Македонија ја победи Летонија со 1:0.
Никола Серафимов го постигна единствениот гол на натпреварот во 57.минута. Избраниците на Благоја Милевски ја продолжија успешната серија, по ремито кај Фарските Острови во првото коло, забележаа четири победи без примен гол.
“Им честитам на фудбалерите за трпението и решителноста, стигнавме до тешка, но сепак заслужена победа. Ја остваривме најважната цел, а тоа е пласман во Б дивизијата. Знаев дека ова ќе биде поразличен натпревар од тој во Рига, но стигнавме до победата, иако можеби требаше да постигнеме уште некој гол, за порано да ја потврдиме. Тешко е напаѓачите да дојдат до израз кога играте против екипа со толку густа одбрана, рече селекторот Милевски.
Во недела (15 часот), во последното коло, во Скопје ќе гостува репрезентацијата на Фарските Острови.
Спорт
(Видео) Италија и Франција обезбедија четврт-финале во Лигата на нациите
Италија и Франција си обезбедија место во четвртфиналето, во А дивизијата во Лигата на нации. Во групата 2, во претпоследното коло Италија во Брисел ја победи Белгија, а Франција ремизираше со Израел.
Италија на гостувањето во Белгија победи со голот на Сандро Тонали во 11. минута од натпреварот. Во манир на напаѓач, Тонали беше на вистинското место во вистинско време кога одбиената топка од непосредна близина ја смести во празениот гол.
Во истата група Франција во Париз одигра без голови со Израел. Ова е прв бод за Израел во овој циклус, во Лигата на нации. Извесно е дека Израел ќе се врати во Б дивизијата.
Французите и на овој натпревар играа без Килијан Мбапе. Во Франција се уште се шпекулира за причините зошто напаѓачот на Реал го нема во националниот тим.
Мбапе моментално е под истрага за наводно силување, а наводно е во конфликт и со селекторот Дидие Дешамп.
Натпреварот против Израел го следеа само околу 15 илјади навивачи на „Стад де Франс“, кој има капацитет од 80 илјади седишта.
Причина е бојкотот на голем дел од навивачите во Франција во знак на протест против израелската војна во Газа. Овој натпревар беше проследен со засилени безбедносни мерки поради ризикот од конфликт меѓу израелските навивачи и локалното муслиманско население.
Во следното коло, в недела на 17 ноември, Италија на „Сан Сиро“ ќе ја пречека Франција во меч кој ќе го реши победникот во групата.